Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

toys for kids


Зошто родителите треба да избегнуваат да им даваат премногу играчки на своите деца?

Речиси и да не постои родител кој што не сака да ги види своите најмили среќни, а тоа во голема мера подразбира и купување на безброј играчки за деца како што се minecraft играчки, fortnite играчки, пепа прасе играчки, barbie играчки, sonic играчки, star wars играчки, и добро познатите лего коцки кои можат да имаат секаква тематика!

Но, дали сте знаеле дека преголемиот број на играчки во вашиот дом и семејство можат да влијаат и негативно врз психолошкиот и менталниот развој на вашето дете?

Во оваа статија, ќе дознаете како големиот број на играчки за деца всушност влијаат врз вашето дете, и зошто треба да го намалите нивниот број додека е време.


Подобра концентрација и креативност

Во ред, сигурно сте прочитале повеќе статии во кои се опишани предностите на детските играчки, и како тие влијаат позитивно врз развојот на вашите најмили и најмали членови во семејството.

До некаде, тоа е и сосема точно, бидејќи тие се незаменлив дел во сите живеалишта во кои постојат родители со бебиња и деца, но, реалноста е сепак друга.

На пример, креативноста се буди преку играњето на игри, но, доколку бројот на детски играчки во вашата куќа или стан е навистина преголема, првите знаци кои вашето дете ќе ги покажува се незаситеноста, и барањето на уште и уште.

Ова ќе ја намали концентрацијата на вашето дете, па дури и ќе го направи да биде нетрпеливо и да се соочува со потешкотии при фокусирање на една иста работа на подолг период.


Влијае негативно врз социјалните вештини

Откако вашето дете ќе се заигра, сигурно веќе посакувате да сварите кафе, да одморите после долгочасовната напорна работа, или пак едноставно, да се релаксирате гледајќи ја омилената серија.

Иако на прв поглед ова е win-win ситуација и за вас и за вашето дете, бидејќи детските потреби ќе бидат задоволени, а од друга страна, на вас ќе Ви дојде добро одморот, сепак, на долг рок ова може да се одрази негативно врз децата, а сега ќе дознаете и како.

Имено, децата кои имаат огромен број на играчки повеќе од времето ќе го поминуваат со играчките отколку со вас, родителите или пак со другарчињата во споредба со оние кои имаат помалку играчки.

Некогаш, помалку значи и повеќе, па затоа, не се чувствувајте лошо доколку на детето му купувате само една играчка месечно, наместо по 10 неделно.

Бенефитите ќе бидат далеку подобри во првиот случај, отколку во вториот, во ова ќе се уверите и самите, а постојат и огромен број на студии кои го потврдуваат ова.


Прават зависност

Колку и да звучи невино и смешно, сепак, големиот број играчки за деца кои ги купувате, во голема мера можат да поттикнат и зависност кај децата уште од најмала возраст, а тоа ќе влијае лошо и врз нивното резонирање за кога е доста.

За ваша информација, преголемиот број на играчки ќе ги направи децата да не ги ценат малите работи, и да не бидат благодарни кога ќе им подарите подароци за кои што сметате дека ќе ги обожуваат.

Често се случува децата да бидат и територијални, и да покажуваат знаци на агресија доколку желбите не им бидат исполнети, па дури и би се впуштиле во расправија со вас се додека не го добијат она што го сакаат.

Затоа, уште од најмала возраст научете ги на вистинските вредности, да разберат што значи не, и да го ценат она што го имаат, без притоа да настојуваат да бараат се повеќе и повеќе.


Ги прават незаинтересирани за учење на важни работи

Покрај играчките, многу е важно уште од најмала возраст да ги учите вашите деца на читање, пишување, да се интересираат за окружувањето, и се разбира, да ги поставуваат за вас здодевните, но за нив интересните прашања - зошто, како, кога, поради фактот што така ќе придонесете кон будење на нивната љубопитност која е навистина важна.

Во споредба, огромниот број на играчки за деца ќе го намали потенцијалниот "интерес" за гореспоменатите работи, а вие потешко би ги забележале и кои се афинитетите на вашето дете, што всушност сака, за што има талент и тн.

Од друга страна, родителите се соочуват и со проблеми во учење на децата за дисциплина, па неретки се сценаријата во кои домовите изгледаат неуредно, бидејќи насекаде се расфрлани играчките.


Ги оттргнува децата од исполнување на нивниот целосен потенцијал на креативност

Како помлади, сигурно не сте имале стотици играчки, но сепак, наоѓавте начин да фантазирате па дури и да измислувате игри, а тоа до ден денеска има многубројни предности за кои што воопшто не сте ниту свесни.

Но, во 21век, родителите се почесто настојуваат да купуваат огромен број на играчки, и тоа не е за осудување бидејќи секој родител сака да го види своето дете среќно, но, на долг рок, ова ги оттргнува вашите деца од исполнување на нивниот потенцијал во поглед на креативноста.

Зошто? Бидејќи детето своето внимание ќе го посветува на повеќе играчки одеднаш, наместо на неколку кои ќе му помогнат да се вдлабочи во играњето, и да си ја открива својата креативност онака како што навистина и заслужува!


Наместо купување на стотици играчки, што да му понудите на вашето дете?


Пазар3 ќе Ви понуди неколку совети кои би можеле да ги искористите, а со тоа и да идентификувате кога бројот на детски играчки во вашиот дом е преголем, а ова ќе го направи вашето дете повеќе од среќно.


Поминувајте повеќе време со нив

Комуницирајте, играјте со нив, посветете им се максимално уште кога се мали, а како што растат, научете ги да другаруваат со останатите деца, наместо да им купувате илјадници играчки или пак да ги "заигрувате" преку вашите мобилни телефони и таблети.

Бенефитите од оваа практика се неверојатно големи, а истите ќе се рефлектираат позитивно врз нивните социјални вештини, ќе ги направат љубопитни за се што се наоѓа околу нив, ќе сакаат да научат повеќе работи, а овие вредности се клучни за правилен развој.


Направете распоред

Купувајте детски играчки само кога е неопходно, или откако ќе поминат неколку месеци откако последен пат ќе купите. Чувствувајте се и слободно да купите играчки за деца доколку вашето дете направило добар гест, научило некоја нова работа, или пак кога се работи за посебни поводи - родендени и слично.


Одберете едукативни играчки

Сложувалки и лего коцки, наместо barbie играчки, star wars играчки, можат да бидат опциите за детски играчки кои што ќе ги одбирате а причината е многу едноставна.

Сложувалките и лего коцките не само што ја зголемуваат креативноста на децата, туку тие го поттикнуваат логичното размислување, барањето на начини за да се реши одреден проблем, а овие работи се неопходни за понатамошниот правилен раст и развој на вашите најмили.


Се надеваме дека гореспоменатите совети ќе започнете да ги практикувате уште сега, особено доколку во изминатиот период вашето дете се повеќе ја нагласува потребата за што е можно поголем број на играчки.

На крајот од денот, настојувајте повеќе да комуницирате и да играте со вашите деца, или пак да ги учите уште од најмала возраст за другарство бидејќи не постои број на играчки кој што може да го направи вашето дете посреќно од овие работи!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации