Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to prepare your motorcycle for the summer


Како правилно да го подготвите моторциклот за летната сезона?

Како што пристигнува летото, така се зголемува и бројот на возачи на моторцикли кои што ги користат овие возила за рекреативни цели, но, и за општа употреба како што е патување од една до друга дестинација.

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични совети кои ќе Ви бидат од голема помош, особено при детектирање на кои делови за моторцикли треба да внимавате, и како всушност треба да изгледа правилната подготовка на моторциклите за летната сезона!


#1 Проверете или променете го вашиот акумулатор, кабли и електрика

Имајќи го предвид фактот што за време на зимата, вашиот мотор, скутер или мопед не бил во функција поради временските прилики, овој "застој" сигурно во голема мера го исцрпил акумулаторот, па доколку пробате да го вклучите моторциклот, големи се шансите да се соочите со потешкотии.

Во овој поглед, вие имате 2 опции - првата опција е да го наполните акумулаторот, или пак, доколку е стар и покажува знаци на неисправност дури и откако ќе го наполните, да го замените и купите нов кој што значително ќе го зголеми перформансот на работење.

Покрај акумулаторот, од клучна важност би била и проверката на каблите, односно дали некои од каблите се изгорени, или пак, покажуваат знаци на истрошеност.

Исто така, не заборавајте да обрнете внимание и на целиот електронски систем, и се разбира, на светлата, чиј процес најчесто вклучува едноставна промена на постоечките светилки ( доколку не се повеќе исправни). Сепак, видливоста на вашите моторцикли мора да биде на високо ниво во сообраќајот, особено навечер.

Колку полесно и побрзо ги забележите индикаторите, толку подобро би биле подготвени за летната сезона.


#2 Гуми

Гумите се најважната работа која што стои помеѓу вас, асфалтот и моторциклот, а тоа значи дека гумите мора секогаш да бидат исправни, бидејќи во спротивно, ризиците се големи а често завршуваат и фатално.

Поради тоа, ве советуваме да ги однесете веќе постоечките гуми на балансирање и пумпање, или пак, доколку истите покажуваат некои недоследности како на пример - истрошеност, пукнатини, во истиот момент преземете чекори за нивна целосна промена.

Причината е повеќе од едноставна - колку што е подобар квалитетот на гумата, толку квалитетот на возење ќе биде подобар, потрошувачката на гориво помала, и се разбира, ризиците за незгоди би биле минимални, а тоа впрочем е и најважно за вас, но, и за останатите учесници во сообраќајот.

Во секој случај, немојте никогаш да одбирате гуми кои што не се соодветни за вашата класа, без разлика колку и тоа убаво да изгледа, а оваа препорака буквално важи за секој тип на моторцикл - скутери, крос/ендуро, спортски, туринг, чопери или атв мотори.

Затоа, следете ги препораките од производителот при избирање на гуми, бидејќи тоа ќе ви помогне да изберете гуми кои ќе ви ветат сигурно и воздбудливо возење!


#3 Промена на масло

Речиси секој производител препорачува промена на маслото на моторциклите пред складирање на истите во гаражи во текот на зимскиот период, но, и по завршување на зимата.

Препораката за промена на маслото пред складирање се состои во тоа што со текот на времето, маслото ќе се разградува постепено, а тоа ќе доведе кон креирање на кондензација која што може да допринесе кон оштетување на моторот.

Од друга страна, проверката и промената на маслото после подолг период на неактивност на моторциклите е важна за да обезбедите правилна работа на моторот, а оваа практика ќе биде позитивна како и за возачкото искуство така и за издржливоста на вашите моторцикли на долг рок.

Освен промената на маслото, ве советуваме целосно да го испразните антифризот и да го замените со нов.


#4 Кочници

Кочниците се несомнено еден од најважните делови кај вашите моторцикли, а тоа е и сосема очекувано имајќи го предвид фактот што нивното присуство може да го спаси вашиот живот, но и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Поради тоа, проверката на кочниците треба да биде секогаш вашиот приоритет, а доколку забележите некои неисправности, најдобро за вас и за моторциклот би било да посетите докажан сервисер кој што ќе пронајде решение за проблемот, или пак, комплетно ќе ги замени досегашните кочници со нови.

Иако ова звучи очекувано, сепак, голем број од возачите не обрнуваат доволно внимание на овој дел од "проверката" која морате да ја направите при подготвување на моторциклите за летната сезона.

За волја на вистината, постојат и повеќе индикатори кои укажуваат дали сегашните кочници ви се исправни или пак не.

На пример, ако при кочење, забележувате дека на кочниците им е потребно повеќе време за да го успорат моторот, или пак, звукот кој што го испуштаат е гласен, тогаш сигурно кочницата не е повеќе квалитетна.


#5 Исчистете и подмачкајте ги ланците ( доколку моторот нема каиш)

Редовната проверка на квалитетот на ланецот, што подразбира и чистење е основниот предуслов за да вашите моторцикли бидат спремни за летната сезона, бидејќи во спротивно, нечистотиите кои можат да ги обвијат ланците ќе придонесат кон пад на квалитетот на возење.

Процесот на чистење и подмачкување е прилично лесен и едноставен, најпрвин, одберете жичана четка и нанесете препарат за чистење.

Потоа, истријте го ланецот се додека не падне и последната нечистотија, а подоцна, подмачкајте го истиот со подмачкувач во зависност од типот на моторот.


#6 Тестирајте го моторот

Вклучете го моторот, и оставете го да поработи некое време пред целосно да започнете со негово користење.

Оваа практика ќе ви помогне да забележите дали звукот кој што го испушта е нормален, или пак наговестува некаков дефект.

Потоа, не се впуштајте веднаш на повеќечасовно возење, туку потрудете се првите неколку дена да возите помала километража, и без притоа да го оптеретувате моторот премногу.

Се разбира, во ова голем удел игра и типот на моторот, сочуваноста и останати фактори, бидејќи појаката класа на мотори можат да ви гарантираат одлично возење без никакви посебни предуслови.


Не заборавајте да ја понесете безбедносната опрема при возење

Макар и да одите до продавница, секогаш понесете кацига и заштитна опрема со вас, бидејќи несреќите се случуваат за секунда.

Често, дури и најискусните возачи на моторцикли можат да се најдат во лоша ситуација, а што станува за оние кои што се сеуште се во фаза на учење како треба да се управува моторциклот?

Како и да е, Пазар3 како најголем огласувачки сајт во Македонија има задача секогаш да ги информира, но, и да се труди да ги мотивира своите посетители да возат безбедно, како и да користат заштитна опрема при возење, бидејќи безбедноста во сообраќајот е секогаш на листата на топ приоритети.


Се надеваме дека оваа статија ви помогна подобро да се припремите и вие, како и вашите моторцикли за возење во летната сезона, па затоа, ве охрабруваме да ги искористите овие совети во пракса.

Следете го нашиот блог и во иднина, бидејќи тука ќе можете да прочитате најразлични совети и информации од секаков карактер!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации