Купувањето на домашни миленици, вклучително и на кучиња, не е еден од најлесните избори кои би можеле да ги имате, особено не кога станува збор за семејства кои штотуку добиле бебе, или пак веќе имаат малечко бебе.
Но, тоа не значи дека Вие би продолжиле да се наоѓате во оваа ситуација, бидејќи Пазар3, како и секогаш, така и овој пат ќе Ви излезе во пресрет нудејќи Ви одлични совети кои ќе Ви помогнат при изборот на домашни миленици, односно кучиња кои би биле одлични за вас и вашите деца!
Ова е можеби една од најголемите дилеми со која што се соочуваат сите оние кои што се заинтересирани за купување на куче, а тоа е сосема нормално, имајќи го предвид фактот што сепак станува збор за семејства кои имаат деца.
Генерално, не постои златно правило - дали треба да се стремите кон одбирање на кучиња со мал раст или пак на големи кучиња, бидејќи она на кое што треба да обрнете најголемо внимание е карактерот/темпераментот на самото куче.
За ваша информација, постојат мали раси на кучиња кои што не се идеални за деца, но и големи кучиња кои што пак се идеални за бебиња и деца, па сосема е нормално да се соочите со потешкотии при изборот.
Познатиот лабрадор ретривер е еден од најдобрите и погодните раси кучиња за семејства со бебиња, а она што малкумина го знаат, е тоа што овие кучиња спаѓаат во групата на ловечки кучиња (птичари).
Па се поставува прашањето - како лабрадор ретривер е погоден за оваа категорија на сопственици?
Тие уште од најмала возраст нема да покажат никакви знаци на агресија, ниту спрема вас, ниту спрема вашите бебиња, а токму поради тоа експертите ги препорачуваат како придружници за бебиња, стари луѓе, но и деца со аутизам.Она што е интересно за лабрадор ретривер расата е тоа што важат за поголеми кучиња, но, сепак, тие имаат тотално детски и нежен темперамент што значи дека тие никогаш не би ги повредиле бебињата ниту децата.За крај, би сакале да Ве известиме дека лабрадорите се познати како единствените кучиња кои што можат да држат јајце во нивната уста, без притоа истото да го искршат, а тоа говори многу за нежноста која што можете да ја очекувате од оваа раса.
Бидете сигурни дека лабрадор ретривер расата на кучиња се тренираат многу лесно, но, се разбира, доколку тоа го сторите уште од најмала возраст, времетраењето би било далеку пократко.
Во секој случај, тие лесно се мотивираат за тренинг, дисциплинирани се, а во ова ќе имате прилика да се уверите и самите откако ќе станете сопственици токму на овие кучиња.
Бигл се кучиња со мал раст кои што се идеални за семејства со деца/бебиња, а тоа најмногу се должи на фактот што тие обожуваат да се галат, да играат но и да понудат вистинска забава за сите членови во семејството.За ваша информација, иако тие спаѓаат во мали раси на кучиња, интересно за нив е тоа што би биле одлични за чување во куќи, наместо во станови, поради фактот што тие обожуваат да следат мириси, да трчаат бидејќи имаат високо ниво на енергија.
Во секој случај, доколку планирате да ги чувате во стан, тогаш наш совет би бил почесто да излегувате на прошетка што е сосема нормално, имајќи го предвид фактот што речиси секое куче сака да ја троши својата енергија во трчање и сл.
Една од првите работи кои ќе ја забележат сопствениците на бигл куче е нивната речиси преакцентирана потреба од барање/покажување на љубов, гушкање и лојалност, па така, Вие заедно со вашето бебе ќе можете да уживате со една од најсемејните раси кучиња која воопшто постои во светот.
Иако бигл кучињата се навистина интелигентни, сепак, бидете спремни на тоа да имате потешкотии при тренингот, особено доколку на тоа се одлучите во подоцнежниот период, бидејќи процесот бара големо ниво на трпеливост.
Според експертите, најдобриот начин за да го подготвите вашиот бигл за очекуваниот нов член на семејството е да се фокусирате на следниве работи во поглед на однесувањето, најмалку 60 до 90 дена пред бебето да се најде во вашиот дом:
- Да не скока
- Да се научи да биде само барем неколку часа
- Да не влегува во одредени соби ( каде што е вашето бебе додека е навистина мало)
Горенаведените предлози се само стандардни безбедносни мерки со кои би ги намалиле шансите за да бебето биде повредено при играње и сл, особено доколку се работи за неколку месечно бебе.
Мопс се исто така кучиња со мал раст кои што зрачат со својот уникатен изглед, љубовта која ја нудат кон сопственикот, особено кон децата и бебињата, па доколку сметате дека овие карактеристики треба да ги има вашето следно куче, тогаш мопс е сигурен избор за Вас!
За разлика од бигл, мопс кучињата се тренираат брзо, a тоа говори многу за нивната послушност уште од најмала возраст, па така, нема да имате потреба да вложувате многу време и труд за да го постигнете тоа што го сакате, во поглед на однесувањето.
Сопствениците на мопс ќе имаат вистинско уживање со ова пријателско настроено, семејно куче, бидејќи тие обожуваат да играат, нежни се со децата, и имаат огромно ниво на толеранција, што значи и во случај кога вашето дете/бебе би било малку погрубо, мопс нема да изреагира бурно ниту да го касне.
Да, добро прочитавте, благодарение на специфичната форма на муцката на вашето мопс куче кое што не му овозможува на кучето да има ефикасно касање дури и ако посака.
Освен ова, овие мали раси на кучиња се познати и по тоа што покажуваат силна емоција кон своите сопственици, децата, и по нивното резонирање односно следење на ситуацијата, па така, склони се кон тоа да Ве бранат од непознати.
Впрочем, нивното потекло доаѓа од боксерите, а најголемата разлика е во тоа што тие се боксери во мала верзија!
Кокер шпаниел е уште еден член кој што спаѓа во групата на мали раси на кучиња, а она кое ги истакнува од останатите раси кучиња е тоа што тие се употребуваат како "терапевти" за деца со посебни потреби, но и за анксиозни деца, токму поради нивната способност да овозможат љубов, трпение и поддршка.
Голем број на експерти сметаат дека вусшност кокер шпаниел наликува многу на човекот во поглед на перцепцијата, интелигенција, агилноста но и по грижата која можат да ја понудат за своите најблиски.
- За оние кои не знаат, кучето кокер шпаниел се дели на две раси - англиски кокер и американски кокер шпаниел, а единствената разлика е во големината.
Американскиот кокер шпаниел е помал од англискиот, а во поглед на карактерот, тие се речиси идентични.
- Иако тие често се користат/користеле како кучиња за лов, сепак, ова не е случај и сега, бидејќи тие се почесто се користат и како изложбени кучиња поради нивните одлични карактеристики, најмногу од аспект на влакното.
- Обожуваат деца, и растење во фамилијарни услови до таа мера, што се речиси и "лишени" од агресија, па дури и кога би биле нападнати, наместо да се одбранат, уплашени и би се повлекле.
- Имаат потреба од љубов, а доколку не им обрнувате внимание, тие можат да достигнат огромно ниво на стрес кое би направило да не јадат со денови.
Единствениот недостаток кој што го поседуваа кокер шпаниел расата е специфичната грижа која што треба да им ја обезбедите во поглед на ушите, бидејќи нечистотијата се појавува многу брзо.
Иако постојат и други видови на раси на кучиња кои се погодни за семејства со деца, сепак, според Пазар3, гореспоменатите кучиња би биле идеално решение за Вас.
За крај, имајте на ум дека грижата и тренингот се основните предуслови за да речиси секое куче биде погодно за Вас и вашите деца, па затоа, Ве советуваме да обрнете големо внимание!
Пораки
Информации за корисникот