Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to cool your home without ac


Kако да го разладите домот без да вклучите клима уред?


Летните горештини се на повидок, а тоа значи дека летните температури ќе можат драстично да го намалат комфорот во вашиот дом, особено доколку во моментот, сеуште размислувате дали да инвестирате во клима уреди или пак не.

Но, не грижете се, бидејќи во оваа статија, ќе можете да прочитате неколку одлични совети кои ќе ви помогнат на ефикасен начин да го  разладите домот без воопшто да користите клима уред!


Не гответе внатре

Доколку сте во можност, за време на летото, започнете да го подготвувате ручекот и вечерата на терасите или пак, во други простории и места како што се вашата градина.

Оваа практитка значително ќе придонесе кон отстранување на потенцијалната топлина која би можела брзо да почне да ја загрева не само вашата кујна, туку и целиот стан, куќа или вила, односно живеалиште!

Секако, првата помисла ќе ви биде дека ако отворите врата, дека тоа ќе придонесе кон отстранување на топлината, но, за волја на вистината, тоа не е секогаш така.

Во случај да немате доволно простор за подготовка на храната надвор од вашата кујна, тогаш најдобро би било да го користите аспираторот, бидејќи неговата функционалност би можела да доведе кон намалување на топлината.


Спуштете ги ролетните

Иако изолацијата на вашите врати и прозорци има значаен удел врз температурата во вашиот дом, сепак, и ролетните и завесите имаат исто така голема функција, бидејќи тие можат добро да се справат со сончевата светлина.

Имено, таа нема да влегува во внатрешноста на вашата соба/живеалиште, а со тоа и да ја зголемува температурата, бидејќи токму тие ќе бидат бариерата која ќе ја "впива" топлината.

За ваша информација,  според анализата на Министерството за енергетика на САД, дури 76% од сончевата топлина влегува во вашите домови преку прозорците.

Па затоа, бидете сигурни дека овие мали придонеси можат значително да ги намалат трошоците за ладење, како и комплетно да ве оттргнат од помислата за инвестирање во клима уреди, доколку во моментот не сте спремни на таков чекор.


Користете LED сијалици

Замената на досегашните, стандардни сијалици со економичните LED сијалици може драстично да ја намали топлината во вашиот дом, а воедно, и да Ви ги намали трошоците за електрична енергија.

Зошто? Бидејќи тие користат минимална енергија, без притоа ова да се одрази негативно врз перформансот, а она што е уште подобро е фактот што LED сијалиците ќе превенираат генерирање на топлина во вашиот дом.


Вентилатор

Побарувачката и понудата за вентилатори на пазарот е навистина голема, а тоа најмногу се должи на фактот што овие уреди за разладување на воздухот се достапни во најразлични варијанти, а воедно, нема да ве чинат скапо.

Во денешно време, неретко ќе можете да пронајдете и вентилатори на вода кои што се навистина ефикасни, па така, воздухот а и температурата во вашите соби ќе бидат навистина пријатни.

Но, единствениот недостаток кој што го имаат, а воедно, и за кој што сметаме дека би ви пречел е звукот кој што не може да се спореди ниту со стандардните клими ниту пак со инвертер климите.

Во секој случај, наш совет би бил при купување на вентилатор, истиот да го вклучите и на тој начин да имате претстава дали сте задоволни или пак не.

Oсвен ова, ако сакате да поминете уште поевтино, и наместо да купите вентилатор на вода, дали сте знаеле дека вие можете да ја постигнете оваа цел преку вашиот стандарден вентилатор?

Како? Многу лесно, поставете чинија полна со мраз пред вентилаторот, а како што мразот ќе се топи, така вентилаторот ќе шири ладен воздух!

Постојат многубројни видеа на интернет, па искористете ги и применете ги тие методи во пракса!


Одберете ја вистинската постелнина и облека

За време на летото, променете ја досегашната постелнина, со една нова, која што е направена од полесни материјали кои што нема да придонесат кон тоа се чувствувате топло, а истото важи и за облеката.

Одлична практика за време на летото е да користите памучна облека која што е лесна, и за која што однапред знаете дека ќе направи вашата кожа да "диши".

Се разбира, овој совет нема да ја намали температурата во вашиот дом, но, би можело да ја намали вашата телесна температура, се со цел да се чувствувате комфорно во комодитетот кој што го нуди вашиот дом.


Отворете ги прозорците за време на ноќта

Надворешните температури во вечерните часови се навистина пријатни, а во ова време, се повеќе луѓе излегуваат на прошетки како и да "фатат" воздух вон своите живеалишта.

Затоа, откако ќе се стемни, добра практика би била да ги отворите прозорците за да се проветрат вашите соби, за да наутро, истите ги затворите со цел да превенирате повторно подигање на температурите во домот.

Воедно, би сакале да ве советуваме да не заборавите да ги навлечете завесите на прозорците, бидејќи како што и самите знаете, тие се високо ефикасни при заштита од сончева светлина.


Засадете дрва или цвеќиња

Доколку живеете во куќи, за да се заштитите од топлината, а воедно и да допринесете кон разубавување на вашата градина, најдобриот начин за ова би било засадување на дрва.

Од друга страна, ако живеете во станови, тогаш вие без никаков проблем би можеле терасата да ја претворите во градина која ќе ве издвои од останатите како по естетиката, така и по способноста за да се заштитите од топлина.

Според некои истражувања, засадувањето на само 3 дрва може да придонесе кон намалување на топлината за неверојатни 3-6 степени, а ова воедно, ќе влијае позитивно и врз намалување на трошоците за електрична енергија, односно за ладење во овој случај.


Кое ќе биде вашето решение, од горенаведените совети кои можевте да ги прочитате за разладување на домот, без воопшто да користите клима уреди?

Иако тоа го оставаме на вас, се надеваме дека ви се допадна оваа статија, а воедно, и ве охрабруваме да го следите нашиот блог, бидејќи тука ќе можете секогаш да прочитате најразлични видови на статии од информативен карактер, без разлика на тематиката!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации