Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Зошто се повеќе млади бараат работа во странство

Зошто се повеќе млади бараат работа во странство


Миграцијата на млади кои засноваат работен однос во странство е во драстичен подем. Се повеќе млади ја напуштаат таковината барајќи подобра иднина.

Подобрите стандарди, подобрите услови, наредокот во работата и високите плати се мотивот кој ги тера младите кои се желни за докажување, напредување и успех да преземат вакви чекори.

Во текстот што следува ќе ги презентираме некои од причините спрема кои се водат младите во донесувањето на одлука после завршување на факултетот да побаарат работа надвор од својата татковина.

Што покажуваат направените истражувања и статистики

Германија е наведена како една од најпопуларните дестинации на македонските иселеници. Германските статистичари наведуваат дека минатата година се доселиле вкупно 12.112 лица со македонско државјанство.

Овие податоци преставуваат поразителна бројка бидејќи иднината на една земја е во младите. Еден дел од  младите во Северна Македонија после дипломирањето не се во можност да засноваат работен однос, другиот дел работаат за минимална плата, а останатите заминуваат во странство. Моменталната ситуација преставува голем проблем бидејќи имаме неискористена млада работна сила,  и се поголем број на луѓе кои ја напуштаат државата водејќи до дефицит на работна сила и стагнирање во прогресот кон градење на добра иднина.

Според неформални информации, дури и оние што ќе најдат работа во првата година откако ќе завршат, често размислуваат за иселување и значителен дел од  нив наоѓаат работа на друго место“, вели Владимир Трајановиќ, продекан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, ФИНКИ.

Главниот причинител на ваквите миграции е лошата економија, ниските плати и  неможноста да се вработаат младите спрема својата професија.

 

Работа во странство  - како до оваа шанса

Брзиот развој на информатичката технологија направи младите брзо и лесно да дојдат до информации за работа во странство и активни конкурси каде што можат да аплицираат.

Најчесто комапниите кои што имаат потреба од работна сила објавуваат огласи за вработување на веб сајтови, каде што заинтересираните кандидати може да се информираат, рагистрираат а потоа да се јават на огласот.

Кога е во  прашање работата во странство голем удел имаат и специјализираните агенции за вработување, кои задолжително треба да имаат дозвола од Агенцијата за вработување на РМ за врешње на такви дејности.

Процесот на вработување започнува од страната на работодавачот, кој што објавува дека има потреба од работна сила. Работодавачот во огласот или во агенцијата ги дефинира општите и посебните услови за работното место, исто така се дефинираат правата и обрските на работодавачот и работникот.

Постапката започнува од моментот кога работодавачот има потреба за работна сила па за таа цел објавува оглас или ја инфромира агенцијата за неговата потреба.

Кандидатите кои се заинтересирани за таквиот тип на работа треба да пратат CV со своите податоци за завршено образование, диплома, работно искуство и познавање на странски јазик.

Кога заинтересираните каднидати ќе се јават на огласот им преостанува да чекаат да ги контактира работодавачот и да ги извести дали  се избрани во потесниот круг или не ги исполнуваат условите на огласот па не се избрани.

Во потесниот круг следи пракса каде што лицето се запознава со работата и потоа се избира најкомпетентниот работник.

 

Зошто работата во странство е толку примамлива

Кога е во прашање работата во странство многу луѓе таа прилика ја гледаат како најдобра опција за себе и обезбедување на својата иднина бидејќи брзо заработуваат високи суми на пари кои им обезбедуваат лесен живот што не е случај во Македонија.

Причината зошто работата во странство е барана е од економска природа, а голем е бројот на луѓе што кога ќе најдат работа повеќе не се враќаат во Северна Македонија.

Кога ќе ги прашаме луѓето што веќе работаат во странство, зошто се одлучиле на таков чекор, нивните одговори гласат дека со нивната работата во странство тие можат да имаат посветла иднина и доволно материјални средства за пристоен живот и стабилна иднина.

Покрај подобрите економски услови за младите што работаат и бараат работа во странство, главен адут им е можноста да се развиваат во својата професија, да се надоградуваат и да нижат успеси, за разлика од Северна Македонија каде што прашање е дали воопшто може да најдат работа.

 

Огласи за работа во странство – на што се става акцент

Жителите на Македонија во потрагата на подобар живот во странство мора да внимаваат на кои огласи конкурираат и кој посредува до бараната работа, бидејќи се почесто слушаме измамени работници кои заминувајќи на работа во странство се сретнале со одредени непријатности.

Кога станува збор за работа надвор од Македонија, првата работа која што треба да се запази е добар избор на агенција за посредување, битно е агенцијата да биде регистрирана и да има дозвола за работа.

Следната работа која е исто така битна е да не се заминува во странство се додека претходно не се потпише договор за работа помеѓу работодавачот и работникот. Со тој договор се штитат правата на работникот кои се предвидени со закон.

Во договорот мора да се наведени сите услови за работата, како и мегусебните права и обврски кои ги имаат работодавачот и работникот. Освен тоа со договорот мора да бидат обезбедени сите трошоци – општи, здравствени, како и трошоци за превоз и живот во странство.

Секако доколку дојде до одредени непријатности и непочитување на договорот за работа од страна на работодавачот, работниците може да се обратат за помош во Северно Македонското Дипломатско - Конзуларно претставништво.

Подобрата преспектива и подобрите услови се главните мотиви за младите да ги спакуваат куферите и да заминат.

 

Од друга страна сите оние кои што сакаат да се вратат со стекнатото искуство и заработените пари имаат добра шанса да ги вложат заработените пари во свој приватен бизнис кој сигурно ќе им донесе голем број на успеси.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации