Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Како да напишете оглас за работа кој ќе привлече најмногу кандидати?

Како да напишете оглас за работа кој ќе привлече најмногу кандидати?

Доколку сеуште се мислите како да го составите најдобриот оглас за работа, на вистинското место сте. Сигурно веќе знаете колку е важно да имате квалитетен оглас за работа, за кој ќе привлечете добри кандидати. Работодавачите често забораваат дека огласите за работа го даваат првиот впечаток кои потенцијалните кандидати го оформуваат за фирмата и работното место. Огласот за работа е најчесто одлучувачкиот елемент, поради кој кандидатите се одлучуваат дали да аплицираат или не.

Совршено место за објавување оглас во денешново време на целосна дигитализација е интернетот, па затоа сајтот на Пазар3 ви нуди и голем број огласи во кои се бараат работници и одделува простор за промоција на отворени нови работни позиции. На Вас останува само да напишете квалитетен оглас за работа кој ќе привлече добри кандидати, затоа само прикачете го на нашиот сајт. Во продолжение ќе дознаете како да го направите тоа. 

Квалитетниот оглас за работа има јасен наслов 

Насловот на огласот треба да биде во согласност со она што го бара работната позиција. Насловот треба да содржи зборови кои ќе излегуваат веднаш кога заинтересираните работобаратели, ќе ги пронајдат . На пример ако барате работник за берење јаболка, треба во насловот да содржи „работа во призводство“, но и да нагласите берење јаболка. Доколку насловот е на овој начин, соопштувате и го правите огласот попривлечен за сите - за оние кои оваа есен планираат да берат јаболка, а и за оние кои планираат да се занимаваат со призводство. Така ја максимизиратее својата целна група – огласот ќе наиде на голем број потенцијални кандидати, и со тоа ќе има и повеќе пријавени. 

Воведен дел на огласот - првото нешто кое треба да ги заинтересира потенцијалните кандидати да читаат понатаму

Мал воведен параграф кој треба да се состои од една или неколку реченици, кои можат да бидат одлучувачки! На пример, ако барате некој кој би работел од дома на пишување текстови за Вашата фирма, тоа треба да го нагласите во воведниот дел, пример: „Не сакате да поминувате осум часови во канцеларија, но уживате во пишувањето? Ја пронајдовте вистинската работа за Вас“ На ваков начин , со само две реченици му ги давате на заинтересираните кандидати основните информации, а воедно привлекувате и повеќе кандидати да се пријават, потенцирајќи дека ова е работа токму за нив. Атрактивниот вовед гарантира дека повеќе кандидати ќе го прочитаат целиот оглас, а најдобрите кандидати со сигурност ќе се пријават. 

Описот на работата треба да биде многу конкретен 

После општиот наслов и атрактивниот вовед, време е јасно и прецизно да го напишете описот на работата и условите за истата. Описот треба да содржи конкретни информации за тоа што се бара и што се очекува од кандидатите, како и за тоа какви се можностите за напредок. 

На пример: „Работата во маркетинг тимот на нашата фирма опфаќа работа со најразлични маркетинг агенции. Создавање кампањи и учество во истите, а истовремена соработка со нашиот дизајнер и продукција за постигнување на заеднички успеси.“ 

Секојдневни обврски на работната позиција 

Во самиот оглас за работа спаѓаат и секојдневните обврски на потенцијалните вработени. Наведете ги јасно и прецизно. Секогаш имајте на ум дека најдобрите кандидати кои ќе аплицираат за позицијата очекуваат да знаат што ќе им бидат работните обврски и задачи. Наведете конкретни одговорности и секојдневни обврски кои во идина вработените ќе ги имаат на работното место. 

Неопходна квалификација на кандидатите 

Време е за пишување на уште еден задолжителен дел, кој сите огласи за работа би требало да го имаат. Не може да очекувате да се пријават најдобрите кандидати ако во самиот оглас не наведите што ги прави најдобри за работа за која аплицираат. Јасно наведете какви квалификации треба да имаат кандидатите. Повеќето го наведуваат само формално образованието, но забораваат да ги наведат своите вештини, неформално образование или други особини кои се потребни за позицијата за која аплицираат. Овде бидете исклулително внимателни и прецизни. Важно е да разберете дека сите кандидати кои аплицираат и го доставуваат своето CV и биографија, очекуваат да бидат повикани на интервју. Затоа бидете најпрецизни при наведување на очекуваните квалификации, особини и вештини. 

Не заборавајте да ги напишете основните информации за фирмата 

Кога веќе ги собравте сите потребни информации – може да го поставите огласот. Сепак, Ви предлагаме да не го објавувате Вашиот оглас, пред да наведете и повеќе информации за фирмата. Со само неколку атрактивни информации за фирмата, оставате одличен впечаток на заинтересираните кандидати. Освен тоа, сите кои ќе го разгледаат огласот, ќе дознаат нешто повеќе за Вашата фирма, па пишувањето оглас може да биде и одлична можност за реклама на Вашата фирма. 

 

Сега знаете кои елементи го прават еден оглас квалитетен и на кој начин треба да го напишете. Огласот може бесплатно да го поставите на нашиот сајт - сигурно ќе привлечете квалитетни кандидати!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации