Ковид кризата која што го обви светот кон крајот на 2019 година, резултираше со затворање на голем број работни места како и во светот, така и во Македонија, особено во периодот од април до септември 2020 година.
Според Државниот завод за статистика, во овој период, бројот на вработени лица се намалил за дури 25.550 лица, додека пак, според Агенцијата за вработување, евидентирани се дури 18174 невработени лица во почетокот на 2021 година, односно до 31.12.2021 година, што претставува навистина голем проблем.
Ако и вие спаѓате во оваа категорија на граѓани кои во моментот имаат потреба од работа и постојано ги читате сите огласи за вработување, Пазар3 Ви подготви совети кои би можеле да ги искористите, бидејќи тие во голема мера ќе Ви помогнат да го пронајдете работното место по кое што трагате!
Една од најчестите грешки со кои се соочува секој барател на работа, е тоа што го испраќа истото CV без никакви измени на повеќе огласи за работа, наместо да ја подготвува својата работна биографија според квалитетите кои што ги бара секоја компанија поединечно.
Ова е универзално правило за секоја професија, без разлика дали спаѓате во групата на административниот сектор, сметководство и консалтинг, маркетинг и медиа, информациона технологија, медицина или пак инженерство.
На овој начин, сите огласи за вработување кои ги следите ќе Ви бидат потенцијално работно место кое ќе Ве спаси од моменталната ситуација во која се наоѓате.
Интернетот е можеби и главната алатка која ќе биде вашиот партнер, бидејќи тука ќе можете да следите огласи за вработување на најпознатите сајтови за оголасување, но и да ги користите најпознатите социјални мрежи како:
Речиси и да нема професионалец кој што нема профил на оваа социјална мрежа која што е наменета токму за оние кои нудат работа, но и за оние кои бараат вработување, а доколку во моментот вашиот профил стагнира или пак воопшто го немате, време е за промена!
На LinkedIn ќе имате можност да ги филтрирате сите работни позиции кои ги сметате за адекватни, но и да се поврзете со многубројни работодавачи со кои би можеле да стапите во контакт, а со тоа и директно да издејствувате врз зголемување на шансите за вработување.
Фејсбук, како една до водечките и најголемите социјални мрежи во современиот свет, може да Ви помогне исто така благодарение на големиот број на групи во кои што луѓето се поврзуваат со цел да најдат потенцијални работни позиции од секоја индустрија - програмирање, маркетинг, графички дизајн, медицина, земјоделство, телекомуникации и се останато.
Во Македонија, ова е еден од начините кои луѓето го практикуваат со цел да бидат во тек со сите огласи за вработување кои секојдневно се објавуваат, па истото ќе можете да го сторите и Вие.
Иако бројот на сајтови за огласување е голем на нашите простори, сепак, Пазар3 се издвојува како најголемиот купопродажен но и огласувачки сајт во Македонија чија дневна посетеност надминува над 70 000 посетители.
Исто така, бројот на огласи на дневно ниво го надминува бројот на неколку илјади што значи дека ние можеме да Ви помогнеме да најдете производ, да продадете, но и да регистрирате/следите огласи за вработување односно работа кои ги нудат огромен број на работодавачи.
Единственото нешто на кое што треба да внимавате во случај да сакате да објавите огласи за вработување е да се придржувате кон правилата за огласување и да пишувате објаси кои се кратки, јасни и разбирливи за читање.
Без разлика дали имате неколку годишно искуство, или пак сте студент кој што е во потрага по работа, пазарот на работна сила постојано има потреба од амбициозни луѓе кои постојано сакаат да се надградуваат и да учат нешто ново.
На пример, ако сте веќе искусни во работата а досега не сте наишле на огласи за вработување кои ги исполнуваат вашите критериуми, тогаш најдобро би било да ги контактирате вашите пријатели или пак некогашни соработници кои веќе работат, бидејќи тие би можеле да ве препорачате.
Исто така, потрудете се да следите некој курс на интернет кој што може да биде во вашиот домен, или пак курс кој може да Ви послужи како почетна точка за пренасочување доколку досегашната работа не е доволно платена.
Од друга страна, ако штотуку дипломиравте и имате потешкотии при наоѓање на работа, во зависност од тоа што сакате да работите, да започнете со следење на туториали на интернет кои се наменети токму за вашиот домен.
Голем број на туторијали би можеле да ги најдете бесплатно, а следејќи ги препораките, вашето CV би можело да изгледа подобро, а вие пак би им оставиле впечаток на работодавачите дека сте амбициозни и дека сте желни за учење.
Хонорарната работа е одличен избор за да имате потенцијален, пасивен прилив на средства кој што може да прерасне и во бизнис, а ова е идеално и за оние со искуство но и за оние без никакво искуство кои сеуште го бараат патот за да најдат работа.
На интенрет, постојат многубројни платформи во кои можете да членувате, и да следите огласи за вработување или извршување на одредени задачи за кои би биле платено.
Тоа може драстично да го зголеми вашето портфолио, да Ве направи по конкурентни на пазарот, а со тоа и да ги зголемите шансите за наоѓање на работа за време на пандемијата.
Она што е одлично за овој начин на барање работа е тоа што немате да имате речиси никакви поголеми трошоци, освен оние кои би требало да ги пријавите во УЈП.
Потрудете се да не потклекнувате на фрустрацијата, и истата канализирајте ја во став дека ова е само фаза со која ќе би се соочил секој еден од нас во даден момент.
Упорноста секогаш на крајот се исплати, а тоа може да Ве направи и подобар професионалец кој што многу полесно би ги надминал потешкотиите кои би се јавиле во фирмата чиј карактер не би ја загрозил вашата финансиска состојба.
Воедно, би сакале да Ве советуваме секојдневно да следите огласи за вработување, и да аплицирате во секој момент бидејќи колку што повеќе настојувате да најдете вработување, толку се поголеми и шансите да ја реализирате вашата цел.
За крај, имајте на ум дека барањето на работа е вистински предизвик со кој што се соочуваат огромен број на граѓани ширум светот, но, бидете сигурни дека горенаведените совети ќе Ви помогнат кон тоа да најдете вработување на далеку полесен начин, без разлика колку и да е тоа тешко во дадениот момент.
Среќно!
Пораки
Информации за корисникот