Пазар3 како опшествено одговорна компанија, активно се вклучи во проектот на општина Ресен за почиста Преспа - Чиста Преспа - Моја Преспа. Нашите вработени беа дел од големата акција за чистење на градот и целата општина, заземајќи учество во чистењето на Амфитеатарот и спортско рекреативниот центар пред С.О.У Цар Самоил - Ресен.
Tимот на Пазар3 учествуваше во големата акција на Чиста Преспа - Моја Преспа со цел да го поттикне секој еден поединец да постапува одговорно и да се грижи за животната средина. Преспа изобилува со природни богатства, секој еден од нас е потребно секојдневно да се грижи за истите, а секоја индивидуална постапка, навидум многу мала, сепак е многу значајна.
Искрено се надеваме дека заложбата на општина Ресен, и на сите поединци и институции, ќе придонеси за зголемување на свеста кај нашите сограѓани.
Пораки
Информации за корисникот