Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

How do you know if your car has body damage?


Како да проверите дали каросеријата на автомобилот била поправана?


Одбирањето на половни автомобили не е воопшто лесен процес, впрочем, постојат многу работи кои што треба да ги имате предвид, а една од нив е и проверката дали каросеријата на автомобилот била поправена.

Па, оттука, се отвора и прашањето - како да воочите дали каросеријата на понудениот автомобил била поправана, и кои се главните индикатори кои го покажуваат тоа?

Во оваа статија, ќе го дознаете токму ова, па затоа, предлагаме да ја проследите целата статија до крајот!


Направете детален увид на целокупната физичка состојба на возилото

Големи се шансите на прв поглед, целиот автомобил да изгледа сосема солидно, дури и до таа мера да се зачудите како може и покрај фактот што сопственикот поминал над 120,000 киломери, истото да биде толку сочувано.

Затоа, откако ќе Ви биде прикажано возилото за кое што сте заинтересирани - BMW, Audi, Opel, Mercedes, Volkswagen, Fiat, Ford, Peugeot, Seat, Renault и сл, најпрвин, проверете дали постојат празнини меѓу вратите, каква е состојбата на браниците, заштитниците од кал, каква е состојбата на панелите на каросеријата и сл.

Доколку забележите некои недоследности, како на пример, диспропорционалност, тогаш ова може да укажува дека возилото сепак имало несреќа, односно било удрено, а потоа била направена и поправка на каросеријата.

Зошто? Бидејќи секој производител на автомобили постојано вложува напори да произведе возило кое што ќе биде претпознатливо по својата издржливост, така да, конструкцијата и целокупниот дизајн се веќе однапред предвидени.

Поради тоа, секој потенцијален недостаток може да укаже на недоследности, па затоа, внимавајте.


Недостаток на прицврстувачи / Оштетени штрафови

Прицврстувачите со текот на времето можат постепено да започнат со губење на првичниот квалитет, а тоа е сосема нормално, но, она што не е нормално е да забележите дека на местото каде што треба да стои прицврстувачот, стојат некои штрафови или пак недостигаат прицврстувачи.

Ова воопшто не е добар знак, бидејќи тоа покажува дека каросеријата на автомобилот сигурно била цел на поправки.

Генерално, локациите каде што можат да недостасуваат прицврстувачи се околу вратата, рамката на возилото, просторот во кој што се вовлекуваат гумите, па дури и на штитниците од кал.

Од друга страна, доколку забележите дека штрафовите се 'рѓосани, или пак оштетени, тогаш ова може да биде уште еден знак кој што може да направи да се почувствувате сомнеж, а тоа е сосема нормално.

Причината за ова е фактот што речиси и да не постојат авто сервиси кои поседуваат алати со кои би можеле да ги извадат штрафовите на начин на кој што тоа би го направиле производителите.

Па поради тоа, штрафовите неретко и се оштетуваат.


Забележете дали автомобилот бил префарбан

Квалитетот на бојата е една од главните работи на кои што треба да посветите големо внимание, бидејќи секоја неконзистентност може да укаже дека колата била префарбана со цел да се прикријат можните оштетувања.

Местата кои што најчесто комплетно се бојадисуваат се браниците, или просторот околу вратите, а за да бидете сигурни, ви препорачуваме да погледнете дали бојата е конзистентна.

Доколку бојата на целата каросерија од автомобилот е конзистентна, но, постојат делови каде што бојата се одвојува, односно е  по избледена од вообичаеното, тогаш големи се шансите дека автомобилот бил поправан.

На пример, ако ова го забележите кај вратата, тогаш вратата може да биде менувана, или пак, ако тоа е кај браникот, тогаш бидете сигурни дека на претходниот сопственик му било далеку по исплатливо да го промени браникот отколку да го бојадиса.

Покрај ова, она кое што често се препорачува е да искористите магнет, и со него да поминете покрај хаубата, кровот, багажникот, врата, односно на местата кои што се прават од метал.

Ако магнетот не се лепи, тогаш ова е знак дека каросеријата била подложна на репарации.


Оштетени или недоволно квалитетни фарови

Со тек на време, фаровите можат да го изгубат првичниот квалитет, бидејќи куќиштето на фарот се прави од пластика, па поради тоа, често ќе можете да забележите дека фаровите се затемнуваат.

Но, за да бидете сигурни дека нешто дефинитивно не е во ред, се што треба да направите е да идентификувате дали едниот фар има жолтеникава боја, додека пак, другиот е комплетно чист.

Во случај тоа да е така, тогаш бидете сигурни дека сопственикот го променил само едниот фар наместо двата фара, а оваа нееднаквост значи дека каросеријата дефинитивно била подложна на поправка, но, за жал, нецелосна.


Однесете го возилото на авто лакер или сервисер

Иако ова не мора да биде златно правило, сепак, доколку се двоумите и сметате дека нешто навистина не е во ред, но, притоа, аргументите не го покажуваат ова, во тој случај, најдобро би било да го појдете до авто лакер или сервисер кои што можат многу лесно да видат дали состојбата на автомобилот е на високо ниво.

Додека сте таму, не двоумете се, туку директно побарајте и мислење околу самите авто делови и тн, а на крај, побарајте од продавачот да ви понуди сервисна книшка, како и дополнителни информации за возилото.

На овој начин, шансите за да дознаете и избегнете откуп на возила чија што каросерија била поправана се навистина големи.


Се надеваме дека оваа статија ви помогна да имате подобра претстава околу потенцијалните предизвици кои ги налага купувањето на половни автомобили, како што е проверката дали каросеријата на автомобилот е поправана.

Затоа, воспоставете ги овие совети во пракса, и одберете квалитетно половно возило чија што состојба е и повеќе од одлична!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации