Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

new tyre labelling rules


Што значат новите ознаки на пневматиците?


Од мај, 2021 година, на сила стапија новите ознаки за пневматиците од страна на ревидираната Регулатива за означување на пневматици, како и со регистрирање на базата на податоци (EPREL), се со цел да им се обезбеди на купувачите веродостојни информации кои ќе им помогнат при купувањето.

Но, кои се тие? Дали знаете некои од нив? Во секој случај, во оваа статија ќе можете да прочитате повеќе за новите ознаки, се со цел да имате полесно  купување на  летни гуми и на зимски гуми, без разлика дали станува збор за автомобили, или пак за некој друг вид на возила.


Која е вистинската причина за ваквата одлука?

Со новата регулација на ознаките за гуми, целта на Европскиот парламент е да воведе параметри кои ќе бидат од огромно значење за животната средина, односно, овие регулативи ќе водат кон драстичен пад на емисијата на СО2 за неверојатни 10 милиони тони годишно.

Покрај ова, ознаките подобро ќе го информираат купувачот околу бучавата која би ја произведувала гумата,  степенот на заштеда на гориво, нивото на безбедност, како и на влажниот зафат.

Кога веќе споменавме за заштеда на гориво, за ваша информација, нивото на отпорност при триење на гумите сочинуваат околу 20-30% од целокупната потрошувачка на гориво.

Овој сегмент е несомнено една од главните фактори кои ги имате предвид при одбирање на гуми, а тука, ќе можете да прочитате и 10 одлични совети за заштеда на гориво кои ќе ви бидат уште од поголема корист.


Кои се новите ознаки во оваа регулатива?

Во споредба со досегашните ознаки за гуми каде што влажниот зафат бил претставен од А до G каде што "А" е претставен како најголемиот зафат, во новите ознаки, има мала промена, па наместо од А до G, моменталната нова скала ќе биде од А до Е.

Се разбира, тука нема да биде изоставена и потрошувачката на гориво, каде што новата регулатива ќе содржи назнака за помала ефикасност од категоријата А (најмала потрошувачка) па се до B,C,D за да на крајот заврши до Е која што е воедно и  класа за најголема потрошувачка.

Следната промена предвидува и назнака за нивото на бучавост од А до C, која што ќе се изрази во децибели, заедно со пиктограм за прилегнување на мраз.

Имено, пиктограмот за прилегнување на мраз ќе биде заснован според ISO 19447 стандардот, за кој што се очекува официјално да биде прикажан до крајот на јули, 2021 година.

new tire rules

Покрај ова, во новите назнаки ќе можете да забележите и QR код кој што е поставен во десниот, горен агол, а одлуката за постоењето на QR код е најбрзо да можете да се поврзете со базата на податоци на Европскиот регистар на производи за енергетско означување (EPREL) кој што го споменавме уште во почетокот на статијата.

Откако ќе скенирате, на вам ќе ви биде прикажана листа која ќе ги содржи сите информации за моделот на гумата за која покажувате интерес.


Дали може да очекувате и други промени?

Покрај евидентните промени кои веќе ги прочитате, како и промената на назнаката за бучавост, новата регулатива предвидува и нови параметри кои ќе се вклучат, во истиот момент откако истите ќе бидат измерени, а тоа се километражата, и абразијата на гуми.


Што да избегнувате при купување и користење на гуми?

Пред да завршиме со статијата од информативен карактер, би сакале да ве советуваме да избегнувате користење на зимски гуми во лето, ниту пак, обратно, доколку, се разбира, планирате да користите all-season гуми кои што нудат далеку подобри поволности и безбедност на патиштата.

Тука ќе можете да прочитате повеќе информации околу одбирањето на летни гуми за оваа сезона, а воедно, бидете сигурни дека на Пазар3 понудата за гуми и бандажи е огромна, па затоа погледнете ја уште во овој момент!


Се надеваме дека овие информации ви беа од помош, а доколку тоа е навистина така, тогаш ви препорачуваме да го следите нашиот блог, бидејќи во него, ќе можете да прочитате информации од најразлична тематика!

За крај, погледнете го изборот на гуми на Пазар3, и одберете високо квалитетни гуми произведени од Michelin, WindForce, Sava, Pirelli, Continental, и од останатите брендови, кои ќе ви бидат достапни на лагер по најдобри цени!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации