Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Tips For Moving Apartments With Ease


Совети кои ќе ја олеснат Вашата преселба во нов дом


Преселбата е синоним за нов почеток и на уште многу убави моменти, но, пред да се официјализира сето ова, неопходно е да преземете повеќе чекори кои ќе ви гарантираат дека ниту една мала работа нема да ја заборавите во претходното живеалиште.

Поради тоа, ве советуваме да ја проследите оваа статија до крајот, бидејќи во неа, ќе можете да прочитате совети кои ќе ја олеснат вашата преселба во нов дом!


Направете листа

Првиот чекор кој што ќе ви овозможи да бидете во чекор со сето она што ви е потребно при преселба е креирањето на листа во која што ќе впишете се.

Но, главниот проблем кај многумина е тоа што мислат дека во моментот нема потреба од тоа, бидејќи "нема да заборавам" во многу наврати значи и комплетно заборавање доколку истото не се испише на лист хартија, или макар на вашиот мобилен телефон.

Во листата, внесете ги вашите приоритети, впишете ги потенцијалните трошоци, кои работи веќе сте ги преместиле, кои работи треба во моментот да започнете да ги пакувате и се останато.

Овој мал "додаток" во организирањето ќе ви помогне да бидете во тек со се што се случува, па затоа, погрижете се да го реализирате овој дел во пракса, односно, уште во моментот кога започнувате со кратка и постепена преселба.


Категоризирајте ја опремата и складирајте ја во кутии

Сигурно вашите живеалишта, односно станови, куќи и вили, па дури и викендици се убаво организирани, односно, сите работи се складирани во полици и места за складирање, а преселбата не треба да значи ништо поразлично од ова.

Имено, за секоја категорија на опрема, на пример - маси и столици, облека, уметнички дела, украси, прекривки и покривки, цвеќиња, кујнски мебел и сл, распределете ги во различни кутии со натпис, а тоа ќе ви помогне уште повеќе при организирањето.

Oткако ќе го сторите тоа, следниот чекор би бил да ги повикате пријателите или пак специјализирана служба за преселба која што ќе ви ја олесни селидбата заедно со транспорт на сите овие кутии од сегашната до посакуваната дестинација.

И да, не заборавајте да напишете на кутиите и информации дали станува збор за опрема која што лесно се криши или пак не, бидејќи при транспорт, не сакате истата да бида сместена под други кутии кои што се тешки.

Воедно, би сакале да ве известиме дека именувањето на кутиите драстично ќе ви го олесни организирањето, бидејќи наместо да ја отворате секоја кутија поединечно, вие однапред ќе знаете за што станува збор.


Продавајте или донирајте

При преселба, често ќе забележите дека постои огромен број на облека за која ниту се сеќавате дека некогаш сте ја купиле, а камоли да сте ја облекле, а доколку сте ја облекле, со сигурност тоа сте го направиле само еднаш.

Во зависност од вашите желби, чувствувајте се слободни истата да ја огласите и продадете преку Пазар3, или пак, ако во моментот сметате дека износот на парите што би го добиле нема да смени ништо кај вас, тогаш можете и истата да ја донирате.

Секогаш постои некој на кого му е потребно она што на вам не ви е, а тоа е сосема нормално, па затоа бидете хумани.

Во секој случај, финалната одлука ја оставаме на вас, бидејќи сепак, вие најдобро знаете за вашите намери и очекувања.


Не правете се во еден здив

Имајте на ум дека преселбата треба да ја правите постепено, односно, да не чекате се до последниот ден, бидејќи подготовката и добро формираниот план ќе ви помогне да си го распределите времето на далеку порелаксирачки начин.

Затоа, одберете го финалниот датум за преселба, а до тогаш, постепено селете се, се додека не официјализирате се.

Во спротивно, бидете сигурни дека нема да постигнете се одеднаш, дури и ако на помош ги викнете најблиските па дури и фирми чија што специјалност е преселба.

Наместо тоа, организирајте се околу часовите вон вашата  професионална работа кога сте далеку послободни, или земете по некој слободен ден за да не се чувствувате напнато.


Исчистете

Личната култура треба да ја гаите, и да ја носите со вас каде и да одите, па така, при преселба од вашето живеалиште, овозможете му на следниот сопственик или пак, на сопственикот на станот да има прекрасен впечаток од вас.

Иако ова не би го барал никој од вас, сепак, колкаво и да било времето кое што сте го поминале во станот или куќата, на крајот од денот, културата и респектот треба да биде секогаш една од вашите доблести, како и карактеристика која на најдобар начин ве опишува.


Се надеваме дека нашата статија ви помогна да дознаете како би можеле да си ја олесните преселбата, па затоа, погрижете се сите овие совети да ги воспоставите во пракса!

Следете го нашиот блог и понатаму, бидеќи во него ќе можете да прочитате совети од најразлична тематика, и за крај, ви посакуваме лесна преселба во новиот дом!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации