Кога родителите ќе решат да го доверат своето дете или децата на грижата за дадилката, тогаш од неа очекуваат не само да внимава додека се отсутни, туку очекуваат дадилката да им посвети внимание и добро да го испланира времето организирајќи различни активности и игри што секако мора да одговараат на возраста на децата.
Ангажирајќи ги малите со креативни игри и активности што се имагинативни и помагаат во развојот на детето, дадилките можат да им овозможат на децата да се фокусираат на забава и учење наместо да се тажни што мама и тато не се во близина.
Игрите дизајнирани и организирани на овој начин можат да бидат особено корисни и за дадилки кои се почетници во својата работа, но и на оние кои имаат повеќе годишно искуство.
Родителите кои ангажираат професионални лица за грижа на деца може да сметаат дека истите се подготвени и обучени за соодветно организирање на времето на децата со креативни игри и содржини.
Еден од основните предизвици со кои се соочуваат сите кои чуваат деца е како да се занимаваат малите деца. Во толку рана возраст кај децата тешко е да се задржи нивната концентрација и фокусирање на една работа, затоа е неопходно одново и одново да се создаваат креативни начини што ќе ги забавуваат децата а воедно и ќе ги едуцираат.
Изберете место за играње на подот и неколку играчки што ќе служат како предмети за криење. Првично, користете малку поголеми играчки за да ги скриете во различни делови од собата, а подоцна како што детето станува подобро во играта на наоѓање, може да воведете и помали предмети, а со тоа постепено да ја „комплицирате“ задачата.
Оваа едноставна, мала игра со деца развива свест за постоењето на предметите и на овој начин детето учи дека предметот постои иако тој не го гледа. Покрај тоа се вежба набудувањето и основните моторни вештини на детето, особено при наоѓање и фаќање на помали предмети.
За да ја играте играта погоди ги висечки чаши, неопходно е на кутија да поставите да висат неколку пластични чаши со помош на конец. Целта е детето од одредено растојание со топката да се обидува да ги погоди чашите.
Оваа игра е одлична за развој на моторни вештини и фокус кај децата, и ако играте со малку постаро дете, можете да напишете поедни на секоја чаша. Во зависност од тоа колку чаши ќе успее да погоди добива одреден број на поени, а секој поен носи одредени награди, во форма на слатки или омилени играчки, па затоа е поинтересно и поголем е предизвикот да се игра на тој начин.
Друга забавна игра со чаши, која припаѓа на моторните игри за деца е играта што може да се нарече чаша во чаша. За ова Ви требаат две тенки пластични проѕирни чаши и маркер.
На едната чаша треба да нацртате пат, а на другата чаша автомобил. Чашата со автомобилот ставете ја во втората чаша и оставете го детето да си игра со тоа што ќе го вози автомобилот по патеката нацртана на другата чаша.
Играњето на дадилката со децата, исто така, вклучува различни начини за да му дадете на детето нешто поинтересно. Една таква игра е автомобил за цртање. Имено сè што треба да направите е да го залепите фломастерот со врвот на задниот дел од автомобилот на детето.
Флопастерот треба да биде поставен така што кога вози автомобилот, треба да остави белег на хартијата. Детето ќе ужива во возењето со автомобил, додека исто така црта на овој креативен начин.
Кога станува збор за моторни игри за деца, кои ја развиваат и рамнотежата, одлична игра е и пренесувањето на предметите од едната страна на просторијата до другата со помош на друг предмет. Целта е топка или друга играчка да се пренесе од едно до друго место без да се спушти топката или играчката.
Оваа игра му помага на детето да стане поактивно физички, а исто така е и многу забавно и за мали деца. Земете самолеплива трака која не го оштетува ѕидот и залепете ја од еден до друг зид.
Со помош на повеќе траки, направете мрежа преку која треба да помине детето, но така да не ги допира. Оваа игра ќе го натера детето да се забавува, a бидете подготвени да играте и Вие заедно со нив.
Забавна игра за мали деца со дадилка, исто така, може да се направи лавиринт од сламки. Имено, потребно е да се залепат пластични сламки на картон во лавиринт и детето треба го најде патот од едниот крај на лавиринтот до другиот.
Кога станува збор за игри за мали деца, покрај забавната карактеристика, важно е и таквите игрите да имаат и едукативен карактер. Образовните игри за дадилката им дозволуваат на малите деца да ги развиваат своите когнитивни способности и да учат преку играта.
Играњето на дадилка со децата од оваа причина е далеку поважна отколку што на прв поглед може да изгледа, па затоа е важно дадилките да бидат креативни и да знаат како да дизајнираат правилни игри што ќе им помогнат на малите да научат различни работи.
Исечете различни форми како што се круг, триаголник, квадрат, срце, ѕвезда и слично на картон или друга подебела хартија. На друг картон, исечете ги истите форми, а целта што си ја поставил за Вашето дете е да научи како секоја форма изгледа и наоѓа место за секоја форма.
Кога станува збор за едукативни игри за деца, една од основните е секако како да го научете Вашето дете да го гледа часовникот. Најлесен начин е со картонски модел. Многу е едноставно. Направете го тоа, а со тоа и забавното учење преку игра е загарантирано.
Целта на игрите со меморија е детето да ги развие своите когнитивни вештини и да учи како да се обрне внимание на деталите. Игрите за меморија може да бидат важни за малите, а основата на играта е да нацртате на 10 листови хартија по еден симбол така што секој да има свој пар.
Листовите хартија потоа се мешаат и се свртуваат и детето треба да ротира еден по еден, да запомни што има на секој од нив и да знае да го најде соодветниот пар.
И математиката може да се научи преку игра. Еден од забавните методи на учење на математика е нижење на бисери на сламка. Земете 10 пластични сламки и на секоја поставете различен број бисери (1 до 10).
Ако користите шарени сламки и бисери сигурно е дека ќе биде поинтересно за детето, а преку играта можете да му објасните што секој број претставува и која е разлика помеѓу секој од нив.
Играњето со дадилка е многу важно во развојот на секое дете затоа, најдобро е секогаш да најдете квалификувани луѓе кои можат на вистински начин да ја извршуваат својата работа.
Можете да најдете бројни огласи за дадилки на Pazar3.mk , така што не се сомневајте дека лесно можете да стапите во контакт со вистинската личност која знае како да игра со мали деца и како да ги научи многу корисни работи преку играта.
Пораки
Информации за корисникот