Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to find cheap vacation apartments in the summer of 2021


Совети за лесно пронаоѓање на евтини апартмани за летување во 2021


Мирисот на плажата, ладното пиво или коктел, капењето, и вечерните излегувања се главните приоритети на речиси секој еден од нас, особено во овој период од годината, каде што секојдневно се објавуваат најразлични аранжмани за летување во апартмани, куќи и вили, соби, па дури и викендици во Македонија, a и во странство.

Во овaa статија, ќе можете да прочитате одлични совети кои ќе ви помогнат да одберете апартмани за летување по цени и услови кои во целост се во склад со вашиот буџет!


Не избрзувајте

Понудата која што во даден момент ја читате од агенциите може да изгледа примамлива, но, тоа не значи дека вие мора веднаш да го резервирате тој аранжман.

Во овој период, ќе бидете сведоци на огромен број на понуди од агенции или веб страни кои се веродостојни, но, и од оние кои имаат сомнително потекло, а најчестите грешки кои луѓето ги прават се токму во оваа насока.

Имено, дел од понудите се и премногу добри за да бидат реални, а многумина од вас, штом ќе ја погледнат понудата би го уплатиле својот аранжман.

На пример, Пазар3 како најголемо огласувачко место во Македонија, не само што припаѓа во групата на веродостојни сајтови, туку воедно, тука, ќе можете да пронајдете најразлични видови на сместување каде и да посакате, и во сместувачки капацитети кои најмногу ви одговараат, без притоа, да се грижите за финалниот исход.

Се што треба да направите е да ја погледнете богатата понуда која што постои на Пазар3, и која е составена од извонредни апартмани на плажа во Грција, апартмани во Валона - Албанија, апартмани во Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Турција и во останатите земји ширум светот!

За разлика од останатите сајтови од овој домен, на Пазар3, вие ќе можете директно да стапите во контакт со потенцијални изнајмувачи на апартмани, со кои ќе може да се договорите  околу потенијалната цена - лесно, брзо и едноставно!


Одберете локација и испланирајте го буџетот

Одбирањето на локација уште од самиот старт значително ќе ви го заштеди времето кое би го поминале во потрага по апартмани за летување, но, иако ова звучи лесно, сепак во пракса сите знаеме дека не е така.

Поради тоа, ве советуваме убаво да ги анализирате локациите за летување, дали границите се отворени поради моменталната состојба, кои критериуми треба да ги исполнувате за влез, и сл парамтери кои што се од клучна важност за да можете да летувате токму на она место каде што планирате.

Покрај ова, доколку вашиот буџет е во голема мера ограничен, тогаш одберете места за летување кои што се поевтини, бидејќи бројката на такви локации е огромна.

Летувањето не мора да значи дека мора да ги потрошите сите пари, или пак, да имате луксузно летување како од соништата, а се што е под ова да не биде прифатливо за вас.

Најважно е друштвото, и личностите со кои го планирате одморот, а релаксирањето кое го заслужува секој еден од вас макар еднаш годишно во годината, ќе ви донесе безброј бенефити.


Изнајмете ја целата вила/апартман

Доколку сте повеќе луѓе кои што веќе се договориле да летуваат заедно, наместо да се двоите и да бидете  сместени во различни апартмани кое би ве чинело повеќе пари, варијантата на целосно изнајмување на апартманот е далеку подобра варијанта за вас.

Голем дел од сопствениците на апартмани ја нудат опцијата и за целосно изнајмување, што би била одлична но и супер-економична можност за вас.

Зошто? Бидејќи постојат многубројни сопственици кои што нудат можност за целосно изнајмување на своите апартмани, па, зошто да не ја искористите оваа можност, и да се договорите околу потенцијалната цена?

Како и да е,  можно е и да добиете попуст ако резервирате за подолг период од 7 дена, а контактот кој што ќе го имате би можел да ви послужи и за наредната година!


Одберете добар термин

Како што и веќе самите знаете, цените на почетокот на Јуни, не се исти со оние кон средината на јули или почетокот на август, каде што цената за истиот апартман може да биде поголема неколкукратно повеќе!

Наш совет би бил да не се фокусирате исклучиво на летување во "шпицот" на сезоната, бидејќи ако почекате 2-3 недели, тоа може да ви овозможи поевтин, но и подолг престој дури и на по атрактивни локации.

Па затоа, организирајте го одморот кон крајот на мај - почетокот на јуни, средината на август, или почетокот на септември, ако, се разбира, вашата цел е да имате евтино летување кое би можело да ве чини помалку од 300 евра.


Резервирајте го аранжманот неколку месеци порано

Резервирањето на аранжманот можете да го направите неколку месеци порано, а придобивката од оваа опција се состои во тоа што цената на апартманот би ви била далеку поевтина, во споредба со резервацијата во јуни, јули, август или септември.

Од друга страна, имате опција и за тн "last minute" опција која пак најчесто се дава во текот на сезоната, но, имајте на ум дека ако не го земете годишниот одморот во истиот момент и не аплицирате, тогаш оваа опција може и да остане нереализирана.

За таа цел, ве охрабруваме да ја одберете првата опција, бидејќи истата ќе ви понуди можност подобро да се организирате, и однапред да знаете каде да го планирате летувањето, без притоа да се грижите за порастот на цените за време на туристичката сезона.

За ваша среќа, големиот број на посетители, но и на изнајмувачи на апартмани кои што постојат на Пазар3 ќе ви бидат на располагање 365 дена од годината, па затоа, не двоумете се и доколку е потребно објавете јасен и едноставен оглас кој што ќе биде во склоп со пропишаните правила за огласување!


Се надеваме дека ви се допаднаа нашите совети, и дека истите ќе ви помогнат при наоѓање на евтини апартмани за летување во 2021 година, без притоа, да бидете приморани да одите со доста висок буџет како претходно!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации