Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 tips for renting your apartments


5 совети за поуспешно издавање на недвижнини


Се наоѓаме во оној дел од годината, во кој што расте заинтересираноста за изнајмување на секаков тип на недвижнини за престој - куќи и вили, апартмани, викендици и соби, а ова е вистинската можност за секој еден кој изнајмува недвижности и сака да обезбеди дополнителен приход во текот на следните неколку месеци.

Но, како да придобиете луѓе кои што ќе ги одберат вашите сместувачки капацитети, по што би можеле да се издвоите од конкуренцијата, и како би можеле да направите долгорочна соработка со потенцијални, лојални клиенти ќе дознаете токму во оваа статија!


#1 Обезбедете ги потребните хигиенски услуги

Иако ова веќе го очекувавте, сепак, во пракса работите се далеку поразлични, бидејќи не секој сопственик на недвижен имот кој што го нуди за изнајмување во текот на летната сезона внимава на овој важен дел, па затоа, заинтересираноста е мала, а негативните критики се многубројни.

За волја на вистината, знаеме многумина кои што се сретнале со ваков проблем во сместувачките капацитети, или пак, дел од нас дури и го почувствувале на своја кожа, па неретко една од главните впечатоци за време на одморот или по одморот се поврзани токму со хигиената.

Затоа, Пазар3 ве советува да обезбедите чисти пешкири за тело, крпи за раце, сапун, шампон, како и постелнина на креветите, бидејќи секој посетител има право на пријатен одмор, во кој што ќе му биде обезбедена потребната хигиена.

Исто така, не заборавајте да ги елиминирате потенцијалните недостатоци во бањата, а доколку е потребно, направете мали промени пред да започнете со издавање на вашите апартмани, вила за изнајмување, куќа за изнајмување, како и изнајмување на станови во Охрид, Преспа, Дојран и во останатите туристички дестинации ширум Македонија.

Имајте на ум дека секоја инвестиција се враќа неколкукратно повеќе, а добриот впечаток и позитивното искуство кое што го имаат посетителите во врска со вашиот сместувачки капацитет, ќе се одразат неверојатно добро кон вас, и се разбира, кон заработувачката на долг рок.

Како што знаеме, добриот глас надалеку се слуша, а лошиот уште подалеку!


#2 Основен прибор за јадење и препарати за подготовка на храна

Една од најчестите грешки кои што ја прават луѓето кои нудат апартмани за изнајмување и останати сместувачки капацитети е недоволниот број на прибор за јадење и садови за подготовка на храна, а оваа практика сигурно нема да помине незабележано кај клиентите.

Сепак, кога се оди на летување, луѓето имаат 2 опции - да појадуваат, ручаат или вечераат по ресторани, или пак, да си подготват храна во самиот смештај, а како би можеле да го постигнат ова доколку апартманот не содржи шпорети и микробранови печки, или пак, фрижидери?

Се разбира, во случај да забележите дека приборот, чашите и чиниите се веќе излитени, најдобро би било истите да ги замените со нови, бидејќи тие се доказ за вашето гостопримство.


#3 Подобрете го изгледот на смештајот

Ова подразбира детално чистење на целиот апартман за издавање, куќа, вила, соба или викендица, санирање на постоечките штети, преуредување на ентериерот доколку тоа е навистина потребно, па дури и промена на  вратите и прозорците кои веќе не се во состојба да понудат квалитетна изолација и безбедност.

Исто така, ве охрабруваме да обрнете големо внимание на уредувањето на терасата, но, и на градината ( доколку сместувачкиот смештај го нуди тоа),  бидејќи ноќите најчесто луѓето ги поминуваат во нив за време на летото кога температурите се идеални за фамилијарен собир и вечера.

Бидете сигурни дека колку што подобро изгледаат сите оние недвижнини кои ги нудите за изнајмување, толку поголем ќе биде интересот кај клиентите, и се разбира, секој би бил задоволен од вас и би ве препорачал на друг.

Инвестицијата не мора да биде огромна, но, во секој случај, и да го направите тоа, големи се шансите да се здобиете со одличен пасивен приход и вон летната сезона. 

Доколку не сте издавач на апартмани, а во потрага сте по совети за лесно пронаоѓање на евтини апартмани за летување во 2021, тука ќе можете да прочитате повеќе совети совети.


#4 Поставете клима, Wi-Fi и телевизија

Имајќи го предвид фактот што живееме во 21 век, во кој што потребата за интернет и телевизија е една од најголемите приоритети кај секој еден од нас, вклучително и кај луѓето кои планираат летување, вие, како издавач, треба да обрнете многу внимание и во овој сегмент.

Зошто? Бидејќи сместувачките капацитети кои не нудат интернет, или пак, нудат интернет со навистина слаб сигнал ќе бидат оставени на маргините, а вие би изгубиле голем број на луѓе, кои што дури и за време на одморот имаат потреба од завршување на својата работа односно задачи.

Од друга страна, потребата за клима уреди е огромна за време на летото, каде што температурите се високи, а топлиот воздух не секој може да го издржи на долг рок.

Па така, кога луѓето ќе се вратат во смештајот, една од првите работи кои што ја прават е вклучување на клима уредите кои драстично можат да го поткренат задоволството во вашите соби, апартмани, куќи, вили, и викендици!

Пред да преминеме на 5тата препорака, ако во случај се двоумите дали е поисплатливо целосно да ја продадете недвижноста која што ја поседувате, или пак, истата да ја изнајмите, одговорот ќе можете да го пронајдете тука.


#5 Понудете ги вашите недвижности на пазарот

Дури и да ги поседувате најдобрите вили за изнајмување, соби, викендици и апартмани, шасните за да некој дознае за вас без притоа, овој процес да вклучи препорака од претходен клиент или некоја објава на интернет се сведени под минимумот.

За ваша среќа, Пазар3 ви излегува во пресрет како најголемо купопродажно и огласувачко место во Македонија кое што брои над 70 000 посетители на дневно ниво, при остварување на вашата цел!

Преку објавување на оглас на Пазар3, вие значително ќе ги зголемите шансите за да луѓето дознаат за вашите сместувачки капацитети, а тоа, се разбира, ќе значи голем број на директни контакти кои ќе ви помогнат при процесот на изнајмување.

Во ова ќе имате прилика да се уверите и самите, откако ќе објавите оглас за изнајмување на станови, соби, апартмани, куќи и вили, чиј што процес бара од вас само еден клик, и прениски цени!

Затоа, направете го вистинскиот чекор и огласете се, внимавајќи на правилата за огласување, уредувањето на огласите, и не заборавајте да прикачите фотографија која што ќе игра клучна улога во поттикнување на заинтересираноста од страна на огромен број на потенцијални клиенти!


Изнајмувањето на недвижнини за летување од ваша страна не мора да биде стресен процес, особено не доколку ги следите нашите препораки кои што ќе ви помогнат да оставите добар впечаток кај луѓето, но, и да се здобиете со лојални клиенти на долг рок!

Затоа, потрудете се сето ова да го примените, бидејќи успехот ќе ви биде загарантиран во рекордно време - бидете уверени во тоа!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации