Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

plants you can grow in your apartment


Зеленчук и овошје кое може да го одгледувате во стан


Речиси и да не постои човек кој што не користи зеленчук или овошје во својата исхрана, а главната причина за ова се витамините и хранливите материи кои што ни помагаат во детоксикацијата на телото, еланот кој што го чувствуваме и свежината по конзумирањето.

Доколку вашите живеалишта се станови, а притоа, сакате да го трансформирате домот во прекрасна градина во која ќе можете самите вие да одгледуватe храна односно зеленчук и овошје, а не знаете како да започнете, тогаш не грижете се!

Во оваа статија ќе прочитате 6 видови на овошје и зеленчук кои се одлични за одгледување во условите кои ги нуди вашиот стан!


#1 Чили пиперка

Чили пиперките се одлични за одгледување во домашни услови, а поради нивната големина, атрактивен изглед и специфичен лут вкус, се поголем број на луѓе се одлучуваат да ги одгледуваат во саксија во нивниот стан или пак на тераса.

Во секој случај, за да постигнете одлични резултати, особено доколку планирате истите да ги одгледувате во саксија, ве советуваме да обрнете значајно внимание на 2 работи - влажност и светлина.

Потоа, одберете саксија, и наполнете ја со квалитетен супстрат наменет за зеленчук, наместо со обична земја, бидејќи таа со тек на време ќе се збие во саксијата и тоа нема да му овозможи правилен раст на коренот.


Сеење

Генералното правило е дека семето треба да се посади во длабочина од 4-5mm, бидејќи се што е над оваа граница е непотребно, а после 10 дена ( во зависност од сортата ) тоа ќе почне да ги пушта првите корења.


Наводнување

Во поглед на наводнувањето, чили пиперката има потреба од често наводнување бидејќи единствениот извор на вода е само онаа која што постои во самата земја во саксијата.

На пример, во услови на температури над 18°C, наводнувањето треба да се врши еднаш неделно, додека пак, во температури над 27°C тоа треба да се прави 2 пати неделно.


Локација и температура

Чили пиперката дава најдобри резултати во услови на 25-32°C, а доколку ги чувате на тераса, имајте на ум дека ноќните температури никогаш не треба да паднат под 10.

За крај, поставете ја саксијата на места каде што има доволно светлина (најмалку 12 часа), а воедно и топлина, и уживајте во вкусот после бербата!


#2 Освежително Нане

Иако нането не спаѓа во категоријата на зеленчук или овошје, сепак,  вкусот на ова ароматично растеније се употребува во подготовката на салати со зеленчук или овошје, а освежувачкиот вкус е само причина плус за да размислите за неговото одгледување.


Подготовка

Нането бара влажна почва и умерена светлина, наспроти директна светлина, но и често наводнување, бидејќи доколку овие работи ги запазите, тогаш нането ќе процвета токму онака како што треба.

Садење и наводнување

Садењето можете да го направите со претходно купено нане кое што подоцна само треба да го пресадите во поголема саксија во која треба да направите место за нането, кое што подоцна ќе ја наполните со земја.

Но, можете и да го оставите стебленцето неколку дена во вода за да развие корен кој што подоцна би бил пренесен во земја богата со хумус.

Процесот е толку прост и едноставен да не можете да погрешите.

Единственото нешто на кое што треба да внимавате е земјата да биде постојано влажна, а во зависност од температурата, наводнувањето може да го правите еднаш дневно или еднаш на 2-3 дена во текот на летните периоди.

Доколку е зима или есен, тогаш еднаш неделно би било сосема во ред.

Имајќи го предвид фактот што нането расте многу брзо, за да го продолжите растот онака како што треба, ве советуваме редовно да ги собирате листовите и тоа на нежен начин, бидејќи во спротивно,  наглото ваѓање може да води кон стрес на самото растение.


#3 Лимон

Одгледувањето на лимон не е воопшто тежок процес, бидејќи луѓето најчесто го садат во саксија, за да потоа, тоа порасне во одлично декоративно растение кое може да ја трансформира вашата тераса во цветна градина!

Тука ќе можете да прочитате повеќе совети околу здравствените бенефити и начинот на одгледување на ова овошје во вашиот дом, без разлика дали живеете во стан или пак за куќа, бидејќи лимонот е навистина флексибилен!

Во секој случај, единственото нешто на кое што треба да внимавате доколку истото го одгледувате во саксија е да нанесете повеќе ѓубриво, особено доколку лимонот е постар и се наоѓа подолго време во истата саксија.

Најоптимално и за вас и за лимонот би било нанесете ѓубриво после полевањето.


#4 Рузмарин

Рузмаринот е одлично растение кое можете да го одгледувате и во саксија, но и доколку сакате да ја позеленените вашата градина во дворот, бидејќи се работи за повеќегодишна билка која испушта прекрасна мизирба во секој простор!

Но, ако живеете во стан и планирате истото да го одгледувате во саксија, ве советуваме да го позиционирате во топол и светол простор бидејќи  рузмаринот не е подобен за ниски температури.

Процесот на засадување е многу лесен и едноставен, бидејќи се што треба да направите е да земеете постар рузмарин од кој што ќе одсечете мало гранче, кое потоа треба да се исчисти, за на крајот да биде сместен во лесна земја, иако се препоручува земјата да има и песок или глина.

Другата варијанта е да го ставите рузмаринот во вода за да испушти корени кои подоцна ќе ги засадите.

Како и да е, откако ќе го засадите ова растение, многу е важно да го наводнувате балансирано и редовно со цел да избегнете истото да се исуши.


#5 Босилек

Ова нискорастечко медитеранско растение се одгледува повеќе од 5000 години, и тоа уште од пределите на Иран, Индија и остајнатите тропски региони во Азија, а неговата популарност најмногу се должи на уникатниот вкус, мирис и на позитивните ефекти врз човечкото здравје!

Босилекот исклучиво бара топла клима и доволно топлина и влага за да започне да расте, па така, ви препорачуваме да при сеењето, истото да го сместите во саксијата и да ја залевате истата 1-2 неделно.

Најоптимални услови за раст на босилекот се температури од 20-30 степени, и се разбира, редовното полевање е задолжително за да поттикнете правилен раст на ова цвеќе.

Покрај ова,  саксијата со босилек можете да ја сместите на прозорецот бидејќи светлината е повеќе од адектватна, а за возврат, ова растение ќе ви понуди тотална заштита од комарци и инсекти особено во летната сезона!


#6 Магдонос

Mагдоносот е еден од најмногу употребуваните растенија чиј листови се користат во кујната на речиси секое семејство, а сигурни сме дека  и не можете да замислите салата која што не вклучува барем малку магдонос.

Па, зошто да не почнете да го одгледувате ова растение во вашиот дом, а со тоа и да имате неограничени количини од листовите кои што можете да ги користите за подготовка на храна во која што ќе уживате заедно со најблиските?

За ваша среќа, ова растение воопшто не бара некое посебно внимание, бидејќи коренот станува цврст кога ќе го посадите во саксија за многу кратко време, а единственото нешто на кое што треба да внимавате е наводнувањето, кое што треба да биде со поглема количина на вода, особено на почетокот откако ќе го посадите.

Покрај ова, магдоност е многу адаптилен и флексибилен, а тоа значи дека истиот можете да го комбинирате и со друг зеленчук како што е пипер или домат.

За крај, би сакале да ве ве известиме дека магдоносот не бара многу плодна почва, односно почва богата со хумус, бидејќи тоа може да биде дури и негативно за растот, бидејќи растението може многу полесно да биде нападнато од црви кои што се хранат од коренот на магдоносот.


Кое е вашето следно овошје или зеленчук кое што ќе го одгледувате во комфорот на вашиот стан?

Иако изборот го оставаме исклучиво на вас, се надеваме дека сте задоволни од прикажаното,бидејќи имавте можност да прочитате но и да дознаете малку повеќе околу кои овошја и зеленчуци се погодни за одгледување на стан, и како можете да постигнете одлични резултати!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации