Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to transform your balcony into a flower garden


5 начини како да ја претворите Вашата тераса во цветна градина


Убавите тераси се секогаш во тренд, впрочем, сигурно многу пати сте здогледале тераси кои навистина изгледаат преубаво, па во истиот момент, сте посакале да имате токму таква тераса, која што ќе биде исполнета со разни видови на цвеќиња со живописни бои чие присуство нема само да ги разубават вашите живеалишта, станови или викендици, туку и ќе Ви овозможат вистинско релаксирање, какво што и заслужувате!

Доколку ова е токму вашата идеја, тогаш во оваа статија ќе имате прилика да прочитате 5 начини кои ќе Ви помогнат да ја претворите вашата тераса во цветна градина!


Започнете со преуредување на терасите

На прв поглед, ова можеби ќе Ви изгледа и како скап и комплексен процес, но, во суштина, тоа не е воопшто така, бидејќи преуредувањето можете да го започнете со помали инвестиции, па дури потоа, да се стремите кон нешто повеќе доколку сакате, се разбира.

Тоа може да вклучува одбирање на нови бои за вашите тераси, односно бојадисување на оградите со нови, свежи бои како на пример, жолта или пак нијанси на оваа боја кои што би изгледале извонредно на секој балкон.

Исто така, чувствувајте се слободни да одберете некои нијанси на сина, или пак тиркизна боја, бидејќи тие изгледаат прекрасно на терасите, особено кога се во комбинација со цвеќиња.

Инвестицијата не би Ве чинела скапо, а за возврат, терасата ќе изгледа модерно, благодарение на сите овие додатоци.


Изберете цвеќиња за тераси

Цвеќињата се можеби и најважната работа која што треба да ја направите, доколку сакате комплетно да ја трансформирате терасата во цветна градина, а добрите вести се тоа што изборот е огромен, па така, не би имале никакви потешкотии при избирање.

Наш совет би бил да изберете помеѓу петунија, лобелија, невен, бегонија, зумбули, крокуси, лалињабонсаи дрва, палми, гераниум цвеќето кое што е познато кај нас и како сардела и сл, бидејќи тие изгледаат прекрасно на секоја тераса!

Секое цвеќе е уникатно само по себе, па така, петунијата е одлична како балконско цвеќе најмногу поради шарените и прекрасни бои, и поради тоа тоа цвета од најраните денови на летото.

Гераниумот, односно сарделата важи за најзастапеното цвеќе кое се користи по терасите на балконот, а тоа што ги прави да бидат уникатни е нивната способност да мируваат во зимскиот период, за да започнат со цветање напролет.

Но, имајте на ум дека сепак треба да обрнете големо внимание врз нивната нега како што е кратетње на прецветаните цветови или овенати листови, користење на ѓубрива богати со фосфор, редовно наводнување, бидејќи овие работи се клучни не само за изгледот, туку и за нивниот правилен раст и развој.


Одберете прикладни додатоци

Опремувањето односно преуредувањето на терасите со цел да ги трансформирате во цветни градини можете да  го изведете со поставување на украсни камења, уметнички сликиукрасни саксии за цвеќе, нова тенда за терасамебел за терасастолици за терасагарнитури за тераса, вештачка трева за тераса, и се останато.

Се разбира, бројот на додатоци во голема мера ќе зависи и од квадратурата на самата тераса, бидејќи ако е таа помала, тогаш ако ги поставите сите овие работи, тоа би придонело кон "затрупување" на веќе и така малиот простор.

Затоа, не брзајте, размислете и одберете или комбинирајте само неколку од гореспоменатите работи.

Она што можеме да Ви го понудиме како совет е да комбинирате бои на опремата кои што се во склад со бојата на цвеќињата и со оградата бидејќи тоа значително ќе ја разубави вашата тераса! 

Па така, секое утринско кафе и моментите со пријателите и семејството во вашиот дом ќе бидат посебни, бидејќи окружувањето Ви го дозволува ова задоволство!


Осветлете ја терасата

Осветлувањето е една од најдобрите работи која што можете да ја направите за вашата тераса, особено откако ќе ги завршите споредните работи - избирање на цвеќиња, декорација, поставување на тенда за терасамебел за терасастолици за терасагарнитури за тераса, вештачка трева за тераса, и сл, бидејќи терасата веднаш ќе добие нова димензија.

Инвестирањето во осветлување нема да ве чини многу скапо, а главната причина поради тоа е фактот што понудата на пазарот е огромна, па затоа, без никакви потешкотии би можеле да изберете кенделабри, фенери, фасадни светла, лед ленти, лед панели, и сл.

Резултатите од промената ќе бидат инстантно видливи за вас, но и за сите оние кои би се восхитувале на вашата тераса, бидејќи доброто осветлување не е убаво само за "око", туку тоа и директно ќе го подобри амбиентот во кој што ќе се наоѓате.

За време на летните денови, повеќе од јасно е дека ќе поминувате повеќе време на терасата во вечерните часови, па зошто амбиентот да не Ви биде токму онаков, каков што и отсекогаш сте сакале?


Подобрете ја приватноста, искористете ги ѕидовите и поставете тенда

Постојат неверојатно многу начини за да ја подобрите приватноста на терасите, некои луѓе одбираат завеси за тераса, а некои пак, поставуваат и тенди кои не само што нудат високо ниво на приватност, ,туку во истовреме, за време на жешките температури, тие ќе Ви понудат и сенка односно ладовина која на секому му треба, особено на лето.

Од друга страна, ѕидовите можете да ги бојадисате во светли бои кои ќе Ве релаксираат, но, не двоумете се и да поставите полици за цвеќиња, наместо сите цвеќиња да Ви бидат распоредени на подот, бидејќи на овој начин, просторот ќе Ви биде по "растеретен", a во исто време, ќе изгледа далеку по организирано.

Откако ќе го направите ова, бидете повеќе од сигурни дека вашата тера ќе изгледа фантастично, а вие, би можеле да уживате во приватноста која истата ја нуди, за вас, за вашите пријатели но и за сите членови во семејството!


Кога ќе ги комбинирате гореспоменатите совети, вашата досегашна тераса нема никогаш повеќе да изгледа исто, бидејќи таа отсега ќе биде прекрасна, но и ќе се трансформира во вистинска цветна градина која ќе Ви гарантира вистинско релаксирање во текот на пролетта, есента и летото!

Бидете сигурни дека замислата која што ја имате за цветна градина не е воопшто тежок процес, ниту пак, претставува недостижен процес, па затоа, Ве охрабруваме да го започнете преуредувањето уште веднаш, бидејќи Вие го заслужувате тоа!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации