Продажбата на куќа е долг процес кој бара голема подготовка, труд и подготовка на документација.
Секој сака неговата куќа да се продава брзо и за најголем профит, но потребно е повеќе од среќа да се оствари тоа. Тоа вклучува многу внимателно планирање и знаење како професионално да го подготвите вашиот дом за да ги убеди купувачите да ги повлечат своите чекови.
Во оваа статија ќе се обидеме да споделиме со Вас совети и трикови како да ја подготвите Вашата куќа за продажба и како да ја продадете побрзо и по најголема цена. Она што треба да го направите е да се обидете да ги натерате купувачите да можат да замислат дека живеат во вашата куќа. За таа цел треба да ги направите сите потребни поправки, добро да исчистите се и да прикажете многу добро организирана куќа. За да заштедите време и труд, можете да ангажирате компанија специјализирана за оваа намена да го среди тоа наместо вас и да ви помогне да ја зголемите вредноста на вашиот имот пред да го продадете.
Пред сè, треба да поминете некое време работејќи на вашата куќа. Идентификувајте ги сите поправки што треба да се направат за куќата да изгледа попривлечно. Започнете со правење план за поправка и идентификувајте ги сите потребни поправки што треба да се направат. Погрижете се да ја земете предвид и надворешната и внатрешната страна на куќата, дворот, градината итн. Сите овие аспекти ќе бидат земени во предвид од страна на потенцијалниот купувач. Прегледајте ги шкафовите и фиоките од дневната соба, спалната и кујната за да се уверите дека правилно се отвораат и затвораат. Мијалниците во кујната и бањата, цевките за одвод и довод мора да работат правилно и да не протекуваат. Кадите и тушевите во бањата не треба да имаат скршени плочки или знаци на нечистотија.
Исто така потребно и да ја погледнете надворежноста на куќата. Прегледајте ги надворешните површини, стреата и прозорците. Побарајте оштетувања како што се лупење, пукнатини на ѕидот или гниење. Дворот исто така треба да биде во одлична состојба. Оградата исто така не треба да има оштетувања, како губење на боја, пукнатини, или 'рѓа. Подобрувањето на изгледот на вашиот имот однадвор е исто толку важно како и одвнатре, но сепак често се занемарува. Погрижете се Вашиот двор ако го имате, да е уреден, сите прозорци да се чисти од прашина, а и влезната врата да изгледа чисто. Откако ќе работите на сите поголеми поправки, време е да работите на малите работи кои исто така имаат големо значење.
Луѓето имаат тенденција да собираат големо количество предмети со текот на годините затоа што имаат емоционална приврзаност кон тоа, намера повторно да ги користат во иднина или едноставно мислат дека би можеле да ги подарат на други луѓе. Сепак, без разлика на причината, за многу работи што сè уште ги чувате, доколку не сте ги користеле повеќе од една година, веројатно не ви се потребни. Основните предмети што ги користите секојдневно може да се соберат во мали кутии или да се стават на места кои не се толку видливи кога не се во употреба. Сметајте го овој процес како ефикасен почеток на пакувањето што мора да го направите.
Друг аспект на продажбата на куќа е документацијата. Пребарајте ја вашата куќа на официјалната страна на катастарот и проверете ја нејзината состојба. Ако има осигурување пишете дека куќата е осигурана на огласот.
Откако ќе ја поправите внатрешноста и надворешноста на вашата куќа, време е да ја покажете вашата куќа пред сите потенцијални купувачи. Погрижете се да изберете доверлива веб-страница како Pazar3.mk. На оваа веб-страница има илјадници луѓе кои бараат куќа секој ден. Без разлика каков недвижен имот продавате, најважно е да ја претставите вашата куќа на веб-страници со голема посетеност.
Пораки
Информации за корисникот