Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to prepare your car for driving in summer


Како да го подготвите Вашиот автомобил за летната сезона


Секоја сезона носи свои предизвици за возачите на автомобили, а со оглед на фактот што во моментов ни се наближува летото, сигурно веќе размислувате и за малку подолги патувања.

Па се јавува прашањето - како да го подготвите вашиот автомобил за летната сезона?

Во оваа статија, ќе можете да прочитате одлични совети кои ќе ви помогнат да пристигнете на посакуваната дестинација на најбезбеден начин и без никакви потешкотии!


Преглед и промена на гуми

Законската обврска за престанок на носење на зимска опрема и гуми завршува на 15 март, а тоа значи дека немате никаква потреба сеуште да ги користите зимските гуми поради фактот што тие би се трошеле без никаква причина.

За волја на вистината, изборот на летни гуми е огромен, а тоа значи дека би можеле да одберете добри гуми од познати светски производители како michelin, continental, sava, windforce, pirelli и од останатите брендови по цени кои се соодветни со вашиот буџет.

Но, доколку веќе имате одберено гуми, тогаш не заборавајте да направите детална проверка со цел да воочите дали постојат некои недоследности, особено пред долго патување, а овој процес опфаќа проверка на количеството на воздух во гумите, балансираноста, проверка на квалитетот и дали шарата е делумно или блиску до својот крај.

Потребата од ова е повеќе од јасна - гумите се единствената работа која што стои помеѓу нас, колата и асфалтот, а безбедноста треба секогаш да биде на врвно ниво.


Посета на сервис

Посетата на докажан сервис за автомобили по завршување на зимската сезона е одлична практика, иако никаде не постои закон каде што наведува дека сте приморани да го правите ова.

Причината е повеќе од едноставна, механичарите ќе можат да ве известат и упатат околу потенцијалните проблеми во врска со вашиот автомобил, во поглед на улјето, светлата, состојбата на акумулаторот и на останатите авто делови, и слично.

Исто така, би сакале да ве известиме дека освен во овој случај, важно е да се прави сервис на автомобили еднаш годишно, или пак, на 10,000 километри.

Ова е генерално правило, иако може да се направат и остапки на повеќе километри во зависност од моделот на возилото, бидејќи не секој производител произведува автомобили со исти перформанси и очекувањата не се секогаш исти.

Затоа, прочитајте ги упатствата и препораките на моделите кои ги возите - Audi, BMW, Mercedes, Peugeot, Seat, Opel, Ford, Fiat, Volkswagen, Renault и тн, и водете се кон нив бидејќи тие се најмеродавни.

Ако пак, забележувате некои чудни звуци при возење, и ако вашиот автомобил нуди поинакво искуство додека возите, иако сметате дека сте сосема подготвени за летната сезона, тогаш ова е уште една причина плус која би ве натерала да посетите авто сервис.


Течност за ладење и клима

Сигурни сме дека летната сезона најчесто ве асоцира на возење на автомобил чија што температура во кабината ќе биде освежувачка и пријатна како за вас, возачите така и за сопатниците.

Но, доколку не преземете мерки и не го обновите фреонот, или пак, не го поправите проблемот со климата кој што веќе подолг период ви се провлекува, тогаш бидете сигурни дека откако температурите ќе се зголемат, пријатноста во самиот автомобил драстично ќе се намали.

Имено, имате 2 опции за исполнување на оваа цел, од кои првата е преку тестирање на квалитетот и способноста за ладење на климата, а втората е преку посета на локален сервисер за авто клими.

Доколку се најдете во ситуација во која што се двоумите или пак се сомневате во квалитетот на работата на климата, тогаш најдобар начин би било да ја ја вклучите климата за ладење, и да следите дали воздухот е силен, или пак работи народски кажано - половично.

Покрај ова, имајте на ум дека возењето со вклучена клима може да ја зголеми потрошувачката на гориво, но, ова не треба да Ве плаши бидејќи Пазар3 има одлични совети за вас кои ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на гориво.

За крај на овој дел, Ви препорачуваме да не ја оставате климата да работи додека возите постојано, туку повремено да ја гаснете, бидејќи комбинацијата на надворешните топли температури, со онаа температура во кабината може да предизвикаат шок откако ќе го напуштите автомобилот.


Кочници

Кочниците мора да ви бидат секогаш на "готовс", без разлика дали станува збор за возење во летна, или пак зимска сезона, бидејќи нивната улога во возењето на автомобили е преголема, односно толку голема да може да го спаси вашиот живот или животот на останатите учесници во сообраќајот.

Пазар3 ве советува веднаш да одите на авто механичар, во истиот момент откако ќе забележите: потешкотии при кочењето, чкрипења (кои укажуваат на проблем со дисковите), педалата за кочење вибрира во моментот на притискање на истата и слично.

Сите овие појави се предвесници на драстичен пад или тотално губење на ефикасноста на кочниците, па затоа, најдобро би било да реагирате инстантно уште во моментот на првичното забележување.


Не заборавајте на сетовите за прва помош

Возењето на автомобили е непредвидливо и во зимски но и во летни услови, па затоа, од голема важност е да носите со вас сет на прва помош каде и да одите, впрочем, тоа говори многу за свесноста и за тоа каква личност го управува возилото.

За ваша информација, сетот најчесто се состои од фластер, завои од неколку ширини, стерилни гази, ножички или заштитен жилет, вата, минимум 2 триаглести марами, ханзапласт, безопасни игли, и сл, а нивното присуство може да биде од огромна важност на патиштата како и за вас, така и за сопатниците или останатите учесници во сообраќајот.

Исто така, тие се доволни компактни за да можете да ги поставите во багажот, без тие воопшто да одземат голем дел од просторот, што значи дека останатата опрема нема да мора да ја вадите или преуредувате.


Следете ги нашите гореспоменати совети кои ги подготвивме за вас, и не заборавајте да возите внимателно и во согласност со законите на патиштата, бидејќи тоа е најважниот предуслов за ваша безбедност, но и безбедност на сопатниците и останатите учесници во сообраќајот!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации