Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to ride your motorcycle correctly during the summer


Управување со моторцикли во летната сезона - На што треба да внимавате?


Како што температурите одат во нагорна линија, а патишата стануваат се полесни за управување на моторцикли, така се зголемува и бројот на активни моторциклисти на кои што им започнува летната авантура со своитe  возила - моторите!

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични совети од информативен карактер кои што ќе ви помогнат да имате безбедно и возбудливо возење со вашите моторцикли за време на летната сезона, па затоа, останете со нас и прочитајте што имаме подготвено за вас!


Понесете заштитна опрема со вас

Една од клучните работи која што следи откако ќе го подготвите моторциклот за летната сезона, подразбира и целосно користење на заштитна опрема како што се кациги и облека, ракавици, јакни, штитници за колена и сл.

Имајте на ум дека управувањето со моторцикли мора да вклучува и заштитна опрема, без разлика дали сте почетник или професионалец кој што сака да патува долги или пак, кратки дестинации.

Според статистиките, носењето на заштитна кацига може да ги намали повредите како и последиците кои произлегуваат од повредите за дури 69%, додека пак, чизмите се доволно ефикасни за да ви ги заштитат нозете со ефикасност од дури 90%.

Она што често моторциклистите знаат да го направат е да започнат со управување на своите моторцикли без притоа да ги имаат обезбедено најосновните работи за безбедно возење, па затоа, често сме и сведоци на немили настани и вести.

Поради тоа, Пазар3 ве советува секогаш да бидете совесни возачи какона автомобили, така и на моторцикли, без разлика дали сте сопственик на мопеди под 50 кубика, или пак мотори над 50 кубика како скутер, крос/ендуро мотори, спортски, туринг, теренски, чопери, атв мотори и сл!

Колку што е поголема кубикажата, толку е поголема и силата на моторот, па така, управувањето може да претставува и вистински предизвик особено доколку возите брзо, а немате соодветна опрема со вас!


Останете хидрирани

Жешките горештини го исцрпуваат телото, а особено возачите се подложни на дехидрирање доколку патуваат долги релации и притоа, не прават паузи ниту конзумираат вода во текот на денот.

Поради тоа, пијте течности во текот на целиот ден, наместо да испиете едно шише со вода неколку минути пред да започнете со возење на вашите мотори, а причината е многу едноставна.

Имено, потребно е околу 30 минути за да водата која што ја пиете допре до вашите мускули, па така, доколку се одлучите да испиете големи количества на течности пред возење, а потоа започнете со возење, тоа може да доведе до стомачни тегоби или грчеви.

Наместо тоа, настојувајте да внесувате доволно количества на вода во текот на денот, а потоа, понесете си и вода со вас која што можете да ја пиете во помали количини, но во пократки фреквенции.

Во спротивно, управувањето со моторцикли без да внесете течности може да допринесе кон умор, драстичен пад на фокусот, и сл проблеми кои можат драстично да ја намалат безбедноста со која би го управувале моторот.

Се разбира, под "течности" не спаѓа алкохолот, туку се останато - освежителни пијалоци, вода, ладен чај и сл.


Планирајте го времето и рутата за возење

Пред да го вклучите вашиот моторцикл, убаво испланирајте ја рутата по која што планирате да возите, и гледајте да избегнувате да излегувате во најголемите жештини, освен, ако се разбира, приморани сте да отпатувате до посакуваната дестинација.

Експертите препорачуваат да избегнувате управување со моторцикли па дури и пешачење во периодот од 11:00 часот па се до 16:00 часот, бидејќи тогаш температурите се највисоки, а често луѓето знаат и да колабираат при пешачење или возење.

На пример, како искусен моторциклист или пак, фан на адреналинско возење со моторцикли, вие можете да станете рано наутро, да го испиете првото кафе и појадете, а дури потоа да се впуштите во авантурата!

Кога ова би го правеле порано, сообраќајот не би бил пренатрупан, ниту пак, сонцето би испуштало премногу топлина, а ова се двата основни предуслови за да уживате во она што може да го понуди вашиот моторцикл!

Од друга страна, убаво испланираната рута е секогаш од голема корист, бидејќи сигурно не сакате да патувате по лош асфалт на долг рок кој што може драстично да го намали потенцијалнот и правилното работење на сите моторцикли, без разлика на типот!


Не заборавајте да направите пауза

Речиси и да не постои љубител на моторцикли кој што сака да застане на патот за да се одмори, а тоа е и сосема разбирливо имајќи го предвид задоволството кое што овие моторни возила можат да го понудат на своите сопственици.

Но, оваа практика повеќе штети отколку што нуди задоволства во пракса, бидејќи уморот е главната причина за сообраќајни незгоди, а како што знаеме, возењето на 2 тркала, и возењето со 4 тркала е далеку поголем предизвик.

Пазар3 Ви препорачува да правите чести паузи, или најмалку 10 минутна пауза на секое 60 минутно возење, а за време на паузата, не заборавајте да внесете течности, но, и да го исклучите моторциклот со цел да се олади.

Оваа практика ќе ви помогне да си го вратите фокусот, но, и да ја регулирате телесната температура како и температурата на моторот со цел да не се соочите со потенцијални проблеми.

Во секој случај, кога би правеле пауза, немојте никогаш да го оставате моторот на сонце, туку под сенка доколку има во близина.


Возете внимателно

Секогаш настојувајте да ја одржувате брзината според пропишаните правила на автопатот или пак, согласно брзината во населените места, бидејќи во спротивно, вие не ризикувате само парична казна туку и потенцијално загрозување на сопствениот како и животот на останатите учесници во сообраќајот!

Иако адреналинот кој што го чувствувате во моментот е предобар, сепак, безбедното возење треба и мора да биде секогаш вашиот приоритет!

Според Министерството за транспорт на САД, во 2019 година се забележани 5014 фатални сообраќајки со моторцикли, од каде што 32% од причините биле брзо возење.

атоа, дури и да сте најискусниот моторциклист на светот, сепак, сигурно не се ставени беспотребно знаци или пак препораки кои укажуваат дека брзината мора да биде регулирана од ваша страна на најсоодветен начин.


Се надеваме дека веќе имате далеку подобра претстава во поглед на како треба да управувате со моторциклите за време на летото, но, и кои работи да ги одбегнувате, а ние ќе ви посакаме лесно и безбедно возење за време на вашата летна авантура!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации