Прилагодувањето на брзината, возењето според пропишаните правила, и најважното - употребата на појас при возење се едни од клучните фактори кои што значително ќе ви ја зголемат безбедноста при возење, а во некои случаи, би ви го спасиле дури и животот.
Но, не сите возачи ја практикуваат оваа безбедноста мерка, а причините можат да бидат многубројни, а во секој случај, во оваа статија, Пазар3 ќе Ви прикаже кои се предностите кои ги нуди користењето на сигурносен појас при управување на вашите автомобили!
Дури иако возите според правилата, тоа не значи дека сте целосно исклучени од потенцијалните ризици кое го нуди управувањето на вашите возила, бидејќи постојат многубројни возачи кои што воопшто не се грижат ниту за сопствената безбедност, а уште помалку за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Според истражувањата на Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата на САД, употребата на сигурносен појас при судар, може да ги намали ризиците од фатални последици за дури 45%, или пак за 50% доколку сударот не бил толку сериозен.
За жал, сведоци сме на постојаните вести во кои фаталните последици сè се почести, а ова не треба да Ве заплаши, туку, напротив, да ве охрабри да започнете со практикување на безбедно возење користејќи сигурносен појас.
Иако ова е повеќе од очигледно, сепак, доколку се двоумите дали е ова навистина точно, тогаш, би сакале да Ве информираме дека истражувањата на Центарот за контрола и превенција на болести на САД говори дека во 2009 godina, 53% од возачите кои починале при судар со друго возило, биле оние кои не возеле користејќи сигурносен појас.
Во споредба, над 13,000 возачи преживеале немили настани при возење, а како главен фактор за овие добри вести е токму безбедноста која ја нуди сигурносниот појас.
Исто така, би сакале да Ве информираме дека шансите за да бидете "фрлени" од возилото при удар се за околу 30 пати повисоки отколку во случај да користите појас.
Според Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на Македонија, многу мал дел на возачи се одлучуваат за користење на сигурносен појас при возење во населено/градско место отколку надвор од населеното место.
А тоа во голема мера ја отсликува и сообраќајната култура во нашата земја, на која мора постојано да работиме за да се подобри.
Колку и да звучи зачудувачки, сепак, во пракса, огромен дел од возачите сметаат дека сигурносниот појас е само една обична заштитна мерка која што и не е толку ефикасна, бидејќи сепак, зошто би постоеле воздушните перничиња?
Бидете сигурни дека воздушните перничиња не се доволни за да Ви овозможат целосна заштита, бидејќи она што неретко се случува е и да ви нанесат повреди доколку - погодете што? Не користите сигурносен појас.
Производителите на автомобили вклучуваат воздушни перничиња исклучиво само како безбедносна мерка, а нивната идеја не е да ја заменат функционалноста на појасот.
За волја на вистината, најпознатите марки на автомобили како Audi, BMW, Mercedes, Volkswagen, Opel, Ford, Fiat, Seat, Suzuki и сл, секогаш се стремат кон тоа да креираат високо квалитетни воздушни перничиња кои што би можеле за неколкукратно повеќе да Ви ја зголемат безбедноста, но и тие самите препорачуваат да користите сигурносен појас.
Иако резултатите и последиците од некористење на појас се очигледни и јасни, сепак, наоколу постојат многу митови кои можеби се и главната причина поради кои некои возачи не се одлучуваат за оваа практика, па затоа, решивме да ви понудиме одлични одговори.
Ова не е воопшто точно, бидејќи главната причина за да преживеете во вакви ситуации е да останете свесни, а тоа не можете да го добиете доколку добиете силен удар кој што ќе онесвести.
Во овој случај, заштитниот каиш ќе ви помогне да бидете приземни, но и свесни за ситуацијата во која што се наоѓате, па така многу полесно би можеле да го напуштите возилото.
До некаде, овој мит е и точен бидејќи во минатото, појасите не биле комфорни за возачот, па дури и на некој начин го спречувале да има комфорно возачко искуство.
За споредба, современите автомобили користат сигурносни појаси чиј материјали со кои се изработени се лесни, и нема во никој случај да направат да се почувствувате непријатно, или пак заробено.
Генерално, ризиците од судар се јавуваат после возење на околу 40 километри, а од друга страна, пак, никој не ви гарантира дека тоа не може да се случи после 10 минути возење.
Ова воопшто не е точно, бидејќи, секој оној кој што управува моторно возило, без разлика дали е возач на автомобил, автобус или пак на камион, ги сноси истите ризици како секој еден од нас.
За да бидете сигурни дека вашиот сигурносен појас е поставен како што треба, следете ги следниве чекори кои што ќе Ви бидат од голема помош, особено доколку сте возач - почетник:
- Позиционирајте се, и осигурајте се дека горниот дел на појасот се протега преку рамото наместо вратот, а долниот под стомакот или над колковите.
- Вметнете го металниот дел односно јазикот на каишот во бравата закопчување, доколку ова го направите правилно, тогаш ќе чуете "клик".
Потоа, внимавајте појасот да не биде лабав/заплеткан, и истиот поставете го да биде прилепен што е можно поблиску до телото, доколку овој критериум не е исполнет, тогаш Ве советуваме дополнително да го затегнете.
Пазар3 Ве охрабрува и апелира да возите безбедно, според пропишаните правила во законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој што вклучува и користење на заштитен појас!
Оваа практика нема само да ве направи подобар возач, туку воедно, тоа би го спасило вашиот живот, или пак на сопатниците со кои патувате!
Пораки
Информации за корисникот