Процентот на невработеност кај нас, а и на светско ниво е многу голем. “Oglasi za rabota”, “najdi rabota”, “oglasi za vrabotuvanje” и слични термини се многу пребарувани на ниво на Република Македонија, а самото тоа укажува на фактот колкав број на луѓе се во потрага по работа моментално.
Кризата која ја предизвика ковид 19 пандемијата уште повеќе го зголеми тој процент, а луѓето кои имаат постојано вработување, на своите работни места чувствуваат високо ниво на несигурност и страв од губење на своето работно место.
Многу е мал процентот на вработени кои чуствуваат поддршка од своите работодавци откако почна кризата со ковид19 пандемијата. Голем дел од вработените се во потрага по нови дополнителни извори на финансиски средства или пак се соочуваат со потребата од менување на кариерата со цел да одговорат на новите работни барања. Голем број на бизниси кои имаа намален обем на работа поради ковид кризата ги изгубија своите работници, кои пак со цел да опстанат финансиски се преорентираа на нов тип на работно место.
Тоа доведува до проблеми како за вработените (кои се соочуваат со нестабилно работно место) така и за работодавците (кои се соочуваат со проблемот да ги задржат своите најдобри работници).
Поради тоа во овој блог текст би сакале да истражиме кои се оние работи кои го мотивираат работникот на своето работно место и како во услови на ковид пандемија бизнисите да ги задржат своите најдобри работници.
Работникот на прво место е фраза која за жал на многу директори и лидери им е нова и недоволно прифатена. Гледајќи назад низ историјата менаџерите воглавно се фокусирале на финансиските оперативни активности, меѓутоа тоа мора да се промени посебно сега кога бизните се соочуваат со недостиг од квалитетни вработени, а од другата страна работниците се мачат да најдат стабилно работно место и пребаруваат огласи за работа секојдневно.
Вредноста на вработените е тешко мерлива и најчесто е запоставувана. Поради тоа благосостојбата на вработените, нивните емоции и чувства на работното место често не се земаат во предвид при мерењето на се она што ја создава вредноста на една компанија.
Кога благосостојбата на вработените не се зема во предвид при мерењето на вредноста на една компанија, истражувањата покажуваат дека работникот не го дава својот максимален потенцијал на работното место.
Голем број од вработените не ги искористуваат максимално своите можности и знаење поради недоволната вредност која им ја даваат надредените. Ковид пандемијата го направи овој проблем уште поголем.
Одговорот на ова прашање е навидум едноставен. Максималниот потенцијал на вработените може да се извлечи кога компанијата ќе ги идентификува работите кои се од суштинско значење за секој вработен.
Во овој текст ќе наведиме неколку работи кои се најбитни за вработените, а кога компанијата ќе ги исполни тие потреби ќе ја зголеми продуктивноста на работникот за 60%.
Чувство на припаѓање во работната средина и постоење на силни врски во односот помеѓу вработените меѓусебно, и помеѓу вработените и менаџерите.
Прекувремената работа и работата во викенди дури и кога е платена го оптеретува работникот и создава одбивност спрема работата, бидејќи нема време да се посвети на сопствените интереси, пријателите и семејството. За работодавецот можеби и нема голема вредност дали ќе му понуди можност на работникот да работи флексибилно работно време или онлајн, но за работникот ќе создаде чувство на доверба и преданост кон компанијата.
Чувство дека работата која ја извршува работникот има некаква цел, одредено значење и придонесува кон создавање на општо добро.
Чувствување на позитивни емоции на работното место кои придонесуваат кон одржување на добро психичко здравје.
Постоење на добра финансиска стабилност без чувство на грижа и стрес, со можност за напредок на работното место.
Најголем мит во компаниите е дека работната сила е најмногу мотивирана од финансиските средства. Платата е еден од основните фактори несомнено, меѓутоа реалноста е многу покомплексна. Иако паритете се несомнено важни, не се она што најмногу им значи на работниците. На вработените им е исто толку важно да се почитувани, ислушани од менаџерите, ценети и да им се исполнети сите психофизички потреби. Добрите емоционални врски, фер односот и позитивната атмосфера на работното место, е она што мотивира и ја зголемува продуктивноста на вработените.
Кога секоја компанија би ги вреднувала овие помалку познати вредности кои секој работник ги очекува од едно работно место, пребарувањата “oglasi za rabota”, “oglasi za vrabotuvanja”, “najdi rabota” и сл. би се доведиле до минимум.
Дали и Вие постојано пребарувате “oglasi za rabota”, “baram rabota”, “oglasi za vrabotuvanje” и слични термини со цел да најдете работа која ги исполнува горенаведените критериуми? На Пазар3 секојдневно се објавуваат голем број на огласи за работа. Вашето следно вработување можете да го пронајдете токму тука. Погледнете ја категоријата со огласи за вработување на Пазар3 во согласност со областа за која сте заинтересирани. Голем број на огласи за работа ќе најдете токму тука. Ви посакуваме среќа при пребарувањето огласи за работа на Пазар3.мк!
Пораки
Информации за корисникот