Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

places you should visit in Ohrid


Неколку места кои мора да ги посетите во Охрид


Балканскиот Ерусалим, како што многумина го нарекуваат Охрид ширум светот е една од најпознатите туристички дестинации во Македонија која што плени со своите легенди, одличната местоположба, уникатната архитектура, природа и калдрма која е белег на историјата, и на непречениот развој на градот уште од историјата.

Охрид има мал милион места кои што го заслужуваат вашето внимание, но, и покрај тоа, многумина од граѓаните најчесто се фокусираат исклучиво на плажите и центарот на градот, не знаејќи дека Охрид е многу повеќе од тоа.

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични места во Охрид кои што не смеете да ги пропуштите, без разлика дали планирате да одите на викенд или пак на летување!


Залив на коските

Заливот на Коските ќе Ве фасцинира уште од моментот кога ќе стапнете во овој, археолошки комплекс сместен на локалитетот Плоча Миќов Град, во прегратките на јужниот брег на Градиште, во близина на Пештани.

Овој комплекс на најдобар начин го отсликува развојот на Охрид и неговата околина од историјата па се до денес, бидејќи ова археолошко место датира уште од крајот на бронзената и почетокот на железното време ( 1200 п.н.е до 700 н.е.).

Праисториската наколна населба која што е сместена во Заливот на Коските, во минатото се простирала на повришна од 8500 м2, а според анализата од експертите, таа била изградена на платформа која што била поставена на дрвени колци кои биле збиени во дното на езерото! Замислете!

Она пак, кое што е уште поинтересно е фактот што археолозите и истражувачите утврдиле дури 6000 дрвени колци поставени на дното на езорото само во периодот од 1997 - 2005, што само по себе говори многу за начинот на кој што човекот градел уште од најстарите времиња!

Денеска, овој комплекс е музеј сочинет од 24 реконструирани праисториски куќи, но, и на полуотворени градби дизајнирани во видиковци за одмор на секој посетител.

Повеќе информации ќе можете да прочитате тука, иако ве охрабруваме да го посетите ова место и да го искусите допирот со праисторијата во 21 век!


Искапете се во Трпејца

Трпејца, или македонскиот Сен Тропе е една од најубавите плажи и дестинации во Охрид кои што морате да ги посетите макар еднаш во животот!

Ова живописно место е посебно, и во поглед на локацијата која што е оддалечена од само 13 километри од центарот на Охрид, на патот од Охрид кон Св. Наум.

Исто така, важно е да се напомене дека постојат многубројни легенди за името на оваа дестинација, а една од нив не е само метафорична  (трпеза) туку е и буквална, бидејќи селото е сместено во заремнет дел на "полуостровче" кое личи на трпеза.

Во поглед на плажата и езерото, плажата на Трпејца се одликува со ситен бел камен, а бојата на езерото е толку чиста и провидна што ќе можете да ги забележите белите камчиња кои што се потопени во езерото.

Кога ќе ја додадеме и љубезноста на трпејчаните, како и одличната храна која ќе ви биде понудена, повеќе од сигурно е дека времето поминато на Трпејца ќе ви остави прекрасни мемории!


Национален парк "Галичица"

Доколку сте љубител на природа, тогаш националниот парк Галичица е повеќе од идеална локација која што морате да ја посетите, особено ако патувате во Охрид.

Свежиот воздух, еднемската флора, и се разбира, фауната од која најмногу се застапени птиците со преку 266 видови, има сигурно да ви го привлече вниманието и да ви ги наполни батериите како што отсекогаш сте сакале!

Исто така, би сакале да нагласиме дека националниот парк Галичица зафаќа површина од неверојатни 22,750 хектари, кои се распослани помеѓу двете најголеми езера во Македонија - Охридското и Преспанското езеро.

Погледот кој што ќе го имате е неповторлив, додека пак, галичките езера од ледничко потекло со својот шарм ќе направат да се запрашате зошто досега не сте го посетиле овој дел од Македонија и Охрид.


Куќата на Робевци

Куќата на Робевци ја отсликува уникатната, охридска архитектура, но, и резбарската школа која што произвела фантастичен објект која била во сопственост на браќата Робевци.

Мајсторот односно градетелот на куќата на Робевци е Тодор Петков во далечната 1825 година, а она по кое што се одликува оваа архитектонска градба се трите ката  заедно со најгорниот кат кој што е познат како "ширван".

Имајќи го предвид фактот што оваа куќа е вистинско културно наследство на Охрид и Македонија, ве охрабруваме да ја посетите оваа локација која што ќе ве воодушеви како во поглед на екстериерот, така и во поглед на ентериерот!

Дали сте знаеле: на банкнотата од 10 денари е претставено торзото на божицата Изида, кое што е изложено во куќата на Робевци?


Самуилова тврдина

Самуиловата тврдина е белег на градот Охрид, а воедно претставува и статусен симбол кој што мора да се посети без разлика дали сте на еден ден, викенд или летувате во Охрид.

Да не ја посетите тврдината е исто како да не ја посетите Ајфеловата кула кога сте во Париз, едноставно би изгубиле многу!

Она по кое што се истакнува оваа тврдина од останатите во Македонија е тоа што се издига на 100 метри над нивото над Охридското езеро, но и по тоа што рестарвацијата допринела кон зачувување на изгледот, што значи дека ќе имате можност да посетите "мал" дел од историјата на Македонија и Охрид.

Исто така, познатата "златна маска" и "златна ракавица" кои што постојат на банкнотите од 500 денари се ископани токму во оваа тврдина, меѓу останатите вредни наоди, што е уште една причина плус која би требала да ве натера на евентуална посета!


Пештани

На само 15 километри од Охрид, во западното подножје на Галичица, спроти брегот на Охридското езеро се наоѓа селото Пештани  кое што е сместено на надморска висина од 700м, а истото отсекогаш го поттикнувал интересот кај туристите, благодарение на местоположбата, убавината на водата, и се разбира, на многубројните приватни сместувачки капацитети.


Посетете ги најпознатите црвки и манастири

Иако легендата вели дека Охрид има онолку цркви колку што постојат денови во годината, сепак, не грижете се, не мора да ги посетите сите 365 цркви туку само оние кои што се белег на самиот град -  манастирот Св. Наум,и црвките Св. Јован Канео,  Св. Пантелејмон и Св. Софија.

Нивната архитектура, убава локација која што ви нуди можност да го погледнете Охрид во најдобро светло е и една од најглавните причини поради кои многубројни туристи ширум светот пристигнуваат во Охрид за летување и прошетка!


За крај, доколку ви е потребен смештај во станови, викендици, соби или останати живеалишта за привремен престој, бидете сигурни дека Пазар3 ви го нуди најголемиот избор на сместувачки капацитети во Охрид на едно место,
па затоа, погледнете ги сите огласи и поминете одлично време во Охрид.

Во секој случај, се надеваме дека на било кој начин ви помогнавме во планирањето на следната посета или летување во Охрид, па затоа следете не и во следните статии, бидејќи во нив ќе прочитате многубројни корисни совети од разна тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации