Продажбата на вашите живеалишта или имоти како станови, куќи и вили, викендици не е воопшто лесна, особено не доколку тоа го правите самите, или пак, досега не сте имале ниту слично искуство со ова.
Но, тоа не мора да биде така и во иднина, бидејќи во оваа статија, ќе ви откриеме кои се најчестите грешки кои што луѓето ги прават при продажба на своите домови, а воедно, и ќе ви понудиме решенија кои ветуваат успех!
Без разлика колку сте приврзани со вашиот дом, бидете спремни на тоа дека сентименталната вредност која што ја има живеалиштето за вас, не може да се спореди со онаа - фактичката.
Имено, поставувајте ја цената согласно со цената на квадратурата во подрачјето на кое што се наоѓа, но, играјте и на картата како што е близина до комерцијални центри, школи, болници и тн, бидејќи тоа ќе ви даде за право да ја диктирате цената во одредени моменти.
Исто така, ве советуваме постојано да ја следите цената по метар квадратен, или пак, доколку не можете да го сторите тоа самите, побарајте помош од професионалци кои што ги имаат потребните вештини при креирање на цената.
Откако веќе од прилика ќе ја знаете цената, додадете 10-30% изразени во зголемување на вредноста, и подоцна преговарајте околу цената.
Во пракса, ова би значело дека при преговарање, Вие би можеле да извлечете одреден процент кој што подоцна би ви годел при купување на нов имот.
Тука ќе можете да прочитате и повеќе информации околу тоа дали вреди да се инвестира во имот за време на корона кризата.
Пребарувајќи низ Пазар3 или низ останатите сајтови од овој тип, сигурно сте забележале дека постојат одредени огласи кои што немаат наслов, или пак, насловот воопшто не е привлечен, па дури и да го отворите огласот, во него нема доволно информации кои би ви биле од помош.
Од друга страна, пак, чести се и огласите кои што немаат фотографии, или пак, имаат фотографии но нивниот квалитет е навистина слаб, па сигурно и штом ќе здогледате ваков тип на огласи, вниманието не го оставате повеќе од неколку минути.
За ваша информација, Пазар3 ве советува да бидете концизни при огласувањето, а во огласот, секогаш да наведете повеќе информации околу локацијата, квадратурата, цената, и сл, а на крај, не заборавајте да додадете и телефонски број за контакт.
Покрај ова, нашата анализа покажува и дека огласите кои што немаат фотографија не можат да се споредат со оние кои што имаат во поглед на ефикасноста, па затоа, ви препорачуваме да не ја правите оваа грешка при продажба на вашиот дом.
Ова е една од најголемите грешки кои што луѓето ги прават при продажба на својот имот, а тоа е сосема очекувано имајќи ги предвид "ветувањата" за брза продажба од страна на професионалците на пазарот.
Но, она што не ви го кажуваат е фактот што агентите не се волшебници, па така, во зависност од договорот, истите би можеле да профитираат од вас додека не се продаде, или откако конечно ќе се продаде имотот.
Наш совет би бил убаво да процените со какви агенти планирате да имате работа, да истражите повеќе околу нивните достигнувања, и да внимавате на сумата која што сте спремни да ја инвестирате.
За ваша среќа, економична и неверојатно успешна опција е и Пазар3, кој што важи за најголемиот огласувачко-купопродажен сајт во Македонија, чија што посетеност надминува над 70 000 посетители кои ќе имаат можност да ги прочитаат вашите огласи и да Ве контактираат околу потенцијалната купопродажба!
Проблеми со водоснабдувањето, проблеми со струјата, или пак, некои физички оштетувања на имотот не би можеле да ги сокриете на долг рок, а тоа би било и контрапродуктивно во повеќе случаеви.
Како што знаете, добриот глас се слуша надалеку, но, лошиот уште повеќе, па поради тоа, имајте реален и веродостоен разговор со потенцијалниот купувач и информирајте го околу позитивните и негативните страни кои ќе ги придобие со потенцијалната купопродажба.
Ова е и одличен маркетинг за вас и за самата продажба, бидејќи во денешно време, многу луѓе постапуваат неправилно а подоцна се' се открива на социјалните мрежи.
Постојат и случаеви каде што продавачите би можеле да бидат санкционирани и од страна на законот.
Да не сфатите погрешно, продажбата на имот можете да ја правите во текот на секое годишно време, но, активната продажба најмногу ќе ви се исплати почнувајќи од пролетта.
Зошто? Бидејќи за времe на зимата, луѓето не се толку активни поради температурата, преселбата станува се поголем предизвик, а можете и полесно да потпаднете под овој комплексен проблем, за на крај, да изгубите и поголем дел отколку што првично сте имале на ум.
Воедно, ова е доба и на празници каде што луѓето сакаат да бидат поблиску со семејството, па затоа, ве охрабруваме да одберете подобар тајминг, или пак, да не "влегувате" во продажбата all-in, бидејќи очекуваниот исход е честопати и негативен.
Доколку се ближи преселбата, тогаш проследете ја оваа статија која ќе ви помогне да ја одлесните преселбата во нов дом.
Секогаш стремете се кон тоа на најдобар можен начин да ги преставите имотот за продажба пред потенцијалните купувачи, а тоа подразбира уредување на истиот, чистење, па се до исплаќање на сметките за живот и подготовка на документите.
Оваа практика ќе ви овозможи потенцијалниот купувач да се здобие со доверба, како и со симпатии спрема вашиот дом кој што го нудите за продажба, а како што знаеме, ова е рецептот кој што гарантира сигурна продажба во најкус можен рок!
Поради тоа, подгответе се плански и никогаш не оставајте нешто не расчистено, бидејќи токму во овој дел, многу продавачи забораваат па оттука, не е ниту чудно зошто очекувањата за продажба завршуваат неатрактивно.
Се надеваме дека оваа статија ви помогна полесно да ги надминете потенцијалните грешки со кои би се соочиле при продажба на вашиот дом, па поради тоа, погрижете се истите да ги воспоставите и во пракса, бидејќи тоа ќе ви гарантира брза и едноставна продажба каква што сакате!
За крај, следете го нашиот блог и во иднина, бидејќи во него ќе можете да прочитате разни видови на совети и артикли од информативен карактер, и тоа од најразлична тематика!
Пораки
Информации за корисникот