Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

buying guide of summer tires

Летни гуми - Водич за избирање на летни гуми!


Со завршувањето на зимската сезона, завршуваат и законските обврски со времетраење од 15 ноември до 15 март задолжително да се поседува зимска опрема, па како возач, повеќе од потребно е да размислувате за купување на летни гуми, за вашите автомобили, моторцикли, мопеди или останати возила.

Во оваа статија, ќе имате можност да прочитате одлични совети за тоа како да одберете летни гуми, дали е подобро одбирање на нови гуми или пак на половни гуми, кои брендови би требало да бидат ваши фаворити, која големина е идеална за вашите возила,  и се разбира, што значат ознаките на гумите доколку сте почетници.


Летни гуми - информации кои би требало да ги знаете

Првичната намена на сите летни гуми е да обезбедат максимална тракција, стабилност при возење на кратки и долги релации на поголеми брзини, како и способност за безбедно кочење во летните услови, односно на патиштата во кои нема голомразица, снег, па и до некаде и големи количини на дожд.


Што значат ознаките на вашите летни гуми?

На пример, доколку здогледате натпис во стил на 215/60/R16/94V, 

215 - означува ширина на гумата изразена во милиметри;

60 - го прикажува односот на висина и ширина во проценти;

R - ова е код кој што го наговестува типот на гумата, во случајов тоа е радиална гума;

16 - дијаметар на фелна;

94 - индекс на носивост;

V - индекс на брзина, ова може да варира, па така, да наидете на натписи означени со W, Z, T, H, V;

Овие натписи ги имаат и зимските гуми, па доколку сте почетник, тогаш овие информации би ви биле повеќе од корисни доколку ги знаете.

Во секој случај, Пазар3 ве советува да ја одберете димензијата на вашите летни гуми кои се пропишани и наменети исклучиво за вашиот модел на возило.


Нови или половни гуми?

Гумите се единствената работа која ве "спојува" со вашето возило на патиштата, а со оглед на фактот што безбедноста при возење е секогаш на прво место, тогаш не треба воопшто да штедите на гуми, сепак, тие се менуваат еднаш годишно.

На Пазар3, често се случува да наидете на одлично сочувани половни гуми кои што не биле користени ниту една целосна сезона, а цената да биде повеќе од примамлива, па така, доколку мора да бирате, тогаш наш совет би бил потполно нови или пак одлично сочувани гуми.

Во двата случаеви, вашиот избор ќе Ви донесе свои позитивни но и негативни страни, па затоа, Вие бидете тие кои што ќе ја донесат последната одлука.


Рок на траење на гумите

Иако не постои генерално правило за рокот на траење на гумите, и покрај тоа што некои производители може да ви "гарантираат" употреба од околу 6 години, 10 години, сепак, во пракса тоа не е воопшто така бидејќи постојат многу директни и индиректни фактори кои влијаат на трошењето на гумите.

На пример, наглото кочење, убрзување, возење по оштетени и тешкопроодни патишта, се само едени од многуте фактори кои ќе издејствуваат кон намалување на квалитетот и долговечноста на гумите.

Исто така, квалитетот на гумите може да варира поради многубројни причини, почнувајќи од цената, материјалот на изработка, па се до брендот.

За ваша среќа, на Пазар3 ќе можете да одберете автомобилски гуми од најдобрите брендови на пазарот - Riken, Falken, Dunlop, Michelin, Pirelli, Continental, WindForce gumi, Sava, Hankook, GoodYear, BridgeStone кои во голема мера би ви гарантирале повеќегодишно користење.


Комбиниран или цел комплет на гуми од ист производител?

Речиси и да нема бренд на гуми кој што не препорачува употреба на комплет летни гуми / зимски гуми од еден ист производител, а колку и ова да звучи како маркетиншки трик, сепак, во пракса резултатите се навистина очигледни.

Производителот ја знае способноста на гумите многу повеќе од вас, а и истите поминале разни видови на тестови, па оттаму, и препораките се секогаш добредојдени.

Затоа, приоритизирајте купување на комплет летни гуми наместо да комбинирате гуми од 2 или повеќе различни производители, бидејќи така ќе го подобрите комфорот при возење, и најважното - безбедноста додека патувате.


Што е подобро - летни гуми или all-season гуми?

Голем број на возачи се во дилема дали да одберат исклучиво летни гуми или пак all-season гуми (M+S), а она што е интересно е тоа што изборот си има свои предности и недостатоци, па така, потребна е малку подетална анализа за да имате подобра претстава околу тоа дали летните гуми се подобар избор или пак обратно.

Имено, намената за all-season гуми е да обезбедат квалитетна тракција на суви, влажни и снежни услови на патиштата, но, имајте на ум дека тие не се произведени за да ви го обезбедат квалитетот кој што би ви го понудиле зимските гуми за возење во зима.

За разлика од нив, летните гуми, како што говори и самото име, се наменети исклучиво само за во лето, каде што нивниот импакт е најдобар кога температурата на воздухот не оди под 10 степени според Целзиус.

Во поглед на бучавата, all-season гумите се далеку побучни од летните при возење во услови на повисоки температури, додека пак, според издржливоста, all-season гумите се познати по тоа што можат да издржат далеку повеќе километри од летните.

Според нас, најдобро би било да одберете комплет летни гуми, и комплет зимски гуми, бидејќи сепак временските прилики во Македонија се предвидливи, и не се воопшто екстремни.


Кога е вистинското време за купување на летни гуми?

Нестабилност - доколку при возење на автомобилот или останатите моторни возила забележите поголеми вибрации од предходно, а притоа возите по автопат, една од причините можат да бидат вашите сегашни летни гуми.

Ова може да биде резултат на недоволното количество на воздух, небалансираност, па затоа, штом ќе ги забележите овие појави, веднаш упатете се на вулканизер или пак консултирајте се со сервисери, за да на крајот, одберете нови гуми.

Ги користите многу години - се си има животен век, а гумите не се ништо поразлични од останатите работи. Ако овој сет на гуми го користите повеќе години, тогаш започнете да размислувате за инвестирање во летни гуми, бидејќи тие ќе ви помогнат да го извлечете најдобриот перформанс од вашите возила.

Истрошеност - во моментот кога ќе забележите дека вашите гуми покажуваат знаци на физички оштетувања или пак истрошеност, тогаш не треба ни да чекате, туку веднаш да објавите оглас на нашиот сајт кој што ќе ви помогне да стапите во контакт со докажани продавачи кои нудат продажба на гуми од сите брендови.


Се надеваме дека овие информации ви беа од помош на било кој начин, а доколку е тоа така, чувствувајте се слободно да се огласите на најголемото купопродажно место во Македонија, во кое што ќе можете да најдете одличен избор на летни гуми по фантастични цени!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации