Откако корона кризата го опфати светот, а воедно и го промени целиот начин на живот кој што го познававме, таа директно допринесе и кон несигурност кај луѓето дали навистина во моментов е подобро да се штеди или пак да се инвестира.
Имајќи го ова комплексно прашање предвид, Пазар3 се одлучи во оваа статија од информативен карактер да Ви понуди информации кои би ви помогнале да се одлучите која варијанта е подобра за време на пандемијата.
Првата работа која што треба да ја "расчистите" е дали вашиот моментален буџет може да ги задоволи вашите трошоци во текот на месецот, и дали можете да издвоите барем 20% од целокупниот буџет во вид на штедење.
Штедењето е секогаш добра идеја, впрочем, оваа практика не е наменета конкретно само за време на пандемијата, туку и предходно, кога се беше нормално, бидејќи колку што повеќе имате заштедено, толку ќе Ви бидат поголеми опциите за инвестирање.
На некој начин, штедењето и инвестирањето одат "рака под рака", а тоа е и сосема нормално, впрочем, тоа е далеку подобра варијанта отколку да земете кредит кој што би го исплаќале долго време без предходно да имате нешто "настрана".
Во секој случај, во оваа статија, ќе прочитате 5 ефикасни совети кои ќе Ви помогнат подобро да го менаџирате буџетот, со цел да бидете подготвени за добри но и за тешки денови и за услови вон пандемијата.
Доколку размислувате за инвестирање за време на пандемијата, тогаш не избрзувајте, и размислете во што точно би сакале да инвестирате, и како вашата инвестиција би ви донела профит, бидејќи тоа е клучно за да не направите грешка која што ќе ве чини скапо во овие несигурни времиња.
За волја на вистината, изборот е голем, но, според нас најбезбедно е да инвестирате во недвижности како куќи и вили, станови, викендици, деловни простории, бидејќи цената флуктуира а вие би можеле и за пониска цена да откупите некоја недвижнина на која што подоцна би и растела цената.
Тука ќе можете да прочитате многу повеќе околу инвестирање во недвижнини за време на ковид кризата.
Покрај ова, голем број на луѓе се одлучуваат за инвестирање и во крипто валути, но и во акции кои се идеално решение за секој оној кој што сака да има свој удел во некоја фирма кој што на пасивен начин ќе му обезбеди добивка.
Штедењето во никој случај не ризично, но, она што навистина е, е токму инвестирањето, па доколку се одлучивте за оваа варијанта, тогаш направете пресметка дали заштедената сума на пари е доволна за она што сакате да го инвестирате, дали имате потреба од кредит, и најважниот дел - дали работата во моментов ви е сигурна, или пак се соочувате со проблеми.
Најлошото нешто што може да Ви се случи е да останете без работа, а во истовреме, да немате никаква заштеда, а да бидете приморани да плаќате рати за кредити.
Позитивната работа во сето ова е тоа што живееме во доба на интернет и на информации кои ќе Ви бидат од неверојатна корист, без разлика дали планирате да штедите или инвестирате додека трае пандемијата, па затоа, секогаш бидете во тек со се!
Иако никој не може да предвиди кога ќе заврши пандемијата, сепак, како и се во животот, постојат позитивни работи но и негативни работи кои можат да Ви се случат особено при инвестирање, па затоа, најдобро би било сиве овие работи да Ви ги откриеме.
Иако дебатата за дали да се вакцинирате или не е комплексна и голема, сепак, постојат позитивни предвидувања дека тие ќе бидат клучот за постепено враќање во нормала, а тоа се одлични вести за тие кои што планираат да инвестираат.
Имено, колку што порано инвестирате, толку поголем би Ви бил профитот во иднина, откако се ќе се нормализира.
Цените на акциите, и недвижностите се во голема мера и намалени поради несигурноста на пазарот која ја чувствува секоједен од нас, но и поради рецесијата, па, доколку имате заштедено повеќе од доволно, тогаш ова е вистинскиот момент кој што можете да го искористите со цел да добиете поголем профит или да одберете недвижен имот кој што подоцна би чинел поскапо.
Се е поголем бројот на банки кои што нудат навистина поволни услови за кредити кои што можат да ви бидат од корист доколку сакате да го надополните буџетот за да инвестирате, а овој тренд веќе го има опфатено целиот свет, па така, воопшто не е мал на бројот на луѓе кои сепак се одлучуваат да инвестираат за време на пандемијата.
Британската варијанта на Ковид, јужноафриканскиот се на повидок, а тие се во голема мера и веќе инфилтрирани во сите земји, а импактот е несомнено негативен, бидејќи економијата во земјите не може никако да заздрави, особено оние кои што веќе имаат мал буџет.
Поради тоа, голем број од луѓето остануваат без работа, што и сосема би требало да ве загрижи доколку работното место ви е во една од најмногу погодените индустрии во моментот.
Мерките за заштита од ковид 19 се за општото добро, а тоа не е воопшто лошо, но, сепак, тие влијаат негативно и врз менталното здравје на луѓето кое што ги прави да бидат депресивни, анксиозни, па дури и да се плашат за својот живот.
Ова е можеби и најголемата причина поради која луѓето најчесто одбегнуваат да инвестираат, па се одлучуваат за штедење.
Ковид кризата несомнено е и главниот причинител за неизвесноста со која се соочуваме секојдневно, бидејќи речиси и да нема човек чиј планови се во голема мера реализирани поради сето ова што ни се случува.
Неизвесноста и турбуленциите кои постојат уште од крајот на 2019 ви даваат големо право да размислите и да се стремите кон штедење наспроти инвестирање, па така, вие имајте ја последната одлука бидејќи вие најдобро знаете што е најдобро за вас во овој момент.
Се надеваме дека овие информации ви беа корисни, и дека на било каков начин ви помогнаа да ја решите дилемата која гласи како и самиот наслов - Дали да штедите или инвестирате за време на корона кризата?
Во секој случај, Пазара3 Ве охрабрува секогаш да се стремите кон штедење, но, и да не ги оттргнувате вашите намери од инвестирање доколку можете да си дозволите или ипак имате некој план кој што ќе ви донесе поголем профит!
Пораки
Информации за корисникот