Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Правила и Услови за Карго Достава

Општи правила

Пред да продолжите, потребно е да ги прочитате и разберете следните правила и услови. Наша препорака е да испринтате копија од Правилата и Условите за идна референца. Во продолжение се нашите Правила за користење. Правилата се сметаат како договор помеѓу Вас (Корисниците) и Пазар3. Овој договор ги вклучува Вашите права и обврски кога го користите Пазар3, нашите апликации, и други сервиси на Пазар3. Ве молиме, прочитајте ги внимателно. Кога ги користите нашите услуги (дури и кога само пребарувате) се согласувате со тие услови. Доколку не се согласувате со нашите правила, не можете да ги користите нашите услуги.

  • Пазар3 е дигитална платформа за огласување и има улога на посредник помеѓу купувачот и продавачот. Не е типичен е-commerce веб сајт и не нуди директна продажба преку веб сајтот. За процесот на продавање и купување на производот, продавачот и купувачот се согласуваат меѓусебно. Пазар3 претставува онлајн веб платформа каде што продавачот може да ги прикажи производите (регистрира огласи).
  • Купувачот е секое физичко лице или бизнис ентитет што купува / нарачува нешто преку Пазар3 од продавачот.
  • Огласувачот/продавачот е секое физичко лице или компанија што продава нешто преку Пазар3. На платформата, огласувачот може да биде компанија или физичко лице со или без регистрирана сметка на Пазар3.
  • Карго компанијата е компанија што ги доставува продуктите до купувачот (од продавачот).

Пазар3 НЕ е одговорен за квалитетот на продуктите од страна на продавачот (Продавачот е одговорен за продуктите што ги нуди/продава). Пазар3 НЕ е одговорен за квалитетот на услугата за достава на Карго Компанијата (карго Компанијата е одговорна за услугите што се нудат од нивна страна).

Сопственост

Веб сајтот е во сопственост и се управува од страна на Пазар3.КОМ ДООЕЛ. Нашите регистрирани канцеларии се во Ресен, Ул. “Таше Милошевски бр.6” 7310 Ресен, Р.С. Македонија. Сите права на овој веб сајт се во сопственост на Пазар3. Забрането е секакво неовластено користење, копирање или модификација.

Политика за приватност

Знаеме дека Вашите лични податоци се важни за Вас, исто така тие се важни и за нас. Нашата политика на приватност содржи детали за тоа како Вашите информации се користат кога Вие ги користите нашите услуги. Со користење на нашите сервиси, Вие исто така се согласувате дека ние можеме да ги користиме Вашите информации согласно нашата политика на приватност. Затоа, Ве молиме прочитајте ги тука.

Личните информации на Пазар3 и на продавачот (на пример име на купувач, електронска пошта, адреса на достава) се посебни и независни податоци согласно законите во Северна Македонија. Тоа значи дека секоја страна е одговорна за личните информации што ги обработува во текот на давањето на услуги. На пример, доколку продавачот го открива името на купувачот и електронската пошта кога пополнува информации за друг купувач, самиот продавач е одговорен за не авторизирано откривање на податоци, НЕ Пазар3.

Сите вклучени страни (Пазар3, Продавачот, Купувачот и Карго Компанијата) во процесот на достава, се согласуваат и прифаќаат дека информациите и податоците што се разменуваат, ќе се чуваат како доверливи и нема да се споделат со трети страни во пишана, усна, електронска или било која друга форма.

Безбедноста на Вашите информации е значајна за нас. Ние ги почитуваме општо прифатените индустриски стандарди за да ги зачуваме Вашите податоци, во текот на трансмисија и откако ќе ги примиме. Но, за жал, не постои метода што е 100% сигурна кога станува збор за електронско складирање на податоците. Затоа, додека ние се стремиме да ги зачуваме Вашите лични информации, не можеме да гарантираме апсолутна безбедност. Вашите информации се заштитени со лозинка. Многу е важно да одберете соодветна јака лозинка и истата да ја чувате во тајност за да се заштитите од неавторизиран пристап до вашата сметка и информации. Исто така е потребно да сте внимателни со користење на Вашите електронски уреди. Исто така, потребно е да се одјавите од сметката после користење на нашите услуги.

Правила за плаќање

Општи правила

Цените што се прикажани на Пазар3 (огласите) не ги содржат цените за достава. Цените на производите секогаш се поставуваат од страна на а продавачот/огласувачот. Огласувачот е тој што ја дефинира цената на својата услуга/производ. Пазар3 не влијае на одлуките на огласувачот за оформување на цена или трошок за производот.

Трошоците за достава се јасно прикажани и фактурирани на крајот од процесот на нарачка, дополнително, на цената на производот. Цената на производот што ќе се појави на веб страната откако ќе ја комплетирате нарачката, ќе биде крајната и единствена цена што е потребно да ја платите при доставата.

Цената на достава ќе се оформи согласно критериумите од Карго Компанијата (на пример тежина) и ќе се прикажи во делот за детали. Корисникот ќе може да има увид на цената на достава пред да ја прифати доставата. Сервисот за достава не е достапен за сите категории (на пример, Автомобили и Услуги, и др.). За дополнително специјално пакување, поголеми продукти и сл., цената на достава може да варира и продавачот/купувачот и карго компанијата треба да се договорат за тоа.

Начини на плаќање

Плаќањето за производот и карго доставата е во готовина. Купувачот ја прима пратката, има време да ја провери пратката до 15 минути и се обврзува да изврши уплата за вредноста на производот и трошокот за достава.

  • Доставата се плаќа од страна на купувачот (Трошок за достава + вредност на производот).
  • Карго компанијата, кога ќе ги прими паричните средства за производот, го информира продавачот дека производот е доставен. После успешната достава, карго компанијата потребно е навремено да ги достави парите до продавачот.
  • Доколку купувачот одбива да го прими производот, трошоците за достава ги плаќа купувачот. Во овој случај трошоците не се во можност да се вратат бидејќи сервисот за карго бил реализиран.
  • Доколку продавачот ја откажи нарачката пред продуктот да стигне до крајната локација, купувачот не плаќа за достава. Производот се враќа во преставништвото на Карго Компанијата и продавачот е задолжен да ги плати средствата за достава, бидејќи тој ја откажал нарачката.
  • Доколку при праќање, некои податоци за корисникот се сменети, цената може да се смени и мора да се плати од страна на купувачот. Разликата од трошоците мора да се плати од страна на продавачот, доколку се врати производот.
  • Доколку продавачот погрешно избрал тежина поголема од тежината на производот, тогаш продавачот треба да ја плати разликата или ако продавачот одбие, тогаш купувачот треба да се контактира и да биде информиран за цената на новата услуга за испорака. Ако и продавачот и купувачот одбијат да ја платат разликата, доставувачот може да ја откаже нарачката.
  • Доколку продавачот избира тежина помала од оригиналната тежина на предметот карго компанијата не треба да ја наплаќа договорената сума (поголема во овој случај), туку треба да ја наплати сумата за вистинската тежина на производот.

Услови за користење

Пазар3 услугата за достава е можност да се нарача без предходно плаќање за производот, и се врши преку Карго Компанија.

  • Само регистриран корисник може да го користи сервисот за достава на Пазар3. Сервисот е креиран со цел да го направи продавањето и купувањето безбедно. Парите за продуктите од продавачот и купувачот се предаваат без повреда на продатоците на страните и доколку производите се примени после преглед на производот. Карго Компанијата има 3 дена за да организира преземање на пакетот од продавачот. После истек на времето, нарачката ќе биде прекината. Доставата се плаќа од страна на купувачот (Трошок за достава + вредност на производот). Доколку купувачот не е достапен или има наведено погрешна адреса или телефонски број, трошоците за достава ги плаќа продавачот кога ќе се врати производот бидејќи продавачот е одговорен за зделката што тој/таа ја направил/а. Производот може да биде примен од купувачот во рок од 5 дена, потоа се враќа до продавачот. Кога пакетот ќе биде доставен, купувачот има 10-15 минути за да го разгледа производот и да го потврди. За прашања во врска со доставата, корисниците е потребно да ја контактираат карго компанијата преку телефон или е-маил. Корисниците можат да гo следат статусот на пратките од Пазар3 Достава сервисот на следните места: во профилот на Пазар3, во персоналната карго сметка, користејќи ја мобилната апликација и следење на веб страната на карго компанијата.
  • Сервисот е креиран со цел да го направи продавањето и купувањето безбедно. Парите за продуктите од продавачот и купувачот се предаваат без повреда на продатоците на страните и доколку производите се примени после преглед на производот.
  • Карго Компанијата има 3 дена за да организира преземање на пакетот од продавачот. После истек на времето, нарачката ќе биде прекината.
  • Доставата се плаќа од страна на купувачот (Трошок за достава + вредност на производот).
  • Доколку купувачот не е достапен или има наведено погрешна адреса или телефонски број, трошоците за достава ги плаќа продавачот кога ќе се врати производот бидејќи продавачот е одговорен за зделката што тој/таа ја направил/а.
  • Производот може да биде примен од купувачот во рок од 5 дена, потоа се враќа до продавачот.
  • Кога пакетот ќе биде доставен, купувачот има 10-15 минути за да го разгледа производот и да го потврди.
  • За прашања во врска со доставата, корисниците е потребно да ја контактираат карго компанијата преку телефон или е-маил.
  • Корисниците можат да гo следат статусот на пратките од Пазар3 Достава сервисот на следните места: во профилот на Пазар3, во персоналната карго сметка, користејќи ја мобилната апликација и следење на веб страната на карго компанијата.
  • Нотификации за поддршка - Корисникот е потребно да биде информиран и да добива нотификации за статусот и промените во однос на нарачката. Корисникот треба да се информира преку СМС, е-маил или телефонски повик.

Јавен договор

Карго Команијата се обврзува да ги извршува долунаведените сервиси и услуги на точен, навремен, брз, квалитетен и професионален начин:

  • Примање, транспорт, сортирање и дистрибуција на поштенски - карго пратки вклучувајќи услуги поврзани со писма, регистрирани сервиси, експрес сервиси, карго сервиси, транспорт на поголеми продукти и сите други прифатливи продукти под условите предвидени во општото овластување што се однесува на територијата на Република Северна Македонија.
  • Цените за предвидените услуги ќе бидат дефинирани во листа за цени што е составен дел од овој договор. Цените се имплементирани и на веб сајтот на корисникот за секоја категорија посебно. Исклучоци од листата со цени може да се направи во согласност со типот на продуктот. За некои типови на продукти, цената ќе се дефинира дополнително во комуникација со клиентот.
  • Да обезбеди ажурирања за дневните пратки и статусот на пратките навреме, ажурирања во реално време, или доколку не е можно, еднаш дневно во нивниот систем.
  • Да се воведе постапка за адресирање и решавање на побарувања поднесени од корисниците на поштенската услуга.
  • После успешната достава, Карго Компанијата треба да ги достави парите до продавачот навремено.
  • Со цел да се постигне максимална ефикасност во доставата на документите или продуктите, Карго Компанијата потребно е да ја провери доставата доколку примателот не е на наведената адреса во моментот на достава. Ова е во случај кога адресата е точна. Доколку адресата не е точна и бара корекција, испраќачот ќе побара ре-верификација и ќе продолжи со процесот на достава без дополнителни обврски.
  • Карго Компанијата е потребно сите податоци да ги задржи во тајност исто така да се грижи за доверлив третман на сите информации што ги добива во врска со корисничката активност.
  • Карго Компанијата се обврзува да ги почитува заштитата на личните податоци на клиентот во согласност со барањата на законот за “За поштенски услуги и транспорт во Република Северна Македонија.”
  • Карго Компанијата не дозволува транспорт на производи забранети со закон како што се наркотици, оружје и сл. Се додека законот не дозволува да се транспортира одреден вид на производ.
  • Кога пакетот ќе биде доставен, купувачот има 10-15 минути за да го разгледа производот и да го потврди.
  • Пазар3 е потребно да ги обезбеди сите потребни информации поврзани со елементите што се неопходни и потребни за реализација на сервисите како што се адреси или други елементи што помагаат доставата да се изврши на најпрофесионален начин.
  • Пазар3 ќе овозможи онлајн поп-уп формулар за корисникот да може да ги пополни полињата со информации за достава.
  • Доколку продуктот е сензитивен и лесно кршлив, испраќачот е потребно да обележи со посебна трака или натпис дека доставата бара посебно внимание бидејќи продуктот е кршлив.
  • Доколку патот до крајната дестинација на достава не е проодлив или има некои други бариери, работни активности, препреки и сл., продуктот ќе се достави до најблиската точка каде постои можност за достава. Купувачот и Карго Компанијата ќе се договорат дополнително доколку има потреба за промена во цена или нешто друго.
  • Доколку продуктот е многу голем и не постои можност да се достави од страна на една личност и на рака, карго компанијата ќе се договори со купувачот во однос на условите за достава (цена, време на достава, и сл.). За ваков тип на активности за достава цените ќе се дефинираат по договор.
  • Доколку купувачот не е на наведената адреса и бара производот да се достави на друга адреса, Карго Компанијата можно е да дефинира различна цена и време за достава.
  • Доколку купувачот има било какви забелешки или поплаки во однос на работата на карго доставата, доставувачот, карго-услугата и сл., Пазар3 не сноси никаква одговорност за тоа. Сите забелешки и спорови во однос на карго доставата е потребно да се решат дирекно со карго компанијата.

Услови за користење на Карго Компанијата

Со овие општи услови на договорот со корисниците на поштенските услуги дадени од ЕЛС Логистик, се дефинираат правата, одговорностите и обврските на страните на договорот при вршење и користење на Поштенски услуги. Поштенските услуги на ЕЛС Логистик можат да ги користат сите физички и правни лица кои имаат потреба од сигурна и ефикасна достава. Страните на договорот можат да договараат и други услови за обезбедување на поштенски услуги, за што склучуваат индивидуални договори кои се составен дел од сегашните Општи услови.

Курирски услуги дадени од ЕЛС Логистик:

  • Превземање на пратки од адреса на Клиентот (Испраќач/Нарачател) со адресница;
  • Превземање на писма од адреса на Клиентот (Испраќач/Нарачател) со пополнет Образец за испраќање на повеќе писма од еден испраќач (Приемна книга);
  • Превоз на пратките со приемна архивска адресница;
  • Достава на пратките заедно со финална адресница до адресата на Примачот;
  • Достава на обични/препорачани писма без/со финална адресница до адресата на Примачот
  • Преземање пратки од пошта и нивна достава до пошта.

Видови поштенски пратки

  • Обични Поштенски Пратки (стандардно писмо)
  • Брзи Пратки (дефинирана е со временски период од 24 часа, ултра е 4 часа во ист регион)
  • Препорачани пратки
  • Лична достава
  • Курирски пратки
  • Пратки со откупнина
  • Вредносни пратки

Најава на пратка: Секој работен ден од 08:00 часот до 16:00 часот. Најавата се врши по пат на телефонско јавување или електронска пошта или во апликацијата до која може да се пристапи преку веб.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации