Растенијата и работата во природатa секогаш ги збогатуваат луѓето и нивните животи, и тие се суштински фактори без кои планетата дефинитивно не би била иста. Затоа не е изненадувачки што луѓето поминуваат време во природа, се занимаваат со растенија и земјоделство, наводнуваат и растат зеленчук и овошје.
Растенијата во модерното време добиваат две главни функции: декоративни и прехрамбени. Поради сето ова, платформата Pazar3.mk го става земјоделството меѓу најважните активности, имено, градинарството и растителното одгледување самостојно во дворот е одлично за стекнување на знаење и искуство за почетници во земјоделството.
Но, да се вратиме на главната точка - уредување на дворот и прашањето како да се засади градината во својот двор. Ние истражувавме за Вас, а подолу Ви нудиме неколку корисни совети и предлози - вистински водич за почетници во градинарството!
Без разлика дали сакате да создадете градина од која можете, ако сакате, да соберете плод и од него да се нахраните, без разлика дали се прашувате како да го разубавите Вашиот двор, или декоративната функција е она што Ве мотивира да засадите прекрасна градина - изборот на семе е првиот чекор што треба да го преземете.
Во локалната цвеќара, расадник или земјоделска аптека ќе најдете огромен избор на семиња. Може да побарате помош при изборот од продавачите - тие ќе Ви препорачаат какви семиња може да растат во одредени услови, клима и локација.
За почетници, генерално се препорачуваат растенија и зеленчук, вклучувајќи ги: боранија, домати и зелена салата. Од цвеќињата, тука се: рози и каранфили.
Кога ќе го одберете семето за садење, следниот чекор е истото да се засади. Секое растение и секое семе имаат различен метод и правила за садење. Затоа препорачуваме во продавницата да се консултирате за тоа како да го садите семето што сте го одбрале.
Потоа, книгите и Интернетот се секогаш тука за да Ве едуцираат, така што и Вие погрижете се да ги најдете најдобрите совети за секое семе поединечно. Секое растение има свое време на садење, како и берба. За тоа кога е време да се засади и кога е време да се собери, мора да се распрашате и да научите пред да го засадите растението.
За да ги заштитиме растенијата од мраз - треба да започнете да го одгледувате во затворено, на топло. Универзалното правило за садење гласи: семето се засадува под површината на земјата на дупло поголема длабочина, него што изнесува големината на семето. Сепак, ова не е ниту универзално правило - некои растенија бараат повеќе светлина, некои помалку.
Кога семето се развива, треба да се сади во поголема саксија. Кога ќе порасти уште повеќе и ги дочека пролетните и летните денови кои му одговараат (најчесто, зависи од растение до растение), тогаш е подготвено и за пресадување и за живеење во градината.
Откако ќе ги засадите растенијата и цвеќињата, време е да ги заштитите, негувате и одржувате. За нега и одржување на растението, се разбира, важно е да се наводнува секојдневно. Колку често ќе се наводнува најмногу зависи од видот на самата саксија. Истото важи и за ѓубривото кое се користи. Сепак, мислењето што е најзастапено кај градинарите е дека, без оглед на тоа за кое растение стaнувa збор, потребни се три минерали за успешен раст на растението: фосфор, азот и калиум. Покрај овие, за растенијата се исто така важни: калциум, магнезиум, сулфур и железо.
Со цел растенијата од Вашата градина да примат доволно од овие минерали важно е да користите ѓубриво. Ова е местото каде што ќе ги изберете вештачкото и органското ѓубриво, како и сите нивни подвидови. Процесот на хранење на градинарските растенија не одзема многу време.
Растенијата, како и другите живи суштества, можат да бидат погодени од болести и исто така да бидат нападнати од страна на штетници.
Заштедата на средства против разни растителни заболувања, инсекти и штетници може многу лесно да се направи - со правилен распоред на растенија во градината. Растенијата што се „соседи“ можат да се заштитат едни со други од овие напади.
На пример: доматите се одличен сосед за моркови, магдонос и целер; морковите се за кромид, ротквици и грашок; зелена салата е најдобриот сосед за краставица, зелка и грав; гравот е најдобро да биде засаден со прокељ, тиквички и спанаќ.
За да ги заштитат од болести и штетници, луѓето се грижат за растенијата со тоа што користат хемиски средства (кои најбрзо и најефикасно делуваат против растителни заболувања и штетниците што ги напаѓаат).
Сепак, овие хемиски средства имаат лош ефект врз другите живи суштества и нивното
здравје, вклучувајќи ги и хранливите вредности на градинарските растенија. Затоа во последно време многу популарно е органското производство на растенија.
Типично е тоа што растението не се одгледува и расти со вештачки супстанции или препарати. Растенијата од органско производство од болести и штетници се заштитуваат со растителни препарати, а заразените делови од растението редовно се лекуваат и се отстрануваат.
Освен средстваата за правилен третман и правилно распоредување на растенија, секојдневната нега и грижа за растенијата ќе придонесат за нивниот правилен раст и развој.
Можеби уредувањето на Вашата градина е само првиот чекор, а потоа ќе започнете да работите земјоделство, или можеби ќе започнувате сопствен земјоделски бизнис. Како и да е, платформата Pazar3.mk е тука за Вас, како најпопуларен и најдобар простор за рекламирање каде секој брзо и едноставно може да ја постави својата реклама. Не се сомневаме дека Вашата градина ќе изгледа фантастично!
Пораки
Информации за корисникот