Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Со што да се занимавате кога сте во пензија и како од тоа да заработите пари

Хоби за пензионери – Со што да се занимавате кога сте во пензија и како од тоа да заработите пари

 

Кога ќе завршите со редовната работа и ќе дојдете до посакуваната доба за пензија, сигурно има многу што да правите за да го пополните слободното време кое сигурно ќе го имате многу. Одењето во пензија значи дека од тогаш ќе имате многу повеќе време за себе, а исто така и да правите нешто за што не сте имале доволно време додека сте биле во редовен работен однос.
Да се занимавате со нешто кое го сакате и Ве исполнува навистина може да ви биде најубав дел од денот, а посебно кога ќе успеете со тоа и да заработите, нема ништо поубаво. Понекогаш навистина имате прилика да го споите корисното и убавото и од нешто во што уживате, да направите да имате и приход.


Кои се придобивките од хоби во пензионерските денови


Секако, освен додатниот приход кој може да се заработи, хобито за пензионерите е корисно и за менталното здравје. Чист мозок и интелек во подоцнежните години за повеќето делува како научна фантастика, бидејќи стареењето на телото, обично значи и стареење на духот и мозокот.
Меѓутоа, невролозите уверуваат, дека ако добро се храните, водите активен начин на живот и ако посветите време на одредени активности кои Ве исполнуваат, имате можност кога ќе бидете стари да бидете повитални од останатите на Вашите години.
За да Вашите пензионерски денови бидат поисполнети и ведри, важно е да имате некоја работа од дома, која ќе Ви помогне да го исполните своето време и да го искористите на продуктивен начин. Прочитајте ги овие неколку совети, доколку не знаете што да работите како пензионер.

Градинарството е одлично хоби за пензионери, од кое може добро да се заработи


Сите оние пензионери кои имаат куќа со двор, имаат прилика да во пензионерските денови уживаат во сјајно хоби – градинарство. Работата во градина е благородна работа за здравјето, а билките со кои сте опкружени Ви го даваат потребниот мир и спокој. Освен тоа постојат повеќе начини како да се заработи од градинарството, а секој почнува со анализа на земјиштето. Доколку квалитетот е добар, треба да ги одберите соодветните билки за да ги посадите.
Одгледувањето на овошје е наменето само за оние кои можат да чекаат додека порастат садниците и почнат да даваат приход, а оние кои сакаат одма да профитираат би требало да се занимаваат со одгледување на други култури како на пример, блитва, рукола, кељ, тикви и сл.


Одгледување зеленчук под пластеници


Спанаќот е многу популарен зеленчук, кој може да се одгледува и на отворено, а под пластеници може да се бере и во текот на целата зима, кога е и најскап. Бара помалку внимание одколку младиот лук и салатата, а едниствени непријатели му се полжавите, па не би било проблем да се заштити, особено под пластениците.
Добар избор е и блитвата, која ако еднаш ја посадите во март, две години потоа само се берат листовите. Листовите се класираат и врзуваат, а се она што нема да се продаде може да се замрзни, па во зима може да се продава во ресторани и други угостителски објекти, кои ќе може да ја служат особено со риба.
Неспоредлива е разликата кога зеленчукот се одгледува под пластеници, бидејќи пиперките и патлиџаните носат најголема заработка, а од вишокот може да се направи и зимници и повторно да се продава. Кој има искуство и знае да направи добар план, во текот на целата година може да заработува од ова.



Одгледување цвеќиња – одличен начин да се заработи од своето хоби


Сите пензионери кои во склоп на својата куќа имаат и двор, може да се бават со одгледување и продавање цвеќиња, а единствено вложување, освен љубов и посветеност кон цвеќињата е купувањето на ѓубриво.
Важно е да се каже дека не мора да се натпреварувате со големите одгледувачи, туку треба да пронајдете растенија кои ги нема толку многу, а кои да речиме може да им бидат од корист на потенцијалните купувачи, како на пример растенија кои штитат од убод од комарци, билки кои носат пари и среќа, оние кои имаат езготични листови и сл.

Љубителите на кактуси исто така може многу да заработат, бидејќи овие растенија се многу популарни и барани. Кактусите не бараат голема нега и простор, но потребно е вештина за да може да се одгледуваат од самото семе. Сепак, не се препорачливи за дијабетичари, поради боцките, па затоа пензионерите дијабетичари треба да го избегнуваат растењето на кактуси како хоби.

Одгледување печурки – интересно хоби кое може да донесе добра заработка


Одгледувањето на печурки е бизнис во кој знаењето е примарна инвестиција. Затоа пензионерските денови можеби се совршената прилика да се започни со овој бизнис, бидејќи слободното време може да се искористи за прибирање на информации и стекнување знаење од оваа област.
Одгледувањето печурки не е физичка работа, а најисплатливо е да се занимаваат луѓето со ова, во своите домови, во подрум или гаража. Тоа не е работа од која може многу да се збогатите, но е сосема доволно за пристоен живот и дополнителен приход во пензионерските денови.
На овие простори најмногу најмногу се одгледуваат лисичарки, буковки и вргањ, а секоја од овие сорти бара посебен пристап и метод на одгледување, за што треба добро да се наоружате со знаење.

 

Ракотворбите се одличен начин да се покаже креативноста и од тоа да се заработи


Изработувањето сувенири е одличен начин дополнително да се заработи, а притоа е супер креативно хоби за пензионерите, воедно и одлично за мозочната функција. Ова хоби е за дополнување на буџетот, но не може да се очекува секојдневна потрошувачка и кој знае каква заработувачка. Пари од сувенири може да се заработат во сезона кога има туристи, а тоа е најчесто од пролет до есен, освен ако не живеете во планински крај кој е популарен и во зима.
Машките кои се одлучуваат во своите пензионерски денови да се занимаваат со изработување сувенири, се обично оние кои тоа го работеле и претходно. Од друга страна, жените се покажуваат како повешти и поуспешни во таа работа, бидејќи имаат послаби и поспремни прсти. Меѓу оние кои изработуваат ракотворби, најпопуларни се оние кои изработуваат шољи, вазни, разни украси од глина, исто плетени и везани изработки.
Најбитно, кога е во прашање оваа работа за пензионери е да сте способни, креативни или да имате занает. Меѓутоа, плетењето многу жени го научиле одкако се пензионирале. Оние кои ќе се одлучат за ова хоби, мора да ги пратат светските трендови, за да плетат не тоа што тие го сакаат, туку она што е најпопуларно во моментот.
Во моментот можеби пазарот е презаситен со цветни дезени кои Вие одлично ги изработувате, но затоа другите дезени се многу популарни и она е тоа што се бара. Исто така, за детските дизајни може многу да Ви помогне гледањето цртани со Вашите внуци.


Фотографирање или цртање – креативно хоби за во пензионерските денови


Одлично хоби за пензионери може да биде и фотографирањето и цртањето. За разлика од фотографирањето каде што за добра слика е потребен само добар апарат и способност да се најде вистинскиот агол, сликањето не е нешто што може да се научи. За тоа е потребен посебен талент, па со тоа може да се занимаваат само оние кои имаат талент за овој вид уметност.
Сликите може да ги продавате на улица, локалното пазарче или онлајн. Постојат многу луѓе кои го ценат овој труд и ја сакаат уметноста, затоа сигурно е дека добро може да заработате од ова хоби. Слично е и со фотографирањето, но за ова хоби потребно е и шетање и истражување, за да се пронајдат инспиративни предели кои вредат за да се овековечат.


Давање онлајн часови


Сите оние кои се прашуваат „како да заработам кога ќе се пензионирам“ и „со што да се занимавам кога ќе сум во пензија“, многу лесно може да пронајдат работа на интернет. Иако постарите генерации не се многу запознаени со работа на компјутер, тоа не значи дека не можат да научат со малку труд.
Одлична работа за пензионери може да биде давање онлајн часови, за сите оние кои се во потрага на виртуелен предавач. Такви има многу, како и областите за кои се бара онлајн предавачи се многу бројни, така да лесно може да стапите во контакт со оние на кои им се потребни онлајн часови, а се спремни и добро за платат за тоа, само со мало познавање на работа со компјутери.


Еден од начините да најдете работа на интернет е преку сајтот на Пазар3, каде што има голем број на огласи каде што се нуди работа преку интернет, но и други огласи за други области од секојдневниот живот.


Кога ќе стигнете до одредена доба во животот, веќе станувате подвижна ризница од знаење и искуства. Богати со искуство, приказни, патешествија, пензионерите може секогаш да го привлечат вниманието на своите блиски, каде што со седење пред каминот може да заборавите на времето слушајки ги приказните од Вашите баба и дедо. Додека сте помлади се ова ќе Ви изгледа досадно, но потоа доаѓате до одредена доба каде што ќе го сфатите значењето на овие приказни и совети.


Најдобрите пренесувачи на тие интересни приказни, секогаш се оние кои негуваат одредени интереси и хоби, во кои веќе станале експерти. Од некои од нив секогаш може да научиме нешто ново, да ни посочат некоја добра навика, која понатаму ќе ни биде од корист, а за која никогаш не е касно да се научи и да се применува во секојдневниот живот.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации