Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

cottages for sale or for rent - what's more profitable


Издавање или продажба на викендици - Што е поисплатливо?

Една од најголемите дилеми со којa се соочува секој сопственик на викендици е токму тоа дали да се одлучи да ги понуди своите викендици за издавање, или пак, да направи еднократна продажба на викендици што е и сосема разбирливо, имајќи го предвид фактот што двете опции нудат профит.


Поради тоа, во оваа статија ќе можете да прочитате кои се предностите и недостатоците со кои би се сретнале при продажба на викендици или при издавање на викендици, бидејќи нашата цел е секогаш да Ви понудиме одговор за секоја дилема, и решение за секој проблем кој го имате!

Најпрво, да започнеме со бенефитите кое Ви ја нуди опцијата - продажба на викендици, за да потоа се осврнеме и на вториот дел во кој што ќе прочитате и кои се предностите доколку се одлучите за изнајмување на викендици.


Инстантен профит

Во голема мера, луѓето се одлучуваат за продажба на викендици, но и на се што вклучува под живеалишта поради многубројни причини, почнувајќи од реинвестирање во друга локација, изедначување на буџетот поради долгови, па се до продажба чисто поради инстантен профит кој што би се чувал или инвестирал во сосема некоја трета работа.

Се разбира, не секоја викендица може да Ви понуди  профит онаков каков што се надевате, бидејќи се зависи од локацијата, квадратурата, сочуваноста, опремата и сл.

Па така, викендици во Маврово немаат иста цена со викендици во Попова Шапка, викендици во Пониква со викендици во Берово и сл, но, се разбира, ако продавате луксузни викенд куќи, или викендица со базен, тогаш профитот може да биде навистина голем.


Имате предност при продажбата

Продавачите на викендици во гореспоменатите локации имаат навистина голема предност при продажбата, бидејќи тие ја диктираат цената, и немаат никаква потреба да продадат под реалната цела, или пак според цената за која што сметаат дека е достојна.

Причината е едноставна, овие локации се секогаш во тренд, понудата е мала а побарувачката е голема, што значи дека ако се одлучите за продажба, Вие би можеле да добиете многу повеќе од првичната инвестиција што сте ја вложиле во градба или во купување на сегашната викендица.

На Пазар3, со само еден клик на алатката за регистрирање на огласи, Вие ќе можете да објавите оглас за продажба на викендици, а истиот тој оглас ќе Ви донесе загарантирани купувачи со кои би можеле да дискутирате околу цената, и се разбира - евентуалниот договор за купопродажба. Во категоријата Недвижности се огласуваат голем број на викендици како од физички лица, така и од страна на agencija za nedviznosti. Поради тоа и е голем бројот на потенцијални клиенти, кои токму тука бараат да купат или изнајмат викендица.


Збогум на даноците и трошоците за одржување

Самата продажба на викендици може да се покаже и како позитивна работа, доколку едноставно немате потреба од зголемени трошоци за недвижен имот во вид на даноци, или пак, во одржување на убавината на дворот и ентериерот во викендицата.

Како што знаете, викендиците го очекуваат од вас истиот третман како и секое живеалиште, па доколку едноставно не сте во можност еднаш во неделата да ја посетите викендицата, изгледот ќе започне да опаѓа, а со тоа и цената.

Поради тоа, најдобриот начин би било да се одлучите за продажба која што ќе Ви помогне да профитирате но и да се "спасите" од годишните даноци и се разбира, постојаното одржување на чистотата.


Кои се предностите при издавање на викендици?

Откако веќе ги дознавте предностите со кои се соочуваат продавачите на викендици, она што следува е и да ги дознаете бенефитите на секој оној кој што е заинтересиран исклучиво само за изнајмување на своите викендици на определено време.


Пасивен приход 

Дополнителниот, пасивен приход кој што ќе Ви ги надополнува месечните примања е можеби и најголемиот бенефит кој ќе Ви ја понуди опцијата за изнајмување на викендици, бидејќи Вие буквално нема да треба да вложувате часовни напорна работа за да добиете надоместок.

Од друга страна, кога и да посакате, ќе можете да се релаксирате во викендицата заедно со вашето семејство и најблиските, a кога нема да бидете во можност за тоа, тогаш издавањето на истата  ќе Ви носи одличен приход на пари на месечно и се разбира, годишно ниво.

Ви звучи одлично? Објавете оглас на нашиот сајт и понудете ги вашите викендици за издавање, а останатото препуштете ни го нам и на дневната посетеност која надминува над 70 000 посетители!


Намалени трошоци за престој

Викендиците кои ги изнајмувате во Маврово, Марков Манастир, Попова Шапка, Маврово, Пониква, Берово, Стење и на останатите места во текот на годината ќе Ви генерираат приходи, а тоа значи дека во моментот кога ќе сакате да ги повикате вашите најблиски, и да заминете на викенд, Вие воопшто нема да плаќате за сместување!

Како што знаеме, сместувањето во сите туристички центри е поскапо од вообичаеното, а тоа нема да биде никогаш ваш проблем без разлика дали планирате тоа да го направите за време на сезоната, или пак не, бидејќи сепак, викендиците се во ваша сопственост.

Ова е win-win ситуација бидејќи кога сакате можете да поминете релаксирано без да давате пари за смештај, додека пак, од друга странa, Вие добивате паричен надоместок како сопственик кој што ги нуди своите викендици за издавање, во моментот кога не сте во викендицата.


Можност за започнување на поголем бизнис

Сопствениците на викендици, ќе можат да започнат и за почеток, мал, сопствен бизнис кој што би го граделе повеќе години, за да потоа не само да се стекнат со поголемо искуство во оваа индустрија, туку и да се шират за на крај да го зголемат својот приход.

Ова впрочем се случува насекаде околу светот, па затоа, голем дел од луѓето се стремат кон тоа не само да бидат сопственици на викендици кои би ги користеле исклучиво само за лично релаксирање, туку и за започнување на бизнис кој потоа би се претворил во многу повеќе "part time" работа.

Се разбира, ние Ви стоиме на располагање нудејќи Ви различни интуитивни алатки како што се алатката за регистрирање на огласи, филтрите и полето за пребарување, па искористете ги истите за да пронајдете сопственици кои нудат викендици за издавање, или пак објавете оглас и пронајдете клиенти кои би биле заинтересирани за изнајмување на викендици!


Па, кое е вашето мислење? Дали е подобро да направите еднократна продажба на вашите викендици и да добиете инстантен профит, или пак, да се одлучите за изнајмување, а со тоа и да добивате пасивен приход во текот на месецот и годината?

Одговорот го оставаме на вас, а во истовреме, Ви стоиме на расолагање да ја реализирате вашата цел на Пазар3 преку пребарување и објавување на огласи за продажба или изнајмување на викендици!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации