Стареењето е сосема нормален процес низ кој поминува секој жив организам, а за волја на вистината, мачките не се отпорни на староста, па така, постојат многу директни или индиректни знаци кои укажуваат дека вашата мачка старее.
Поради тоа, во оваа статија ќе можете да дознаете кои се знаците кои укажуваат кон тоа, па затоа, ве советуваме да ја проследите оваа објава до самиот крај!
Пред да имате можност да ги прочитате знаците кои би ви наговестиле дека вашата мачка старее, би сакале најпрвин да дознаете како мачките се класифицираат според возраста.
Имено, овие домашни миленици се класифицираат под бебиња се додека не се постари од 7 месеци, потоа, од 1-2 години значи дека се џуниори, за да од 3-6 години се нарекуваат и како возрасни мачки.
Мачките чија што возраст е помеѓу 7-10 години се годините каде што мачките се најзрели, додека пак, од 11-14 се веќе сениори, и оттука, нивната енергија оди во надолна линија.
На крај, од 15 години најгоре, мачките се веќе стари.
Имајте на ум дека првата година на мачката може да се спореди со 15 години на човекот, на 2 години, мачката веќе има околу 24 човечки години и тн.
Генерално, мачките не се хиперактивни како кучињата, впрочем, тие се најхиперактивни додека се малечки, односно не постари од 2 години, бидејќи во оваа возраст, тие сакат да истражуваат, да играат и се полни со енергија.
Се разбира, не секоја мачка или раса на мачки (персиска мачка, бенгалска мачка, сијамска мачка и тн) на ист начин го рефлектира своето расположение, некои мачки се секогаш активни, други пак не се.
Во секој случај, драстичниот пад на енергијата може да биде еден од индикаторите, па така, на пример, ако мачката била полна со енергија и обожувала да игра со клопчиња, играчки и да се качува по скали и да трча по цел ден, а сега веќе не е таков случајот, тогаш големи се шансите овој проблем да биде поврзан со стареењето.
Исто така, имајте на ум дека колку што е повозрасна мачката, толку би биле поголеми и здравствените проблеми, и би се појавиле болки во коските, а имајќи го предвид фактот што мачките ретко ги искажуваат своите емоции во поглед на реагирањето на болка, тие повеќе би сакале да лежат по цел ден.
Грижата кон вашите мачки/мачка треба секогаш да биде вашиот приоритет, а редовната и здрава исхрана е клучот за превенција на најразлични заболувања, или пак, потиснување на истите за да не го достигнат максимумот.
Ако вашата мачка не е стара, а притоа, започне да ја губи килажата тогаш проблемот може да биде здравствен, додека пак, од друга страна, доколку мачката е веќе возрасна и започне со губење на неприродна килажа тогаш ова може да биде знак на старост.
Губењето и зголемување на тежината кај мачките и кај луѓето е нормална појава, но, сепак, се што е вон границите на нормалноста значи дека постои некаков проблем, кај мачките тоа најмногу се манифестира преку годините.
И повеќе од јасно е дека мачките си имаат свој карактер кој што ги прави да бидат независни уште од најмала возраст, а неретко, тие избегнуваат и галење доколку навистина не чувствуваат таква потреба.
Но, ако вашата мачка повеќе не сака да се гали, покажува знаци на голема темпераментност па дури и агресија, една од причините за ова може да биде и стареењето.
Имено, постои и научна дефиниција за ова - "хипертироидизам" кај мачките, што значи дека тироидната жлезда е премногу активна, ова заболување најчесто се јавува кога мачката е стара.
Поради тоа, мачката е агресивна, брзо се иритира, па, поради тоа, ве советуваме да посетите ветеринар кој што ќе ја тестира мачката преку земање на примероци од крв, се со цел подоцна да и понуди и решение во вид на лекови.
Со самото стареење, мачките ги губат најосновните сетила, како што се рефлексите, но, и видот, без разлика дали станува збор за парцијално или комплетно губење на истиот.
За ваша информација, старите мачки се почесто ќе се удираат во објекти, ќе имаат проблеми да идентификуваат каде сте им ја фрлиле играчката, како и би имале потешкотии при пронаоѓање на нивниот омилен сад за храна.
Исто така, првите знаци за проблеми со видот можете да ги воочите и вие, доколку забележиоте дека едното око на мачката се разликува од другото по боја, нерамномерна отвореност, појава на црвенило и тн.
Како што мачките стареат, така влакната ќе бледеат, некогашниот сјај на крзното ќе оди во надолна линија, бидејќи лојните жлезди нема да бидат во можност повеќе да си ја извршуваат својата функција како што беше случајот во минатото.
Истото важи и за "перничињата" на нивните шепи кои што нема да бидат меки, туку напротив, суви и рапави.
Добар пример за како да бидете сигурни дека промената на крзното се должи на староста е тоа ако сте сопственик на црна мачка, и со тек на време забележите дека крзното станува сивкасто наместо црно.
Кај возрасните мачки, а особено кај постарите, речиси 30-70% од нив патат од болест кај забите кој што прави коренот на забот да започне да скапува.
За жал, ова е премногу болен процес кај мачките бидејќи истите не се во можност да се хранат ниту да поминуваат квалитетно време со вас, па, поради тоа, ве советуваме да обрнете внимание и задолжително да одите на ветеринар.
Појавата на непријатна миризба е една од индикаторите која укажува на старост или пак на проблеми со забите.
Кај старите мачки се почесто се појавува остеоартритис, која што е хронична болест која што деструктивно влијае на 'рскавицата на зглобовите, односно, мачката се соочува со силни болки при одење.
За жал, не постојат сигурни лекарства кои би и помогнале на мачката да ја надмине оваа болест, но, експертите се препорачуваат да обрнете внимание кон здравјето и исхраната, бидејќи оваа болест многу полошо би се манифестирала кај мачките со вишок килограми.
Се надеваме дека оваа статија ви помогна да имате подобра претстава околу стареењето кај вашите мачки, и дека дознавте повќе одлични информации кои би ви помогнале при справување со тегобите кои би ги чувствувале вашите мачки.
За крај, следете го нашиот блог и во иднина, бидејќи тука, ќе прочитате најразлични статии од информативен карактер, со најразлична тематика.
Пораки
Информации за корисникот