Согласно законските одредби за задолжително носење на зимска опрема која вклучува зимски гуми престанува на 15 март, а со тоа завршува и вашата обврска за користење на зимски гуми.
Но, и покрај тоа, голем број на возачи сеуште ги управуваат своите возила и автомобили користејќи зимски гуми во летниот период, a оваа практика може негативно да влијае врз квалитетот на возачкото искуство но и на самата гума.
Па затоа, во оваа статија ќе имате можност да дознаете зошто не треба да возите со зимски гуми во лето, и кои се потенцијалните проблеми кои ќе ви ги донесе оваа одлука.
Иако на прв поглед ви се чини дека би заштедиле преку не купување на летни гуми, сепак, бидете сигурни дека на долг рок цената која што би требало да ја платите за купување на гуми би била еднаква со онаа која што би ја платиле за гориво на долг рок.
Причината поради ова е тоа што зимските гуми се произведени со тн термална смеса (гума), која што е исклучиво наменета да одржува еластичност и проодност при возење во зима, и на зимски температури.
Па, доколку користите зимски гуми наместо летни гуми, тие побрзо ќе се истрошат, бидејќи температурата во летната сезона е повисока, а истото важи и за температурата на асфалтот на патиштата.
Исто така, имајте на ум дека би биле и приморани да инвестирате во нови зимски/летни гуми за пократок период отколку што сте планирале, што значи дека подобро е да имате еден пар летни гуми и еден пар зимски гуми кои ќе ги користите во согласност со сезоната.
Тука можете да прочитате повеќе околу избирање на летни гуми, доколку во моментов имате ваква потреба, и сакате правилно да го подготвите автомобилот за летната сезона.
Примарната цел на секој бренд на гуми е да ви понуди безбедно возење по патиштата, а воедно, и да заштедите на гориво додека патувате, без разлика дали станува збор за Michelin, WindForce, Pirelli, Sava, Continental и сл.
Имено, самата категорија на гуми зависи и од нивната примарна намена, односно, дали се работи за летни гуми или пак за зимски гуми, бидејќи не секој избор е правилен и адекватен за безбедно возење.
Па така, без разлика колку и да се квалитетни вашите зимски гуми, тие се сепак - зимски, а нивната примена во летната сезона може да има негативен импакт врз квалитетот на возење.
Она што може да се случи е гумите да ви пукнат додека возите, а тоа се должи на зголеменото триење по топлиот асфалт, за да на крајот, последиците бидат и фатални.
Втората причина поради која не треба да се одлучите за возење со зимски гуми за време на летото е тоа во случај да заврне, ризикот од "аквапланинг"/хидропланинг e далеку поголем, a со тоа се и поголеми шансите да изгубите контрола при возење бидејќи зимските гуми можат потешко да ја отстранат водата отколку летните.
Главната причина за тоа е фактот што летните гуми нудат далеку поголема контрола, а тоа се должи на нивниот дизајн.
Ако пак сакате еден пар на гуми кои би ги возеле во секоја сезона, најдобро би било да одберете all-season гуми.
Постојат огромен број на тестови и на анализи кои јасно ставаат до знаење дека не секогаш квалитетот на возење зависи и од брендот на автомобилот кој што го возите.
Дури и да биде најдобриот Mercedes, Audi, BMW, Seat, Opel, Fiat, Ford, Volkswagen, Renault, Peugeot, ако вашите автомобили користат зимски гуми во летната сезона, наместо летни гуми, како што и впрочем треба, вие ќе се доведете во многу тешка ситуација при управување на возилото.
Зошто? Бидејќи над температури од 30C, зимските гуми почнуваат да се трошат рапидно и да го губат својот квалитет, а тоа значи дека како што ќе се трошат, така ќе се формираат малечки, топчести гумичиња кои што ќе удираат под тркалото.
Ова пак, ќе доведе до потешкотии при кочење, па така, при брзина од 100 km/h, на вам ќе ви бидат поребни 42 метри за да закочите, додека пак, на летните гуми им се потребни само 36 метри.
Затоа, практикувајте го генералното правило кое што вели - "температурите од над 7 степени се наменети за летни гуми, а оние до 7 степени за зимски".
Истражувањата на експертите исто така покажуваат дека користењето на зимски гуми во летото може да води и кон драстичен пад на перформансот не само при кочење, туку и при целокупното управување на возилото.
На пример, доколку се најдете во непријатна ситуација во која што треба инстантно да го промените правецот на движење, резултатот нема да биде воопшто ист, во споредба ако користите зимски гуми.
Ова директно може да влијае и врз несакан исход при возење во кој би биле загрозени и вие и останатите учесници во сообраќајот.
Најдобра аналогија за што впрочем значи возење на зимски гуми за време на летото е трчањето со зимски чизми на тенис терен.
Тие кои што имаат тенис патики можат подобро да се движат а и полесно, отколку тие што во случајов би играле тенис со зимски чизми.
Во процесот на изработка, летните гуми се произведуваат преку употреба на специјална гумена смеса чија што намена е исклучиво да даде одлични резултати на суви и влажни патишта, особено во потоплите температури.
Од друга страна, зимските гуми се специјално изработени за да им гарантираат на вашите автомобили безбедно и адекватно возење по патишта кои што се прекриени со мраз и снег.
Нивното производство се базира на поголема доза на природна, гумена смеса која што е многу мека, со цел да може да одговори на моменталната состојба на патиштата.
Па затоа, препорачливо е да користите зимски гуми на температури до 7 степени.
Во поглед на шарата, зимските гуми имаат подлабока шара која ќе му овозможи на вашето возило подобро да се справи со снегот, голомразицата и мразот.
Летните гуми пак, имаат шара чија што форма е поделена на "блокови", со цел да опфатат поголем дел од патот при возење, а со тоа, и да ви ја зголемат ефикасноста при кочење особено доколку тоа треба да го направите инстантно.
Се надеваме дека отсега сте и подобро информирани зошто треба да користите летни гуми за летната сезона, и зимски гуми за зимската, или пак, all-season гуми доколку целите кон користење на еден пар на гуми во текот на целата година.
Преку воспоставување на оваа практика, бидете сигурни дека бенефитите се многубројни, а тие опфаќаат поголема контрола врз возилото, безбедност, поголем животен век на гумата, и се разбира, намалени трошоци за гориво!
Пораки
Информации за корисникот