Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Популарни сезонски работи во Северна Македонија

Популарни сезонски работи во Северна Македонија

 

Сезонската работа e често добар избор за младите кои сакаат да заработат екстра пари во текот на летниот период. Најчесто тој период се слободни од обврските кон факултетот/училиштето, а воедно тој период е период за кој што им треба поголем џепарлак.

Покрај финансиите, сезонската работа им помага да стекнат работно искуство со кое може да го збогатат своето CV.

Сезонската работа во текот на летниот период е најбарана од страна на младите, бидејќи тогаш имат повеќе слободно време кое може да го пренасочат за да стекнат искуство и пари.

 

Сезонска работа во Земјоделството

Дефинитивно, работата во земјоделието е најбарана работа и најпопуларна бидејќи секој период од годината е одбележан со одредена земјоделска работа, на пример во периодот од Мај до Јуни потребни се луѓе за берење на праски, потоа доаѓа гроздоберот, а после него во периодот од Септември до Ноември трае бербата на јаболка. Покрај овие земјоделски работи има уште други кои се во голем број за да се набројат.

Да се најде земјоделска работа е лесно, бидејќи голем дел од работодавачите објавуват огласи за работа на www.Pazar3.mk каде што може да се разгледаат огласите и да се види што се се нуди.

Земјоделските сезонски работи се барани бидејќи работниците се плаќаат на дневница и самите приходи кои што работниците ги стекнуваат од тие дневници се многу високи.

Дневниците за работа за време на јаболкоберот изнесува од 20 до 25 евра со вклучен ручек и превоз, што за луѓето на кои што им требаат екстра пари е многу добар прилив на пари.

 

Сезонски работи во Угостителство

Покрај земјоделските работи следни на листата на барани работи се сезонските работи во угостителството, кај овие работи е добро што може да се најдат и во текот на летниот период и во текот на зимскиот период.

Во летниот период популарни се дестинациите во Охрид, Преспа и Дојран каде младите може да најдат работа и да дојдат до екста пари во хотелите и кафулињата каде што се бараат работници од типот на готвачи, келнери, шанкери, собарки и многу многу други професии.

Овај тип на работа е примамлив за младите бидејќи во работаат во туристичко место што им дозволува во слободното време да уживаат на плажа и да ги користат сите бенефити што летото им ги нуди.

За оние на кои плажата и топлото време не им се во прилог, во текот на зимската сезона популарни се зимските сезонски работи во Маврово, каде што се нуди работа за келнери, собарки, кувари и обучувачи на за зимските спортови.

Дневниците за овај тип на работаа варираат од 500 ден до 1000 денари за 8 часа работа, меѓутоа бенефитот младите го гледааат во големите бакшиши што ги добиваат.

 

Физички сезонски работи

За физичката работа има голема понуда и побарувачка. Зависно од типот на работата за нив најчесто се определува машката популација. Платата зависи од видов и обемот на работа меѓутоа најчесто, дневниците за овој тип работа се повисоки од дневниците за земјоделие и угостителство.

 

Магацински работи

Кај овој тип на работа, работниците се задолжени за сортирање и организирање на роба, за изнесување, пакување, лепење декларации и други слични активности.

Оваа работа е добра за летниот период бидејќи работниците не се изложени на жешкото време што е случај кај угостителските работи.

Работното време работниците го поминуваат во затворено, а дневниците им се слични со работата од угостителската дејсност и земјоделието.

 

Градежништво

Овој тип на работа е многу тежок бидејќи се работи на отворено во текот на пролетта и летото, при што работниците се изложени на доста високи теператури. Оваа работа е доста тешка и затоа на ваквите огласи најчесто се јавуват луѓе кои се физички спремни.

 

Промоции - Флексибилна сезонска работа

Најчесто за овај тип на работа се јавува женскиот пол. Понудата е многу голема и најчесто дневницата за овој тип на работа зависи од бројот на изработени часови. Многу е поволна за студенти и млади кои покрај факултетот и школото немаат можност да работаат по 8 часа дневно.

Најчесто промоциите се во затворен простор и самите промотери делат летоци или објаснуваат дополнителни информации за одреден производ. Висината на дневницата е слична како и за другите сезонски работи.

Доколку ви треба сезонска работа не заборавајте најпрвин да проверите на www.Pazar3.mk.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации