Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how to declutter a kid's room


Едноставни начини за поуредна детска соба


Често, а особено откако поголем дел од наставата се сведе онлајн, расфрланите книги, играчки, и облека многу ретко се наоѓаат на местата на кои што треба всушност да бидат.

Кое е решението на овој "проблем"? Како да ги организирате овие работи во собата од детето? Одговор на сите овие прашања ќе најдете во оваа статија!


Книги

Во дигиталната доба, сите информации ги добиваме од интернет, како возрасните, така и децата, но, за разлика од децата, возрасните веќе имаат навика да практикуваат читање на книги поради хоби, или интерес за одредена тематика.

Впрочем, факт е дека домот изгледа естетски модерно и убаво кога ќе поставите некои дела на самите полици.

Кога станува збор за децата, уште од моментот кога ќе научат да читаат, родителите треба да настојуваат да им "всадат" навика за читање на книги, но, и дисциплина како да се однесуваат за истите, каде книгите треба да бидат поставени после читањето и сл.

Опциите се многубројни, но, Пазар3 ќе се обиде да Ви пренесе само некои, за кои што сметаме дека ќе ви бидат од најголема корист.

Имено, повикајте го вашето дете, и бидете вистински тимски играч наместо преголем авторитет, бидејќи не секое дете прифаќа авторитет на начин на кој што вие го замислувате.

Потоа, направете селекција на книгите, и договорете се со детето каде би требало да стојат учебниците, каде лектирите, и кои книги веќе не се од корист при образувањето, или пак не се во доменот на интерес на детето.

Книгите од последната категорија би можеле да ви донесат и профит, бидејќи истите би можеле да ги продадете на Пазар3 преку регистрирање на оглас за продажба!


Облека

Како и што веќе самите знаете, голем дел од родителите се склони кон тоа да "заборават" повеќе парчиња на облека oд своите деца некаде по детските плакари а тоа секако води и кон пополнување на нивниот лимит.

Уште почесто се случува децата наместо да се пресоблечат и да ја сместат облеката по шкафовите, тие се одлучуваат само да ја остават на кревет или столчето за да потоа се фокусираат на своите дневни активности.

Решението не мора да биде сезонска промена на облеката, односно, замена на летните алишта со зимски и обратно.

Напротив, како родител, направете проценка која облека ја задоволува големината на вашите деца, кои парчиња веќе не се компатибилни на детето, а оние кои што не се, можете да ги пренамените, донирате или продадете на Пазар3 без никаков проблем.

Откако ќе го сторите тоа, плакарот на детето ќе биде далеку по организиран. бидејќи во него ќе стои само онаа облека која е во склад со големината на вашето дете.

Toa ќе се одрази и позитивно врз детската соба која што ќе биде чиста и одлично организирана.


Играчки

Играчките се не одвоен дел од секоја детска соба, особено доколку "сопственици" на собата се бебиња и  деца до 7 години, или пак возрасни кои што во меѓусебен договор со децата избрале лего коцки кои што се наменети буквално за сите генерации.

Во секој случај, сигурни сме дека кога децата се помали, нивната соба е речиси преплавена со најразлични видови на детски играчки, а хаосот кој што настанува несомнено е дека ви пречи и дека би сакале да преземете некои чекори.

Па така, наместо детската соба да биде хаос, најпрвин, направете селекција и групирајте ги играчките во 3 категории - играчки кои што немаат физички оштетувања, играчки кои што се во доменот на интерес и возраста на детето, и играчки кои што треба да се исфрлат или продадат.

Потоа, едуцирајте го детето да ги врати играчките со кои поминува поголем дел од времето на местото во кое што припаѓаат, а доколку тоа одбива да го направи тоа, престанете со купување на играчки некој период.

На овој "безболен" начин, детето ќе се научи да го цени тоа што го има, и да биде скромно наместо да го осипувате постојано со многубројни играчки на кои што не им се гледа крајот во поглед на бројката.

Тука, ќе можете да прочитате повеќе информации околу тоа зошто родителите треба да избегнуваат да им даваат премногу играчки на своите деца.


Видео игри

Игрите за playstation, xbox или за десктоп компјутер и и лаптопи кои што најчесто се играат со помош на CD, не мора да бидат расфрлани насекаде во детската соба, а како што знаете, приоритетот на децата е да играат, а не да ги постават игрите на вистинското место.

Решението за да не настане хаос во собата е да одберете посебни места за складирање, кои можат да бидат полици и рафтови, како и да ги научите децата го исчистат просторот откако ќе завршат со играње.

Исто така, ако игрите им се веќе монотони а не знаете што да направите, тогаш добра идеја би била да ги замените со некои други, но, и да ги продадете на најголемото огласувачко и купопродажно место во Македонија - Пазар3!


Имајте разбирање и посветете доволно време во едукација на детето

Иако брзото темпо на живот прави да бидеме поголем дел од времето одвоени од децата, а поради тоа, тие се препуштени да бидат сместени во детски градинки или кај бабите кои што им дозволуваат се, сепак, домашното воспитување треба да биде сепак ваша обврска.

Затоа, потрудете се да им објасните на децата на најпријателски начин дека секој предмет, играчка, облека или книга си има свој "дом" каде што припаѓа, зошто уредувањето на собата треба да биде исклучиво нивна обврска, а секое одбивање дека не значи дека вие сте тие кои што би требало да ја преземете оваа обврска.

Децата разбираат, брзо учат, и имаат милиони прашања за кои што не секогаш имаме одговор, но, дисциплината од најрана возраст претставува одличен патоказ за нивниот развој и градење на карактер и во иднина.

Се разбира, и вие треба да работите кон тоа подобро да ги организирате предметите кои што се наоѓаат во домот, бидејќи децата се одлика на родителите, впиваат и пресликуваат сето она што го правите и вие.


За крај, Пазар3 ве советува да имате трпение, но, и да се придржувате кон нашите совети бидејќи нашата цел е секогаш да ви олесниме било како во животот, па затоа, воспоставете ги овие совети во пракса и почувствувајте ја разликата во следниот период!

Следете ги нашите статии и во иднина, бидејќи во нив ќе  ви откриеме и ќе можете да прочитате најразлични совети и решенија од најразлична тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации