Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Што треба да знаете доколку чувате риби во аквариум?


Што треба да знаете доколку чувате риби во аквариум?


Одбирањето на аквариумски риби како домашни миленици е вистински избор за сопствениците кои што го обожуваат водниот свет, и се восхитуваат на мирната атмосфера и амбиентот којa ја нуди комбинацијата на риби и аквариуми за својот дом и семејство.

Но, ако досега не сте имале никакво искуство со чување на аквариумски риби, сега е моментот во кој што ќе добиете одлични информации кои ќе Ви помогнат да ги одберете најдобрите видови аквариумски риби, како и да дознаете повеќе околу хигиената и се што е поврзано со цел вашите риби за аквариум да ги уживаат вистинските услови!


Дали сте знаеле?

Древните сумери биле првата цивилизација која што започнала со чување на риби во импровизирани "аквариуми" за кои постојат докази кои се постари од 45000 години.

Но, кинезите и јапонците  (1000 години  B.C), се можеби првите народи кои ја постигнале уметноста на чување и мрестење на риби во аквариуми со некакви постигнати резултати.


Големина, и подготовка на вашиот аквариум

Подготовката на аквариумот е првата точка која што треба да ја преземете уште пред да одберете аквариумски риби, а тоа вклучува неколку важни чекори кои ќе бидат неопходни  за опстанокот и нормалното живеење на вашите риби.

Наш совет е секогаш да целите кон поголем аквариум, бидејќи тој е идеален за да чувате повеќе риби одеднаш, но, сепак тоа може да варира во пракса во зависност од вашата потреба.

Генерално, на почетниците им се препорачува да одберат аквариум кој што има капацитет помалку од 65 литри, иако ви изгледа многу, сепак, имајте на ум дека колку што е помал аквариумот, толку потешко ќе биде одржувањето на рибите како и приспособувањето на повеќе аквариумски риби на едно место.

Зошто? Во помалите аквариуми, секоја мала промена или додаток ќе се одрази негативно врз целокупниот состав на водата, па така, некои видови на риби за аквариум не би можеле да се адаптираат на старо-новата средина.


Одберете локација

Една од најголемите грешки кои што ја прават почетниците е поставувањето на аквариумите на места кои што не се доволно издржливи за да ја издржат тежината на самиот аквариум, а неретко се случува и да бидат поставени на навистина лоши позиции.

Златното правило гласи да го поставите аквариумот на рамни места, и никогаш да не стои директно под клима уреди, во вашите спални соби, блиску до прозорецот кој што е изложен на сонце  и сл.


Опрема и филтрација

Ова е една од клучните работи која што треба да ја поседува секој оној кој што сака да чува аквариумски риби, а тоа е и сосема разбирливо бидејќи ниту еден аквариум не може да ги понуди потребните услови за живот за рибите.

Затоа, одете до некоја продавница за аквариумски риби, и побарајте ги потребните филтри, но, предходно внимавајте на тоа филтрите да бидат изработени од одлични материјали кои вклучуваат вулкански камен или активен јаглен, кои се познати по нивната ефикасност во филтрација на нечистотиите.

Покрај ова, одберете и греачи кои можат да ја одржуваат температурата на водата на оптималното ниво, кое треба да биде според типот на самите аквариумски риби - околу 26 степени доколку е некој микс на тропски риби.

За крај, одберете и распрскувач за аквариуми односно за водух кој што ќе им ги понуди потребните услови за да рибите можат да дишат.


Растенија и осветлување

Аквариумските растенија се исто така клучен, и неизоставен елемент за вашите аквариуми и аквариумски риби, бидејќи нивната задача е да испуштат кислород во водата, да го апсорбираат јаглеродниот диоксид и да ги регулираат хемиските елементи во водата кои што се клучни за раст, развој и живот на рибите.

За да растенијата имаат правилен развој и достигнат одличен раст, препорачливо е почетното светло да биде околу 0.5W по литар, ова всушност спаѓа во категоријата на средно осветлување.

Воедно, би сакале да Ве информираме да не одбирате неонски светла, иако тие изгледаат привлечно, бидејќи тие не се подобни за правилниот раст на растенијата, а дури и се познати по тоа што можат да предизвикаат рапиден раст на алгите.

Од друга страна, пак, светлото е важно и за рибите, па затоа, целете кон тоа светлото да биде исклучено 14 часа, и вклучено 10 часа со цел да симулирате ден и ноќ.


Чистење

Чистењето на аквариумот треба да се менува после одреедн период, но никогаш да не се промени во целост доколку немате навистина голема причина за тоа.

Најдобро би било да менувате околу 1/3 вода на секои 7-10 дена, и да не користите никакви хемиски средства, туку исклучиво прибор за чистење како што е сунѓерот и сл продукти.

Кои се најпопуларните видови на аквариумски риби?

Изборот на аквариумски риби е прилично голем, но, комбинацијата на повеќе риби за аквариум може да биде доста комплициран процес, бидејќи не сите видови аквариумски риби можат да живеат заедно без да Ви предизвикаат главоболки.


Златна рипка

Купувањето на златна рипка е секогаш одлична идеја, всушност, тие се омилените видови аквариумски риби на огромен број на луѓе поради својот изглед, но, доколку сте почетници тогаш имајте на ум дека тие бараат особено внимание.

За ваша информација, најголемите грешки кои ги прават почетниците е тоа што овие риби главно ги чуваат во пластични или стаклени кугли, без никаква дополнителна опрема, па затоа, тие најмногу можат да живеат од 6 до 8 години, иако нивниот животен век може да биде до неверојатни 50 години.

Во секој случај, ако планирате да чувате златна рипка, пробајте да ги поставите во вистински аквариум со капацитет од преку 50 литри, и внимавајте на хигиената во аквариумот бидејќи тие често ќе исфрлаат нечистотии.


Дискус риба

За оние кои досега немале никакви искуство при чување на дискус риба, овие аквариумски риби се познати по нивниот карактеристичен изглед кој што наликува на диск, па оттаму, го добива и името на "дискус риба", но и по тоа што важат за претерано мирни риби.

Да, иако рибите се мирни по својата природа, сепак овие видови аквариумски риби го поместуваат нивото за неколку нивоа повеќе, бидејќи можат со часови да стојат во едно место, па затоа, луѓето ретко ги одбираат.

Но, ако некогаш се одлучите за нивно купување, тогаш бидете сигурни дека изборот нема да биде лош, заради тоа што тие се познати како кралеви на аквариумот поради својот грандиозен изглед и движење.


Африкански циклиди

Африканските циклиди се одличен избор за љубителите на аквариумски риби кои што се восхитуваат на риби кои имаат фантастични, живописни бои, па така, во зависност од подврстата, машките можат да бидат обоени во сино-виолетова боја, додека пак, женките во сивкасто-сини бои.

Овие риби за аквариум се познати по нивната издржливост и толеранција на стрес, а оптималните услови за живот се во вода со температура од 23 - 28 степени.

Кога станува збор за мрестењето, африканските циклиди се навистина уникатни поради фактот што тие ги чуваат своите малечки во устата, а оваа карактеристика не може да се најде кај голем број од рибите.

Според некои истражувања, ова се должи на еволутивниот процес кој што ги натерал рибите да најдат најразлични механизми за преживување, бидејќи во минатото, нивното оригинално место на живеење биле пештери, и  места исполнети со камења во кои немало вегетација.

Совет: врстата "циклиди" имаат потреба од аквариуми со капацитет од 100 литри, и тие не се компатибилни со риби кои што се слични по нивната агресивност, бидејќи важат за територијални риби.


На што треба да внимавате при изборот на риби?

Најважната работа за секој сопственик на аквариумски риби, е токму изборот на рибата во аквариумот, бидејќи тоа е неопходно за да повеќе врсти на риби можат да живеат една со друга.

Наш совет би бил да одбирате неколку мали со неколку големи риби плус тн чистач риба бидејќи тие не се мешаат, и ставате особен акцент врз карактерот и агресивноста на рибите.

Постојат навистина голем број на агресивни риби, или пак на риби кои што се претивки за да можат да опстојат со одредени видови аквариумски риби, па затоа, пред да му дадете живот на вашиот аквариум, разговарајте со експерти или пак со некоја продавница на аквариумски риби, и дознајте кои комбинации се најдобри.


Се надеваме дека гореспоменатите совети Ви беа од корист, особено доколку сте во ситуација во која размислувате за купување на аквариумски риби и Ви беа потребни одлични совети кои ќе ви помогнат при изборот на риби но и на големината на аквариумот.

Ако вашиот одговор е потврден, тогаш Вие сте повеќе од спремни за да се впуштите во акција, со цел одбирање на вистинските риби за аквариум кои ќе донесат мир, хармонија но и одличен естетски изглед на вашот дом!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации