Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

ideas to make your yard ready for autumn

Пролетно уредување на Вашите дворови


Пролетта е можеби и најубавото годишно време кое симболизира нов почеток, бидејќи природата се обновува, цвеќињата почнуваат да цутат, а тоа се одлични вести и за сопствениците на куќи и викендици кои што имаат дворови, но и за оние кои живеат во стан, бидејќи сега е вистинското време за преуредување на терасите. 

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични практични совети и примери кои можете да ги искористите уште веднаш, бидејќи тие ќе Ви помогнат да ги разубавите вашите тераси и дворови за претстојната пролет!


Засадете нови цвеќиња

Една од најдобрите работи која можете да ја направите за вашите дворови и тераси е буквално да засадите цвеќиња бидејќи изборот е навистина голем, а нивното присуство значително ќе ги разубават вашите домови, но и ќе влијаат позитивно и релаксирачки врз вас.

На пример, крин, жолт нарцис, лалиња, љубичица, зумбули, бонсаи, перуника, петунија се само дел од плејадата на дворски цвеќиња кои можете да ги најдете на Пазар3, а нивното присуство нема да биде незабележано ниту од вас, ниту од вашите најблиски пријатели, комшии и членови на семејството!

Но, не заборавајте дека потребно е да ја обезбедите и потребната грижа за нив, а тоа ќе Ви се исплати на долг рок бидејќи до крајот на летото дворот и терасите ќе ви изгледаат фантастично!

Од друга страна, инвестицијата не е воопшто скапа, ниту пак вашиот буџет би бил во голема мера оптоварен, така да, бидете сигурни дека не губите многу, туку добивате!


Украсете ги дворовите

Украсувањето на дворовите е секогаш добредојдено, а тоа можете да го направите со најразлични украсни камења, поставување на фенери, саксии за цвеќе, па дури би можеле и потполно да ги промените постоечките маси и столици кои досега биле дел од дворот.

За волја на вистината, постојат илјадници начини со кои што би можеле да ги уредите огласите наспроти овие кои веќе ги дознавте, па така, Ве охрабруваме да започнете да размислувате за градење на малечки стази околу тревата од дрво, наместо бетон или бекатон, да поставите скулптури кои изгледаат невообичаено и интересно, па дури и да поставите лулашки, или фонтана доколку имате доволно буџет.

Изборот во секој случај го оставаме на вас, но, Ве охрабруваме да направите промени кои веќе подолго време ги имате на ум, но, не сте биле во можност да ги изведете.


Осветлување

Инвестирањето во осветлување за дворови е повеќе од одлична идеја, не само поради безбедносниот аспект, туку и поради естетиката која што ќе му даде нова димензија на дворот.

Имено, изборот за осветлување е огромен, бидејќи постојат многубројни начини со кои што можете да го направите тоа, на пример, преку купување на декоративни светилки, канделабри за двор, лед панели, лед лустери, и така натаму.

За возврат, бенефитите што ќе ги добиете се фантастични, бидејќи флората ќе Ви биде прикажана во "најдобро светло", амбиентот во дворот ќе биде релаксирачки и смирен за уживање во ноќните часови, безбедноста ќе Ви биде зголемена, а нивното присуство ќе Ве служи и во зимските, есенските како и во летните месеци.

Причина плус за инвестирањето во овој тип на осветлување може да биде и тоа што процесот на инсталирање нема воопшто да Ви одземе време, бидејќи во голема мера, тоа можете да го направите и самите, но, во секој случај, доколку се соочувате со потешкотии, контактирајте со професионалци или пак со пријатели кои ќе Ви понудат помош!


Посадете дрво или грмушки

Не мора биде само едно дрво, што повеќе дрва толку подобро, бидејќи комбинацијата на цвеќиња и дрва во дворот е сигурно една од најдобрите работи која што можете да ја направите, бидејќи зеленилото влијае позитивно врз човекот и врз неговото ментално здравје.

Изборот на дрво речиси и да нема крај, но, наш совет би бил да одбирате типови на дрва кои се соодветни со големината на вашиот двор, бидејќи некои дрва можат да достигнат навистина големи висини и да зафаќаат поголем простор.

Во Македонија, низ дворовите се почесто можете да најдете Глог, Врба, Дрен, јаболко, Магнолија, Јапонска дуња, Јасмин, а тие се одлични бидејќи имаат привлечни бои, изгледаат фасцинантно а мирисот ќе Ве опушти како ништо досега!

Но, предностите не застануваат тука, бидејќи дрвата ќе Ви овозможат ладовина во летниот и пролетниот период, воздухот во дворот ќе биде свеж и чист, импактот од ветровите ќе биде драстично намален, а впрочем тоа и го заслужувате!


Посадете нова трева

Најдобриот период за садење на нова трева се токму пролетните месеци, бидејќи повисоките температури во текот на денот, и оптималните во текот на ноќта се повеќе од идеални за брзиот и квалитетен раст на тревата.

Нејзиното присуство нема само да го разубави вашиот двор, туку во истовреме, таа ќе го прочисти воздухот, придонесе кон зајакнување на почвата, и се разбира - ќе Ве заштити од жешките температури и воздухот кога температурите ќе бидат далеку повисоки од сега.

Поради ова, се поголем број на сопственици на живеалишта кои имаат дворови се одлучуваат за садење на трева, и за одгледување на поголеми површини на тревници, a веруваме дека и Вие го сакате истото!

Но, пред да започнете со садење, Ве советуваме да одберете квалитетно семе за трева, да го подготвите теренот со отстранување на сите камчиња, стапчиња или поголеми грутки земја, за на крајот да ја израмните почвата во која што ќе ги посадите семето.


За крај, се надеваме дека нашите совети Ви беа од помош, и дека дел од истите би ги употребиле за пролетното уредување на вашите дворови, бидејќи тие се лесно изводливи, и нема да Ви одземат ниту многу време ниту  голем износ на финансиски средства!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации