Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how do you stop thinking about work while on vacation?


Како да заминете на одмор без да мислите на работата


Летото е синоним за уживање и дружба кои се проследени со море/езеро, плажа, добра музика, ладно пиво и водени лудории кои што се од огромно значење за менталното здравје за секој човек, без разлика дали станува збор за работник или пак за сопственик на бизнис.

Но, имајќи го предвид фактот што ова се случува само еднаш годишно, а работата, работните обврски и проектите кои што треба да се финализираат се тековна појава, голем број на работодавачи и вработени не можат во потполност да се релаксираат и да се препуштат на мирот.

Затоа, Пазар3 се одлучи да ви понуди одлични совети за сопственици на бизниси и работници кои se стриктно наменети за да можете да заборавите на работата додека летувате, се со цел да можете да ги искористите одморот максимално!


Однапред испланирајте го одморот

Откако ќе го добиете распоредот за работа, направете добра проценка дали до датумот кога ви започнува одморот, сте во можност да завршите поголем дел од обврските, или пак, потполно да финализирате некој проект на кој што работите веќе подолго време.

Неретко се случува да бидете наградени за напорната работа, особено кога проектот е поголем, а тоа значи и дополнителен буџет кој може да се искористи за резервирање на аранжмани на одлични туристички локации, како и во одлични сместувачки капацитети - апартмани, соби, хотели и сл.

Покрај оваа придобивка, вие воопшто не би имале потреба да размислувате околу некоја (не)завршена работа, а тоа директно ќе влијае врз чувството на релаксираност додека сте на летување.

Се разбира, ако некоја работа не може да ја завршите до тој даден рок, ова не значи дека е крај на светот, бидејќи претпоставуваме дека не сте единствениот вработен, и дека работите во тим.

Ако сте сопственик на бизнис, истото важи и за вас, но, единствената работа би била да ги мотивирате вработените на секаков можен начин за да ја постигнат целта на компанијата, за да потоа, и вие имате доволно време да се препуштите комплетно на одморот.


Користете го телефонот само за итни случаи

Несомнено е дека 21ви век е време на технологија и електроника - мобилни телефони, лаптопи, таблети и десктоп компјуери, на кои што речиси целосно сме изложени секојдневно, дали поради работа, комуникација, или пак, исклучиво само за да читаме информации или гледаме популарни серии.

Од гореспоменатата технологија, најмногу се користат мобилните телефони бидејќи тие се всушност и џебни "мини компјутери" преку кои , следиме вести и случувања, и се разбира - комуницираме преку е-маил за многу важни бизнис прашања.

Но, тоа не значи дека додека летувате, дека мора да одговорите на сите мејлови или пак, да трошите време разговарајќи со вработените/надредените постојано.

Сепак, работните обврски можат да продолжат откако ќе заврши одморот, а вие, за тоа време треба да ги наполните "батериите" за да подоцна, полесно се справите со динамиката на работното место, а тоа само по себе значи дека ќе бидете далеку по продуктивни од вообичаеното.

Она на кое што може да се посветите за време на летувањето е да уживате во престојот, да правите стотици фотографии, и да прикачите по некоја фотографија на социјалните мрежи, па дури и комплетно да се изолирате од електронските уреди.


Зближете се со најблиските

Без разлика дали сте сопственик на бизнис, или пак работник, на крајот од денот, ние сме сите луѓе кои што се чувствуваме пријатно со нашето семејство, партнерот или најблиските.

А кога е најдобриот момент за да уживаме со нивното присуство и комуникацијата, имајќи го предвид фактот што поголем дел од времето сме ангажирани со работните обврски?

Се разбира, тоа е периодот за годишните одмори, каде што луѓето можат конечно да се препуштат на присуството на најблиските личности во нивниот живот, па зошто би мислеле за работата, кога се што ви е потребно е плажа, море/езеро и супер комуникација за најразлични теми?

Кога веќе споменавме комуникација, наш совет би бил да избегнувате теми за работа колку што е можно повеќе, иако тоа се чини речиси и како невозможна мисија, бидејќи сепак, работата е една од најважните работи во сечиј живот.


Променете го начинот на размислување

Бидете сигурни дека додека сте на одмор, вашиот бизнис нема да претрпи загуби ( во случај да сте сопственик на бизнис), ниту пак, работата не би можела да биде завршена без вас (како работник), и ако на прв поглед тоа нема да ви се чини така.

Добро испланираните работни обврски во комбинација со распоредот за одмор на работното место се и повеќе од достојна замена за вашето присуство, па затоа, бидете опуштени и не се оптеретувајте со непотребни грижи.

Она што може да ви помогне при елиминирање на грижите е едноставно да не давате никаков повод за всушност да почнете да размислувате за работа, а ова колку и да звучи чудно, сепак, голем број на психолози и научни статии покажуваат дека мозокот може да биде трениран буквално за се.


Информирајте ги соработниците/колегите за вашата (не)достапност

Секој човек вон работата си има своја приватност, но, и начин на живот во кој што не мора да дава "извештај околу тоа што прави вон канцелариските должности, а тука нема никаква поделба помеѓу сопствениците на бизниси и работниците.

Сопствениците на бизниси можат да ги доверат работните обврски на менаџерите додека се на летување, или пак, да ги известат своите соработници дека во моментот не се достапни, па секаков бизнис-контакт кој што не е толку важен дека може да се пролонгира за неколку дена, освен, ако истиот е од преголемо значење.

Ако сте работник, бидете сигурни дека нема ништо лошо во тоа да ги информирате колегите дека за време на вашето летување, вие не би можеле да бидете во тек со се што се случува на работното место, а впрочем, не сте ни приморани да го правите тоа.

Во секој случај, добра практика е правилно да се консултирате со колегата кој што ќе ве замени во периодот кога сте на одмор околу работните обврски, до каде се проектите, на што треба да се посвети поголемо внимание и сл.

Зошто? Бидејќи на тој начин, колегите ќе имаат подобра претстава околу работните обврски кои што треба да се завршат, а тоа ќе се одрази позитивно и врз вашите лидерски способности, но, и кон тоа дека нема да бидете бомбардирани од прашања преку електронски пораки или повици.


Се надеваме дека овие совети ви беа од помош, и дека ќе започнете со нивното практикување, бидејќи годишните одмори ги заслужува секој еден од нас, без разлика дали станува збор за вработени или пак за сопственици на бизниси!

Затоа, ве охрабруваме потполно да се препуштете на дестинацијата во која што летувате, вашето окружување сочинето од семејството, партнерот или пријателите, и најважното - пробајте да се релаксирате во морската сол или езерските води,  бидејќи секој заслужува да има одмор од своите соништа!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации