Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Најдобри лаптопи за работа од дома

Најдобри лаптопи за работа од дома

 

Добар компјутер за работа е тој кој што нема да Ви ja успорува работата и ќе ги поддржува сите програми кои Ви се потребни. Доколку е потребно да чекате подолго време додека се уклучи компјутерот и програмите кои Ви се потребни, тоа значи деак губите голем дел од Вашето скапоцено време, кое секако може да го искористите по продуктивно доколку работите од дома.

Секако, ако се прашувате кој е најдобриот лаптоп кој ќе ги задоволи сите Ваши потреби, изборот е голем и секако секој од тие лаптопи не е ист. Тоа е добро, бидејќи луѓето имаат различни потреби, а сето тоа зависи од тоа каква е нивната работа.

 

Доколку Вашата работа се сведува на повеќе патувања и постојано сте во движење, тогаш Ви е потребен лаптоп кој не е голем и тежок и е лесно пренослив. Од друга страна, за работа од дома најчесто се бира лаптоп кој со своите перформански ќе одговара на работните задачи, затоа пред да купите лап топ потребно е прво добро да размислите.

 

Како треба да изгледа лаптопот за работа


Лаптопот за работа дефинитивно не трпи отстапки кои може да ги направите кога купувате лаптоп за секојдневни работи.
Лаптопот кој го корисите за работа мора да биде флексибилен и добро опремен, како би можел да одговори на сите Ваши работни задачи. Некоја општа препорака е дека доволно е 8 GB РАМ меморија, со оглед на тоа дека тоа е оптимумот со кој може лаптопот да ги совлада сите комплексни задачи, брзо и ефикасно.

 

Дали треба да размислите за ССД диск?

Ако Ви е потребна голема брзина со која ќе работи лаптопот, тогаш секако е препорачливо да се набави и ССД диск. Овој диск е значително помал од стандардниот хард диск и не функционира на механички принцип. Притоа, ССД носи исклучително добар напредок во брзината на подигање на системот, отворање на програмите и апликациите, но и со сите работи со фајловите (отворање, преместување и сл.) .
Сите оние кои користат лаптоп со вградена ССД диск може да ја забележат разликата, а целокупното работење е толку лесно што е особено значајно за продуктивно работење од дома.


Која е препорачлива графика за службен компјутер?

За стандардна домашна или работна употреба се користи Интел графика, но секако потребно е да знете дека Intel HD3000 или Intel HD4000 се значителна подобра верзија од HD2000. Ако работате на некој големи 3D проекти, тогаш препорачливо е да имате NVIDIA или AMD графика, бидејќи Intel не е во состојба тоа да го поддржи.


Колку е важна големината на екранот?


Големината на екранот е битен фактор кога е во прашање лаптоп кој се користи за работа. За повеќето работи дијагоналата на лаптопот од 15.6 инчи сосема е доволна и одговара, но доколку се работи за некоја специфична работа, како проекти и сл., тогаш се препорачуваат поголеми екрани. Воглавно тоа е 17.3 инчи кој пружа пријатен и комфорен поглед за таков вид работа.

Најдобар лаптоп – модел кој вреди да го купите доколку работите од дома


Најистакнатите брендови на лаптопи кои до сега најдобро се имаат покажано на пазарот се Dell, Lenovo, Asus, HP, Apple.. Сепак, никој не може да гарантира колку еден модел ќе трае без да се расипи. Многу фактори влијаат на векот на траење на лаптопот, а еден од нив секако е и Вашата грижа и начинот на користење.


Ова се некои од моделите кои се најпогодни за користење


Acer лаптоп за работа


Acer A515 51G 70XY претставува моќен уред, кој со својот i7-7500U процесор, 8 GB RAM и 1 TB простор на хард дискот, има и добра понуда на USB приклучоци. Екранот е 15.6 инча и има квалитетна резолуција од 1920x1080 пиксели.


Lenovo лаптопи


Екрани од 15.6 инчи и 1920 x 1080 резолуција поседува и Lenovo 32015IKBA 80YE002PYA моделот, кој со сето тоа нуди и процесор од i5 серијата, 8GB RAM меморија и 1TB простор на хард дискот.

 

HP лаптопите со висок квалитет


Hеwlett Packard со 250 G6 1WY58EA, со i5 инчи, 8 GB RAM и 265 GB SSD е HP модел кој најмногу се препорачува. Исто така и HP 2RS12EA/8 со слична конфигурација, само со нешто појак модел на процесор од i5 серијата и SSD диск кој вклучува PCI slot – што е уште побрза варијанта. Тука се и Win 10 Pro оперативните системи.

Општото правило при купување на компјутер е да одберете што постандарден модел на лаптоп, првично за деловите да може лесно да ги набавите доколку има потреба. Деловите за ретките модели се доста поскапи и не можат лесно да се набават. Имајте на ум кои компоненти Ви се важни и што конкретно Ви треба, па така полесно може да го најдете моделот кој Ви треба, како би ги задоволил сите Ваши потреби и би Ви ја олеснил работата.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации