Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to prepare for vacation with your pets


Како да се подготвите за на одмор со домашно милениче 


Домашните миленици
се и повеќе од достојни членови на сечиј дом и семејство, па поради тоа, голем број на семејства при летувањето не ги изоставуваат своите миленици бидејќи и тие како и ние, луѓето заслужуваат прекрасни моменти, сонце и контакт со море/езеро.

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични совети кои ќе ви помогнат кон подготовката за летување со вашите кучиња или мачки, па затоа, ве советуваме да ја прочитате оваа статија до самиот крај!


Подгответе ја потребната документација

Домашните миленици, како и луѓето имаат свои пасоши кои им овозможуваат на истите да патуваат во рамките на ЕУ, но, и во останатите континенти.

Поради тоа, и повеќе од потребно е да ги земете потребните документи со вас, поради фактот што ова ќе ви овозможи да избегнете несакани ситуации на аеродром или на граничен премин.

На пример, при патување на дестинации во ЕУ, законските обврски предвидуваат носење на микрочип или ткн. транспондер, ветеринарно-здраствен сертификат, како и да имаат доказ за вакцинација против беснило.

На крај, следува и пасошот за домашни миленици со регистарски број и фотографија кој што е клучен при проверката од страна на службениците.


Припремете го миленичето за пат

Имајте на ум дека не секое куче или мачка сака да оди на долг пат, па дури и да патува неколку часа, бидејќи домашните миленици во голема мера се слични како луѓето и во поглед на мачнината која се појавува како резултат на самото патутвање.

За ваша информација, најчестите причини за одбивноста се анксиозноста, стресот и мачнините од патувањето, а она кое што ве советуваме да го направите е да започнете со мал тренинг уште пред да тргнете на пат.

Имено, проблемите со патувањето во поглед на мачнината која би ги чувствувале кучињата би била надмината за околу една година, но, доколку постои силно противење од патување, тогаш се што треба да направите е да се погрижите кон елиминирање на ова чувство.

За волја на вистината постојат неколку начини кои би ви биле од помош, а еден од нив е да не го терате кучето со сила, туку да го наградувате секој пат кога ќе сака да влезе во вашите возила и автомобили.

Исто така, одлична идеја би било да го врзете кучето бидејќи при патување со возила шоковите од патот можат да бидат драстично намалени, бидејќи движењето е лимитрано.

Како плус причина е и безбедноста, се разбира.


Консултирајте се со докажан ветеринар

Во зависност од тоа дали станува збор за мачка или куче, како и за која вид на раса станува збор, секогаш консултирајте се со ветеринар кој што има одлични познавања околу однесувањето и карактерот на домашното милениче.

На пример, ако патувате со мачка, храната не би била некој поголем проблем, ниту водата, бидејќи при патување, тие би имале потреба онолку колку што во просек бараат. За кучињата, ова е малку комплицирано.

Имено, некои раси на кучиња имаат потреба од ваша поголема експресија на емоции, галење, како и неможност да стојат во еден простор подолг период.

Воедно, направете и тестови дали се е во ред со домашното милениче во поглед на здравјето, особено пред годишни одмори, бидејќи секој индикатор за проблем би можел да се дуплира доколку остане занемарен.


Немојте да "претерувате" со хранењето пред патување

Многу сопственици сметаат дека приготвувањето на храна за кучето или мачката во поголема мера пред подолг пат е добра идеја, бидејќи тоа би значело дека животните не би биле гладни.

Но, она што многу го забораваат е фактот што полниот желудник во комбинација со долго патување значи и тегоби.

Поради тоа, немојте да одите над дозволената доза за храна, бидејќи тоа ќе ви помогне и на вас, и на кучето да имате далеку покомфорно патување.


Резервирајте исклучиво апартмани кои што дозволуваат присуство на домашни миленици

Ова е златното правило кое што треба да го почитува и знае секој сопственик на домашни миленици, бидејќи во Европа, не секој апартман, куќа и вила, стан или хотел нуди можност за чување на домашни миленици.

За да не одите на непроверено, најпрвин, контактирајте го сопственикот или барајте исклучиво апартмани или хотели кои што имаат ознака дека прифаќаат домашни миленици.


Понесете ја потребната храна и играчки

Никаде не патувајте без притоа, да бидете снабдени со доволна количина на храна, тоа не само што е потребно за правилно функционирање за кучето, туку воедно е и далеку поекономично избор отколку купување на нова храна низ продавниците во дестинациите во кои што сакате да пристигнете.

Од друга страна, омилените играчки на вашите домашни миленици ќе придонесат кон зголемување на нивната радост при патувањето, па дури и ќе придонесат кон елиминирање на анксиозноста која што често се случува кај одредени видови на раси.


Што треба да избегнувате при патување со домашни миленици откако ќе пристигнете?

Доколку се работи за кучиња, ве советуваме да избегнувате прошетки кога е претопло, и на места кои се многу жешки - асфалт, или песок, бидејќи тоа може да има големи последици за здравјето на вашите кучиња.

Имајте предвид и дека постојат одредени раси на кучиња кои што воопшто не толерираат топлина, а прекумерната изложеност на сонце може да доведе и до нивен колапс, а тоа не е воопшто она што го сакате.

Кога станува збор за мачките, тие имаат далеку поголема отпорност кон високите температури и топлината, бидејќи како што знаеме, тие обожуваат да се релаксираат и "сончаат".

Но, ако температурите надминуваат над 37.7 степени, тогаш потребно е да се погрижите мачките да бидат под сенка, бидејќи големи се шансите истите да доживеат срцев удар.

Во секој случај, тие за разлика од кучињата си го одредуваат времето самите, па така, ретки се случаевите каде би се соочиле со некаков проблем.


Се надеваме дека откако ја прочитавте статијата, сега сте веќе далеку поподготвени за да тргнете на летување заедно со вашите домашни миленици.

Следете не' и во иднина, бидејќи на нашиот блог ќе прочитате најразлични видови на статии од секаков карактер, како и статии чија што цел е да ви понуди решение за некаков проблем кој што вас ве засега.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации