Летото е синоним за годишни одмори, рекреација, како и уживање во водените спортови, а она што е одлично е фактот што Македонија има фантастични места кои вредат да се посетат, и места кои ги нудат овие активности!
Во оваа статија, ќе можете да прочитате кои се најпопуларните водени спортови во Македонија, кои места се одлични за ваков тип на рекреација, па затоа, проследете ја статијата до крајот и дознајте што имаме подготвено за вас!
Македонија е земја која што изобилува со водени површини, впрочем, нашата земја има 160 езера, од кои 50 од нив се настанати по природен пат, додека пак, останатите се вештачки.
За нуркање, најпопуларни места во Македонија се Охридското Езеро, Преспанското Езеро, а со се поголема популарност се стекнува и Матка, односно пештерата Врело.
За ваша информација, Врело е првата најдлабока подводна пештера на Балканот, и втората најдлабока подводна пештера во Европа, со длабочина од 230 метри.
Имајте предвид дека точната длабочина не е сеуште утврдена, а тоа ја прави оваа дестинација, како и самата пештера извонредна можност за секој љубител на водени спортови.
Покрај одлично организираните нуркачки активности во Врело, Охрид како најголемо езеро во Македонија е исто така одлична можност за да ги тестирате вашите нуркачки способности.
Големата бројност на активни нуркачки клубови ќе ви биде од огромна корист, бидејќи без разлика на вашето искуство, постојат одлични програми кои се наменети и за веќе искусните, и за оние на кои што овој тип на рекреација го прават за прв пат!
Па, доколку сте љубител на подводниот свет, тогаш нуркањето мора да биде едно од активностите во вашата листа на приоритети, бидејќи целокупното искуство во комбинација со огромните здравствени бенефити ( подобрена циркулација, намалување на стрес, зголемена концентрација, и сл) вреди да го искуси секој човек!
Кајакарењето е еден од најпопуларните спортови во Македонија, а како топ дестинации кои ја нудат оваа активност се кањонот Матка, Радика, Црн Дрим, Охридското и Преспанското Езеро, но, и се поголема популарност добиваат Дебарското и Мавровското езеро.
Но, за волја на вистината, Матка е убедливо најдобра дестинација за кајакарење, а тоа се должи на фантастичните брзаци на реката Треска која ќе ви понуди незаборавно поместување од вашата комфор зона, преку внесување на возбуда и адреналин!
Ако во случај повеќе фаворизирате спокојно веслање со кајакот, или сте почетник, тогаш Охридското и Преспанското езеро се топ можност за реализирање на вашата цел, бидејќи овие езера ќе ви понудат одличен поглед од природните убавини.
На пример, ако се одлучите за Охрид, покрај веслањето со кајак, не заборавајте да ги посетите овие места за да вашето искуство биде комплетирано во потполност!
Покрај адреналиност и забавата, кајакарењето нуди и многубројни бенефити, како што се подобрена дефиниција на вашето тело, зајакнување на горниот дел од торзото, зајакнување на нозете, намалување на стресот и намалување на тежината.
Едрењето во Македонија отсекогаш бил еден од најзастапените водени спортови, а како топ најдобри места за едрење се Охридското и Преспанското Езеро чиј што водени пространства се навистина големи!
За ваша среќа, постојат многубројни едриличарски клубови кои ќе направат да се почувствувате поблиску до природата, а воедно, и да уживате во синилото и убавините на окружувањето во Охрид и Преспа.
Ако пак, на пример сте во потрага по едрилици или веќе имате искуство со едрење, тогаш уживањето ќе ви биде скромно, односно, би немале додатни трошоци за да бидете дел од програмите.
Како и да е, едрењето е вистинско уживање, бидејќи прави да заборавите на работата додека сте на летување, и ве полни со позитивна енергија и чист воздух.
Да не заборавиме, едрењето го подобрува вашето ментално здравје, но, го зголемува и вашето целокупно ниво, бидејќи едрењето води кон зајакнување на издржливоста и ги засцврстнува вашите мускули.
СУП е моментално еден од најбрзо растечките спортови на вода во светот, а голем дел од вас веќе сигурно наишле на ова име додека бевте на одмор во странство.
Она што е одлично е фактот што СУП или популарно кажано "paddleboarding" се повеќе се шири и во Македонија, иако темелите на овој спорт потекнуваат од Африка, Јужна Америка и Полинезија.
За оние кои што се прашуваат што е всушност СУП, одговорот е навистина лесен - ова е активност вклучува даска на која што сте сместени во стоечка положба, и весла која ќе ви помогне да се движите по водата.
Убавината во овој вид на спорт е тоа што е одличен за почетниците, бидејќи во голема мера тоа се одвива во мирни води, па така, додека самостојно пловите, пред вас ќе можете да ги уживате убавините на окружувањето.
Втората предност на SUP спортот е тоа што во зависност од моделот на даската, вие можете да пловите заедно со уште еден член од вашето семејство, пријател или домашен миленик, што значи дека релаксирањето и ведрото расположение ќе можете да го дуплирате со уште една личност!
Во поглед на дестинациите, најмногу Охрид изобилува со овој тип на спорт, но, неретко се нудат SUP активности и во останатите подрачја ширум Македонија, каде што постои водна површина, и понуди од страна на најразлични клубови
Така да, доколку ви се допаѓа овој спорт, тогаш не размислувајте два пати!
Откако дознавте за најпопуларните водени спортови, она што следува е да ви понудиме и неколку активности кои што можете да ги направите додека сте на летување.
Имено, возењето на скутери на вода, чамци, едрилици и кајчиња е одлично искуство кое што морате да го реализирате низ дестинациите во Македонија!
Зошто? Бидејќи на располагање ќе имате водени скутери кои што се одлични за водени лудории, додека пак, кајчињата, чамците и едрилиците се топ избор за луѓе со семејства, како и за луѓе кои што повеќе сакаат да бидат ви мирување и да разгледуваат.
Воедно, тука ќе можете да прочитате повеќе работи кои што не би смееле да ги пропуштите за време на летувањето.
За најхрабрите, ви препорачуваме да пробате летање со падобран кој што ќе биде прикачен за чамец или брод, а ваков тип на активности најчесто се нудат во Охрид.
Кој тип на водени спортови најмногу ви се допадна, и кој воден спорт отсекогаш сте сакале да го испробате, а досега, не бевте во можност тоа да го реализрате?
Конечната одлука ја препуштаме на вас, а воедно, ве охрабруваме да продолжите со следење на нашиот блог, бидејќи тука ќе имате можност да прочитате најразлични статии од секаква тематика!
Пораки
Информации за корисникот