Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Пазар3 говорник на меѓународна конференција во Истанбул

Пазар3 говорник на меѓународна конференција во Истанбул, организирана од ICMA, асоцијација која ги претставува светски реномираните компании од областа на онлајн огласувањето

 

24 октомври 2019 година, Истанбул, Турција – Вредноста на пазарот на онлајн огласувањето се очекува постојано да се зголемува. Растот првенствено ќе биде поттикнат од зголемената употреба на Интернетот, смарт телефоните како и континуираниот раст и развој на е-трговијата. Oва се генералните заклучоци од големата меѓународна конференција организирана од ICMA the International Classified Marketplace Association (Меѓународна Асоцијација на Класифицирани Пазари), организација која ги претставува светските лидери во индустријата на онлајн огласувањето.

 

Пазар3 како компанија која постојано се труди да ги имплементира најдобрите практики во областа на онлајн огласувањето, присуствуваше на конференцијата во рамки на која нашиот оперативен менаџер, Ајлин Шеали одржа говор на тема „Како Пазар3 го трансформираше пазарот на онлајн огласувањето, од традиционалниот начин на купување и продавање, во нов дигитален пазар“.

За време на конференцијата Шеали, се осврна на предизвиците со кои се соочивме во 2006, годината на основање на компанијата, во време кога само 29% од населението во Македонија користеше Интернет. Останатите земји учеснички биле воодушевени од тоа успешно да се издигни една компанија во таков период, особено доколку се напомене фактот дека наспроти тие 29% во Македонија, во другите Европски земји како Шведска тој процент бил 88%, а во Германија 73%.

Пазар3 говорник на меѓународна конференција

Зборувајќи за трансформацијата на процесот на купување и продавање во Македонија преку Пазар3, Ајлин Шеали ги сподели 5те клучни фактори за успех на компаниите во оваа област, покрај личните фактори за успех, како што таа вели „Желба за учење, Посветеност и Упорност“!

Во интервјуто кое го направивме со нашиот оперативен менаџер, таа сподели дека присуството на Пазар3 на конференцијата, било особено поздравено од организаторот и останатите учесници, затоа што Пазар3 била единствена компанија од целиот Балкан која активно учествувала и која успеала да постигне такви резултати во средина во која дури и целокупното користење на интернетот било сеуште на ниско ниво.

На конференцијата присуствуваа реномирани предавачи и професионалци од компании за онлајн огласи од Австрија, Швајцарија, Шпанија, Украина, Унгарија, Англија, Турција, Финска, Ангола, Израел и Италија, присутни со цел да разменат мислења за глобалните случувања, најдобрите стратегии како и предизвиците со кои се соочуваат фирмите од таа област.

„Водечките принципи на Пазар3 се Квалитет, Веродостојност и Посветеност“ - вели Ајлин Шеали во своето обраќање.

Оваа конференција беше врвна прилика за средба со светски признати имиња во областа на онлајн огласувањето, размена на искуства, иновации и унапредување на стандардите во професијата.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации