Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

importance of informal education for career development


Колку е важно неформалното образование во развојот на Вашата кариера


Неформалното образование станува се по популарно во едуцирањето на постоечкиот, но, и на идниот професионален кадар во Македонија, а тоа најмногу се должи на понудата на многубројни бенефити од кои најмногу се издвојуваат вештините кои се клучни за кариерниот развој!

Во оваа статија, ќе можете да прочитате кои се предностите на овој тип на образование, зошто би требало да се одлучите за неформално образование, и како неформалното образование може да биде клучно за правилен раст и развој на вашата кариера!


Во чекор сте со најновите трендови во индустријата

Како иден професионалец, вие не знаете дали моменталните материјали од кои е сочинетa програмата во традиционалниот образовен систем се токму оние кои ги бара пазарот, а тоа воопшто не е ваша вина.

Ова е проблем дури и во развиените земји ширум светот, а во Македонија, работата може да варира во некои сегменти кон подобро, а во некои кон полошо.

Образовниот систем во Македонија е направен на начин да се стекнете со дисциплина и "сестраност" во најразлични сфери од вашата идна професија, додека пак кај неформалното образование позитивната страна е токму фокусот на она што најмногу ве интересира.

На пример, постојат најразлични академии за IT, инженерство, маркетинг и медиа, но, и одлични обуки во доменот на економијата и правото, обуки за агенти за продажба, и занаетчиство.

Откако ќе го одберете она што ве интересира, предавачите кои имаат практично знаење ќе се фокусираат кон најважниот дел од она за кое што покажувате интерес, а информациите се генерално секогаш блиски до она што моментално се бара на пазарот.

Па така, наместо да знаете од се по малку, вие ќе го знаете токму она кое што се бара за вашата идна или постоечка струка.

Се разбира, припадници на неформално образование се и веќе стручните лица кои што целат кон лична надоградба за да станат по конкурентни на пазарот!


Совети и вмрежување со (идни) професионалци од истата струка

Со оглед на фактот што ќе добивате практични совети од веќе докажани професионалци кои што оставиле трага во својата професија, секој оној кој што посетува неформално образование ќе може да ги воспостави тие совети во пракса, а тоа ќе има придонес при наоѓање на работа за време на пандемијата, но и во нормални услови!

Од друга страна, можноста за запознавање со личности кои споделуваат слични интереси како вашите, ќе ви помогне да останете во контакт со идни потенцијани бизнис партнери со кои веќе сте соработувале.

Во светот на бизнисот, контактите се буквално се, без разлика дали гледате од аспект на долготраен успех или пак, при наоѓање на пракса или работа како препорачан кандидат.


Пријатна атмосфера

Во неформалното образование, вие нема да го чувствувате стресот за  добивање на диплома "која би гарантирала" вработување како што честопати слушаме од постарите, туку напротив, неформалната едукација е опуштена, и често вклучува најразлични методи кои би го сведиле стресот на минимум.

Тука, дипломата е само лист хартија, впрочем, стекнатите практични вештини и знаења се токму оние предуслови за успех, а за ваша среќа, оваа предност ќе ја имате токму вие!

За ваша информација, голем број од обуките се интерактивни, а според огромен број на истражувања, тие се покажуваат како клучни за полесно совладување на материјалот кој што треба да го изучите.

На пример, двочасовна традиционална настава е далеку повеќе стресна од интерактивна настава, а и резултатите не се секогаш најдобри, бидејќи традиционалното образование има за цел да го воведе секој ученик под однапред предвиден режим на учење.

А, како што знаеме, не секој може да се вклопи во овој тип на настава, па често, дури и најголемите генијалци низ историјата се соочиле со проблеми.


Пракса, пракса и уште повеќе пракса!

Покрај домашните задачи, неформалното образование се стреми да го обучи секој заинтересиран посетител колку што е можно повеќе преку ставање акцент на практичниот дел, наместо на теоретскиот кој што знае да биде некогаш и досаден.

Па така, секое прашање ќе ви биде одговорено на лице место, а тоа ќе води кон расчистување на секоја нејаснотија што само по себе ќе се покаже како одличен начин на учење наместо да бидете "oсудувани" од менторите/професорите како што е случајот со традиционалното учење.


Не ви е потребно предзнаење

Покрај индивидуалните учесници на неформално-образовни обуки или академии, се поголем е бројот и на компании кои инвестираат во преквалификација на постоечкиот кадар во други оперативни сегменти од работењето на бизнисните.

Имено, доколку покажувате интерес во некоја сродна професија, а вашиот работодавач има време за специјализиран тренинг, тогаш предзнаењето не мора да биде ваш приоритет.

Се' се учи со време и практично работење, а можноста за да научите нови работи не се одвива само во еден период во животот, туку до крајот на животот.

Од друга страна, ако во моментот не сте задоволни од работната позиција, и сакате да смените, тогаш ова воопшто не е проблем за вас, бидејќи неформалното образование ќе ви даде предзнаење а и ќе ве "поткова" да можете да се пронајдете себе си во некоја од посакуваните индустрии.


Обуката е наменета според прикладно темпо

Без разлика дали учите брзо, или пак, потребно ви е малку повеќе време за да имате самодоверба во материјалот, неформалното образование може да се одвива неколку пати неделно, а самиот старт, започнува бавно и сигурно.

Потоа, како што се повеќе сте вклучени во активното учење, така обемот може да се зголеми, но, постојат и посебни денови исклучиво само за одговарање на нејаснотии, што значи дека барањата на секоја категорија на индивидуалци ќе може да биде задоволена.


Кое е вашето мислење за неформалното образование? Дали некогаш сте биле учесник на некоја академија или обука? Во секој случај, ве охрабруваме во иднина да започнете да разислувате за овој тип на образование бидејќи истиот може да се покаже како клучен при вашиот кариерен раст и развој!

Следете го нашиот блог и во иднина, бидејќи тука ќе имате прилика да прочитате квалитетни совети и информации од секаква тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации