Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Tips to Protect Your Dog’s Paws from Hot Pavement


Зошто сопствениците на кучиња треба да го избегнуваат жешкиот асфалт и песок?

Грижата за нашите домашни миленици и кучињата е неопходна за нивното физичко и ментално здравје, но, за време на летото, постои уште една работа на која треба да внимавате а тоа се прошетките на жешкиот асфалт и песок.

Иако постојат многу раси на кучиња - померанец, бигл, лабрадор, кокер шпаниел, мопс, и тн, онаа карактеристика која сите ја поседуваат се нежните и чувствителни шепи кои што можат да бидат повредени, особено за време на летото.

Поради тоа, во оваа статија ќе можете да пронајдете одговори на тоа зошто треба да избегнувате прошетки на вашите кучиња по жешкиот асфалт и песок!


Потенцијални повреди

Според експертите, на сопствениците на кучиња им се препорачува да не ги шетаат своите миленици на асфалт кога температурите се многу високи, особено не на песок или плажи повеќе од 7 секунди, бидејќи ова би значело и потенцијална повреда за самото куче.

Зошто? Бидејќи она кое што можеби не сте го знаеле тоа што дури и кога надворешната температура е сосема прифатлива за вас, да речеме 25 степени, асфалтот може да достигне температури од неверојатни 52 степени.

Исто така, кога температурите се повисоки, односно имаат 30+ степени, асфалтот може да биде и уште потопол, па дури и да надмине 62 степени, што значи дека со овие температури, потребно би било околу 5 минути за да испржите едно јајце.

Сега, замислете како една нормална прошетка може да се одрази врз здравјето на вашите кучиња?

Повредите би биле неизбежни, бидејќи единственото место каде што кучињaта немаат заштита односно влакна се токму шепите.

Тука ќе можете да прочитате и 5 интересни факти за кучињата кои што можеби не сте ги знаеле!

Се разбира, ова можете да го избегнете на два начина, едниот е да избегнувате прошетки кога надворешните температури се благо речено - "пеколни", а втората е преку одбирање на обувки за кучиња кои се изработени од гума.


Како да забележите дали шепите на вашето куче се повредени?

Ако во блиското минато го шетавте кучето на плажа додека бевте на одмор, или пак, тоа го направивте на жешкиот асфалт и се двоумите дали е се во ред со кучето, бидете сигурни дека не треба да бидете професионалци за да забележите дали нешто не е во ред.

Имено, постојат повеќе индикатори кои укажуваат на ова, како на пр:

- Кожата на шепите е оштетена и има појава на црвенило/рани/улцери;

- Кучето се повеќе ги гриза или лиже шепите;

- Невообичаено одење кое што е проследено со "клицкање";

- Шепите имаат потемна воја од вообичаената која ја знаете;

Она кое што Пазар3 може да ви го понуди како совет е веднаш, штом забележите некои од гореспоменатите индикатори, веднаш да се обратите кај ветеринар чие што знаење ќе ги елиминира потенцијалните тегоби со кои се соочува вашето куче.

Покрај ова, не заборавајте да земете шише со вода при шетањето и од време на време да нанесете вода врз шепите, бидејќи на тој начин ќе го разладите и кучето, а ќе ја освежите и кожата.


Како да избегнете потенцијални повреди при прошетка на вашите кучиња?

За да избегнете потенцијални повреди при прошетка на вашите кучиња, не треба многу, всушност, она кое што следува е да ги практикувате следниве работи:


Стремете се кон вечерни прошетки

Како што и самите знаете, вечерните прошетки се убави и за вас, но, и за вашите миленици, бидејќи надворешните температури се пониски, а тоа значи дека и самиот асфалт се лади, па така, шансите за повреди кај милениците се сведени под минимумот.

Воедно, прошетките на асфалт кој што не е жежок може да биде и од полза за зајакнувањето на шепите на кучињата, бидејќи кожата ќе се зацврстне а тоа може да превенира и потенцијални повреди кога кучето би било изложено на прошетки на високи температури.


Користете препарати за хидратација и восок за шепи

Сигурно користите многу препарати со кои го одржувате физичкиот изглед на вашите кучиња, а покрај шампонот, на пазарот постојат и различни препарати за хидратација кои се наменети токму за шепите.

Користењето на овие препарати ќе води кон превенција на мали засекотини или повреди при прошетки, како и кон формирање на поголеми рани особено за време на жешките температури.

Oд друга страна, пак, ви препорачуваме да користите и восок за шепи бидејќи нивната привична намена е да ги заштитат шепите од кучињата од жешкиот асфалт, како и од штетни супстанци, од кои најмногу се издвојува солот.


Настојувајте кон прошетки на трева

Доколку навистина мора да го шетате вашето куче за време на жешките, летни температури, тогаш најдобра локација за тоа би биле парковите, особено оние кои имаат зеленило и дрва.

Зошто? Бидејќи тревата во никој случај не би можела да влијае негативно врз вашето куче, во споредба со асфалтот, а оваа ќе ви годи и вам и на кучето.


Се надеваме дека оваа статија ви беше од корист, и дека сега сте подготвени да се сносите со предизвиците кои на прв поглед ги носи стандардната прошетка за време на летото.

Воедно, ве охрабруваме да продолжите со следење на нашиот блог, бидејќи во него ќе можете да прочитате статии од најразлична тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации