Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to recognize online survey scams


Kако да ги препознаете лажните онлајн наградни игри и анкети


Со појавата на интернетот и рапидниот раст на социјалните мрежи, покрај позитивните придобивки за човештвото, луѓето се почесто стануваат и жртви на најразлични, иновативни измами од кои најмногу се издојуваат познатите наградни игри и анкети.

Дури и Пазар3 во минатото беше мета на оваа измама, односно, на интернет се појавија информации дека нудиме награда за една наградна игра, а тоа значи дека таргетот може да биде било кој, и во било кое време.

Па, како да ги препознаете овие лажни онлајн наградни игри и анкети? Одговор на овие прашања ќе можете да добиете токму во оваа статија!


"Pop up" анкети и награди

За повозрасните, "Pop up" анкети циркулираат речиси од самото формирање на интернетот, а тие се навистина лесни да ги препознаете.

Имено, додека пребарувате на интернет, одеднаш, пред вас ќе се појави страна која ви наговестува дека сте освоиле патување на некоја егзотична дестинација или дека сте освоиле некаков производ од електроника - мобилни телефони, лаптопи, таблети, но, и буквално на се останато!

Воедно, во овие анкети и награди се бара од вас да пополните формулар со вашите лични податоци, е-маил адреса, и најголемиот индикатор дека се работи за измама е кредитната картичка.

Никогаш, и никој нема да ви побара кредитна картичка за да добиете награда, особено не на интернет, доколку не се работи за веродостојна компанија, па дури и тогаш, не треба да бидете во потполност сигурни.

Доколку се работи за наградна игра од компании во Македонија, а притоа, ова известување не е наложено на официјалната страна или на некој социјален медиум, тогаш имате две опции - да ја игнорирате потенцијалната "награда" или да ги контактирате службите.


Известувања по е-маил

Измамите направени преку е-маил пораки се доста профитабилни за измамниците, всушност, тоа е толку добро изведено што милиони жртви ширум светот се соочуваат со тешки финансиски загуби токму поради ефикасноста на овие тн награди.

За што точно се работи е следново - вие добивате порака каде што сте прогласени за добитник на наследство, одредена сума на пари во која што сте се нашле Вие, сосема случајно како добитник и тн.

Она кое што можеме да ве советуваме е воопшто да не кликате на е-маил пораката, ниту пак да се водите по инструкциите кои би можеле да ги прочитате - внес на вашни лични податоци и кредитна картичка.

Покрај ваков е-маил, неретко се случува да се побара од вас да внесете нова лозинка на одредена социјална мрежа, бидејќи рокот до која што е подложна сегашната е веќе истечена.

Се разбира, доколку го сторите тоа, вашиот профил на социјалната мрежа ќе биде "хакиран", а со тоа ќе ги изложите на ризик и вашите пријатели.

Овие тактики во ИТ светот се познати како "phishing".


Измами на социјални медиуми

Ви се случило некогаш вашиот пријател да ви прати само еден линк, без воопшто дa додаде ниту еден коментар кон вас?

Или пак, забележиле авионска компанија која што нуди ултра евтини карти за најпознати туристички дестинации, а бројот на следбеници е огромен?

Измамниците користат најразновидни техники за да придобијат ваши лични информации или информации со кои би можеле да и наштетат на вашата финансиска состојба.

Една од овие техники е токму овој начин на измама, па затоа, убаво истражете дали навистина прикажаната компанија за авио летови е вистинска.

Тоа можете да го сторите многу лесно, на пример, официјалниот домен на Пазар3 е https://www.pazar3.mk, кога би станувало збор за измама, бидејќи овој домен е веќе регистриран, измамникот би користел сличен домен, нешто налик на https://www.pazar-3.mk.

Разликата е очигледна, дизајнот може да биде ист, понудата може да изгледа како вистинска, но, сепак, вториот линк е оној од кој што би требало да се пазите.


Друг вид на анкети и награди

Покрај стандардните измамнички награди и анкети, сајбер криминалците секогаш се иновативни, и секогаш сакаат да се прикажат како веродостојни компании кои нудат најразлични награди за само неколку минути.

Тоа може да вклучува најразлични купони за попуст на одредени производи, облека и обувки, понуда од страни кои бараат од вас кликање на најразлични реклами со гаранција дека ќе добиете одредена финансиска добивка.

Исто така, голем дел од вас би биле и изложени на некакви известувања во кои се бара од вас минимален внес на финансиски средства кои подоцна ќе се дуплираат, па дури и зголемат за повеќе од 4 пати од првичната, вложена сума на пари.

Се разбира, од вас се бара да не ја пропуштите шансата, туку тоа да го сторите веднаш.

За крај, генералните знаци кои наговестуваат дека се работи за лажни наградни игри и анкети се оние во кој што се бара од вас поголем внес на лични информации - година на раѓање, место, телефонски број, е-маил адреса, и највпечатливиот дел - кредитна картичка.


Се надеваме дека оваа статија ви помогна подобро да ги идентификувате овие лажни награди и анкети чија што примарна цел е да ги искористи вашите лични информации за најразлични цели, вклучително и за да му наштетат на вашиот буџет.

Затоа, внимавајте, и придржувајте се кон гореспоменатите совети, бидејќи тие ќе ви помогнат колку што е можно повеќе да се заштитите од овој тип на измами.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации