Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Најдобрите трактори во Македонија – популарни и квалитетни модели

Најдобрите трактори во Македонија – популарни и квалитетни модели

Пазарот на земјоделска механизација е многу развиен и сите оние кои имаат потреба да купуваат или да продаваат земјоделски машини многу лесно може да пронајдат тоа што им треба. Да го одберете тракторот кој Ви одговара, сепак, не е едноставна работа и важно е да бидете добро запознаени со целосната терминологија и можности за овие машини, како би дошле до тоа што го барате и тоа што го сакате.
Почетна точка од која ќе почнете со барање, треба да Ви биде големината и конфигурацијата на теренот, односно земјиштето кое ќе го работите со тракторот. Во предвид треба да го земете и бројот на хектари, обработиливоста на земјата, како и сите работи кои планирате да ги правите со новиот трактор.
Купувањето на трактор е голема инвестиција, но секогаш повеќе се исплаќа, одколку поправка на стариот. Често, на огласите се продаваат половни трактори кои се многу квалитетни и зачувани.
Во продолжение Ви ги претставуваме кои се најдобрите трактори во Македонија, односно кои се квалитетни трактори, кои сигурно нема да Ве остават на пола поле, туку ќе бидат Ваш одличен „соработник“ при обработка на земјиштето.


#1ИМТ трактори – бренд со препознатлив квалитет

Индустријата на машини и трактори (ИМТ) е некогашна фабрика за производство на земјоделски машини, која престанува со работа во 2015 година. За 60 години, колку што постоела, во оваа фабрика се произведиле 780.000 трактори. Најпознатите модели на трактори од оваа фабрика се познатите ИМТ 533 и ИМТ 539. Овие трактори се многу лесни за работа и управување. Го добиле легендарниот статус кој го имаат, во втората половина на 20от век, врз основа на машините кои го претставувале земјоделството во селските средини.
Првиот трактор имал мотор од 35кс и го носел името ИМТ 533, а подоцна е изградена подобрена серија со мотор од 39кс и го носел името ИМТ 539. Сигурноста во овие трактори е голема, и со минимално одржување, реалниот век на траење на моторот до генералната поправка е околку 4000 работни часови. Не е реткост дека одредени ИМТ трактори имаат и до 6000 работни часови сила.
Се смета дека ИМТ тракторите се најдобри, односно најдобри трактори во регионов, за кои и ден денеска има голема заинтересираност дури и за половни трактори.

Новите серии на ИМТ трактори

Стручњаците од ИМТ компанијата во 2009 година ја претставија новата серија ИМТ 2000 во која спаѓаат моделите со нов дизајн и тоа ИМТ 2050, ИМТ 2065 и ИМТ 2090. Оваа серија на трактори служи за сите типови работа, во земјоделието, за транспорт, а лесни се за управување поради синхронизираниот менувач, прилагодливите контролни работи, моторот и современиот дизајн на кабината.
ИМТ во 2017 година, ја претставе новата серија на трактори С (ИМТ 539С со 42кс, ИМТ 549С, ИМТ 550С и ИМТ трактор 555С со 52кс), кои се одликуваат со подобар мотор од претходните и современ дизајн на кабината. Моторите се нешто појаки одколку стандардната серија на трактори со по неколку којнски сили, вграден му е десеттостепен менувачки преносник, а имаат и хидрауличен сервоуправувач.


#2 John Deere трактори со врвни перформаси

Deer & Company е најголема компанија во светот кој се занимава со производство на земјоделска и производна механизација. Оваа американска компанија во своето производство покрај трактори има и комбајни, косачки, приколици и други машини, како и градежна механизација.
Тракторите од John Deere компанијата се направени со одични перформанси како во обработката, така и во транспортот. John Deere се одликуваат во голем квалитет, издржливост и сигурност, а со секој ново купен модел на купувачите му се нуди и бројни иновативни карактеристики, кој го прават посилен, поефикасен и поиздржлив тракторот.
Овие сигурни трактори се многу лесни за управување и одржување. Бројот на моделот на John Deere му овозможува на тракторот поголема носивост и компактност на сите елементи и компоненти за совршено заедничко функционирање. Бројот на моделот си носи свои карактеристики, преносна сила од моторот на другите делови, а овозможено е и носење на поголеми, приклучни машини со кои значително се зголемува работата на тракторите.


#3 Fendt трактори – германски бренд со висока ефикасност

Тракторите од Fendt марката се достапни во различни варијатни, кои се разликуваат по своите технички карактеристики, како и по својата удобност. Од 2009 година секој Fendt трактор има беспрекорен варио пренос како и хидрауличен – механички менувач.
Fendt тракторите нудат врвни перформанси, одлична функционалност, продуктивност и ефикасност. Новите модели можат да достигнат брзина од 40км на час. Карактеристични се по малата тежина, како и одличната состојба при управување и вртење, која овозможува и до 52 степени при вртење.
Во кабината има доволно простор, без одповеќе додадени делови и функции, а вграден е и систем за управување – ТМС. Системот за кочење на предната осовина и кабина гарантираат целосна сигурност и максимална удобност при возење.


#4 Ferguson тракторите меѓу најдобрите во светов

Massey Ferguson (MF) развија широк асортиман на земјоделски возила и има голем големо влијание на пазарот ширум светот, а посебно во Европа. Во средината на минатиот век оваа компанија го произведе својот прв трактор, а 30 години подоцна произведен е и првиот „паметен“ Ferguson трактор, кој бил првиот таков трактор во светот.
Тракторите од Ferguson компанијата, се одликуваат со врвен квалитет и извонредни перформанси, па не е ни чудно што моделите од оваа компанија неколку пати добиваат престижни награди, како и на европскиот, така и на светскиот пазар.
Кога се во прашање тракторите од Ferguson, MF компанијата во својата програма има голем број производи од различни асортимани и на своите купувачи може да им понуди огромен избор на трактори со различни перформаси и можност за користење во сите земјоделски работи.


#5 New Holland тракторите користат напредна технологија во својата работа

Светски познатата марка New Holland во својот асортиман има голем број трактори кои се идеални за мали и средни семејни фарми, но и за големи комбинати кои бараат максимално искористување на машините.
New Holland тракторите имаат одличен мотор, а нивната главна карактеристика е ABS SuperSteer технологија која нуди поголема сигурност и управување, особено на стрмни терени.
Тука е и друга напредна технологија поради која овие трактори ги споредуваат со најдобрите во светот, како на пример со Opti-Fan систем, Super Steer систем, IntelliFill систем и останати системи, кој на возачите на тракторот му даваат големи предности и му го олеснуваат користењето, а истовремено го подобруваат ефектот на работата.Основни функции и карактеристики на тракторите


Тракторите се користат за извршување низа различни работи во земјоделието и многу се корисни во секојдневните домашни работи. Тракторите генерално се одликуваат со универзалност и нивната работа може да биде повеќенаменска.
Карактеристиките кои ги има тракторот зависат од неговата намена. Доколку тракторот се користи за жетва и култивација тој мора да има тесни гуми и можност за прилагодување на истите. Тракторите наменети за работа во овоштарството или лозарството мора да се ниски и да има простор измеѓу гумите, како би се намалил ризикот од превртување и го олеснува поминувањето под дрвата.
Тракторите кои се наменети за работа во земјоделството мора да имаат систем со поголем број на брзини и брзини со мал интензитет на движење, наменети за работа при орање, прскање, а исто така и гуми со поголема димензија, како би се олеснил пристапот до полињата.

Тракторите најчесто се користат за:

- обработување на земјиштето,

- мулчирање на почвата,

- садење,

- прскање,

- косење,

- превоз на стока.

При продавање или купување на трактор важно е пронајдете оптимален однос помеѓу квалитетот и цената, но секако дека треба да ја земите и намената за која го купувате тракторот во предвид. На Пазар3 може да пронајдете голем број на огласи за трактори, кои ќе ги задоволат Вашите потреби, а сепак по пристапна цена.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации