Каква е состојбата на пазарот, и кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа во последните 2 квартала? Дали однапред веќе можете да претпоставите кои брендови можат да бидат тие, или пак, не?
Во секој случај, работата не мора да остане хипотетичка, туку напротив, ве советуваме да ја прочитате оваа статија, бидејќи во неа, ќе можете да дознаете кои се најпродаваните и најпопуларни брендови на автомобили во Европа, а тоа ќе ви помогне многу при евентуалнот избор на возила во иднина!
Volkswagen е моментално најголемиот лидер во продадени автомобили во Европа, каде што во првиот квартал од 2021 година има продадено 331,355 возила, но, иако ова се чини како премногу, сепак, Volkswagen има пад од минатата година за околу 3.8%.
Како најпродавани модели се издвојува фамозниот Golf, потоа следи Tiguan, T-Cross и моделот Polo кој што бил омилен избор на околу 18,789 возачи.
Ова воопшто не треба да ве чуди, бидејќи Volkswagen е познат по одличните цени, издржливата конструкција и одличниот мотор кој што нема само да издржи долгогодишно возење, туку воедно, економичноста прави да се издвојува од останатите брендови на пазарот.
Поради тоа, дури и возниот парк во Македонија е речиси преплавен со возила од германскиот производител Volkswagen.
За ваша среќа, огромен број од овие модели ќе можете да ги пронајдете и на Пазар3, па затоа, побрзајте и контактирајте некои од постоечките продавачи!
На второ место оди францускиот производител Peugeot кој што во првиот квартал во 2021 година има продадено околу 215,470, а како омилен автомобил помеѓу возачите е Peugeot 208 кој што воедно е во ист ранг со најпопуларните модели од најпродаваните автомобили во Европа.
Toyota зема се поголем замав на европскиот пазар, а тоа е и сосема очекувано имајќи го предвид фактот што овој бренд по своите економични модели, примамливите цени, како и издржливоста на моторот, целокупната конструкција и на одличните модели.
За ваша информација, Toyota во првиот квартал остварил продажба од 183,069 возила, а моделот со најголем успех е дефинитивно фантастичниот Toyota Yaris.
Имено, бројката на продадени Toyota Yaris модели изнесува 49,155 што е воедно за 42.4% повеќе од претходната година.
Ова возило ќе можете да го пронајдете во нова или половна состојба на Пазар3.
BMW буквално и дише во вратот на Toyota, бидејќи во првиот квартал на 2021, овој бренд остварил продажба од околу 182,401 автомобили, што е за 4,5% повеќе од минатата година.
Со пандемијата, повеќе од сигурно е дека BMW не се истакнува на пазарот како претходно, но, тоа не значи дека во иднина оваа ситуација нема да се промени,
Сепак, се работи за еден од најпознатите водечки лидери на пазарот во автомобилската индустрија, а воедно, претставува и еден од најпопуларните производители на автомобили од Германија.
Во поглед на продажбата, Mercedes се наоѓа веднаш позади BMW со продажба од околу 180.928 возила, но, за разлика од гореспоменатиот бренд, Mercedes има загуба од неверојатни -10.1% во споредба со минатата година.
Како што е случајот со BMW, првиот квартал на Mercedes не е воопшто добар, односно, не е очекуван како што сигурно секој од нас би претпоставил пред да започне со читање на оваа статија.
Се разбира, големите турбуленции и пандемијата не ги изостави дури и најпрофитабилните бизниси ширум светот.
Францускиот производител Renault има продадено околу 170,612 возила во првиот квартал од 2021 година, но, иако ова стои на позитивната страна на Renault, сепак, овој бренд имал со загуби од -7.4%.
Како најпродаван модел се истакува Renault Clio, но, голема е и продажбата на Renault Captur, кој што е еден од најпродаваните автомобили на европскиот пазар.
Останатите брендови се Skoda (162,604), Ford (157,849), Audi (155,531), Opel (132,862), Fiat (128,993), Citroen (126,866), Kia (113,812), Hyundai (108,048) за да на последното место се најде Land Rover со продажба од околу 36,763 модели.
Водечки лидери по популарност до јуни 2021 година се Volkswagen Golf, Dacia Sandero, Renault Clio, Fiat 500, Toyota Yaris, Volkswagen T-Roc, Opel Corsa, Renault Captur и Volkswagen Polo.
Пред да завршиме, би сакале да ве известиме дека се очекува гореспоменатите компании се повеќе да инвестираат во електрични модели, не само во постоечките бензинци и дизел автомобили.
Се надеваме дека оваа статија ви помогна да дознаете кои се најомилените брендови кај жителите на Европа, па затоа, би сакале да ве прашаме дали сте корисник на некое од најпродаваните автомобили кои беа вклучено во оваа листа?
Ви препорачуваме и понатака да продолжите со следење на нашиот блог, бидејќи тука, ќе можете да прочитате најразлични совети и информации од секаква тематика!
Пораки
Информации за корисникот