Љубител сте на кучиња, или пак, вашите омилени домашни миленици се токму некои од познатите раси на кучиња за кои што сметате дека знаете се, почнувајќи од нивните навики, карактеристики и сл?
Бидете сигурни дека во потполност тоа не е така, бидејќи во оваа статија, ќе имате прилика да прочитате 5 интересни факти за кучињата кои досега не сте ги знаеле, па затоа, Ве охрабруваме да останете со нас и да прочитате што токму имаме подготвено за Вас!
Доколку сметате дека приматот леваци-деснаци е карактеристичен само за луѓето, тогаш се лажете, бидејќи и кучињата можат да бидат леваци или деснаци.
Сеуште се чудите? Нема потреба, бидејќи ова може да го тестирате и самите на навистина лесен начин, а тоа е преку следење на движењето на вашите кучиња.
На пример, кога вашето куче сака да излезе надвор, која шепа најчесто ја користи за да гребе по вратата?
Вториот експеримент кој што можете да го направите е да поставите храна под вашиот мебел односно кревет, а потоа, да набљудувате со која шепа кучето ќе почне да ја зема храната.
Според експертите во едно истражување во Австралија, 34% од испитаните кучиња биле леваци, 29% биле деснаци, а 37% ги користеле подеднакво и левата и десната шепа.
Кога ќе здогледате ретривер или кокер шпаниел, чисто се сомневаме дека на тоа дека станува збор за раса на кучиња кои првично биле одгледувани како кучиња за лов?
За ваша информација, кокер шпаниел првично бил огледуван со цел да им бидат од помош на ловџиите кои ловеле птици, поради нивната брзина, динамичност, лојалност, и се разбира, високо ниво на енергија која е претпознатлива карактеристика за оваа раса.
Од друга страна, ретриверот бил исто така користен за лов на птици во минатото, па оттаму е и нивниот назив (retrieveR) - враќач, а ова често можете да го забележите и доколку фрлите дрвце или некој помал објект.
Инстинктот на ретриверот е веднаш истиот да го врати до вас, и да чека повторно да го фрлите.
Иако знаеме дека гепардот е најбрзото животно во светот кое што може да достигне брзина од неверојатни 112.654 километри на час, сепак, грејхаунд кучињата можат лесно да победат на долг рок, со нивната максимална брзина од 72 километри на час.
Сега, сигурно се прашувате како може грејхаунд расата да го победи гепардот со своите 72 километри на час?
Гепардите својата најголема брзина можат да ја одржуваат околу 30 секунди, а потоа, таа постепено опаѓа, додека пак, грејхаундот брзината од 72 километри на час ќе може да ја одржи подолго време, а со тоа и да го победи гепардот на долг рок.
Поради својата брзина, грејхаунд кучињата се и всушност ловечки кучиња кои ловџиите ги користат за да го бркаат пленот, а поради нивната одлучност и голема брзина, тие можат да истрчаат голем број на километри, за на крај, да го фатат пленот.
Исто така, оваа раса на кучиња се користи и за спорт, односно, за организирани трки на кучиња, а често и се користат како домашни миленици поради нивната добродушност, толеранција спрема останати животни како мачките.
Дали некогаш сте ги помирисале шепите на вашето куче? Доколку вашиот одговор е да, тогаш сигурно сте забележале дека мирисот е речиси идентичен со оној на пуканки, или пак на печена пченка.
Не грижете се, не постои никаква причина да паничите, бидејќи за ваша среќа, постои медицинско објаснување за овој феномен.
Имено, во шепите на вашите кучиња, постојат бактерии познати како Pseudomonas и Proteus кои што живеат токму во шепите кои се идеално место за нивно развивање, а тоа се должи на фактот што тие се единствениот дел од телото кој што не е покриен со влакна.
Мирисот може да варира, а тоа најчесто се должи на тоа што луѓето се потат во секој дел од телото, додека пак, кучињата, само во оние делови кои што немаат крзно/влакна.
Се разбира, доколку мирисот започне да биде силен, неподнослив, и ништо слично на она што го споменавме погоре, тогаш ова може да биде и друг знак, па затоа, Ве советуваме да посетите ветеринар или пак да се погрижите повеќе за хигиената.
Иако постојат многу видови на раси на кучиња кои што датираат уште од антиката, а се познати и денес, сепак, се верува дека Салуки важи за најстарата раса на кучиња кои што датираат уште 329BC, и тоа во Египет.
Ова куче било исклучиво чувано од фараоните и аристократијата, па така, откриени се и многу мумифицирани Салуки кучиња, како и цртежи во пештери кои силно асоцираат на овој вид, иако истите се постари од 7000 години.
Покрај Салуки кучето, во оваа категорија спаѓа и Басенџи која што е карактеристична по тоа што воошто не лае, туку испушта специфичен звук, Кинеско Салуки ( Shanxi Xigou), Афганистанско куче, Тибетански Мастиф, Шиба Ину, Акита Ину, Шар Пеи, Чау Чау, Самојед, и тн.
Речиси и да нема човек кој што не добил информација дека кучињата гледаат во црно и бело, или пак, дека се далтонисти, а овој мит постои со години иако во целост не е точен.
Генерално гледано, кучињата се далтонисти, но, само гледано од страна на човечка перспектива, бидејќи тие имаат 2, наместо 3 рецептори за препознавање бои како што имаат луѓето.
Тие два рецептори можат да препознаат жолта и сина боја, па дури и варијации на сива, а оваа лимитирана перцепција за бои е позната како дихроматија.
Па така, боите во кои што кучињата гледаат се жолта, сина и сива, а останатите бои како што се црвена, виолетова, портокалова не можат воопшто да го препознаат.
Па така, на пример, човекот може да ја види секоја боја од виножитото, додека пак, кучињата виножитото го перцепираат како комбинација од темно жолта, сива, светло жолта, светло сина и темно плава боја.
Се надеваме дека Ви се допадна оваа статија, и дека за прв пат прочитавте интересни факти за кучињата кои досега не сте ги знаеле, а доколку тоа е така, тогаш кој факт ви беше најинтересен?
За крај, тука можете да прочитате и кои се најдобрите кучиња за чување во стан, па очекувајте ја нашата нова статија!
Пораки
Информации за корисникот