Успешното огласување на Пазар3.мк, без разлика дали станува збор за нови или половни продукти, или огласување на услуги, зависи од квалитетот на огласот. За подобро да објасниме што значи квалитетен оглас, истиот го поделивме на неколку компоненти, и ги прашавме нашите долгогодишни корисници што е најважно за квалитетен и успешен оглас. Четирите компоненти на еден оглас се насловот на огласот, фотографиите, описот, и цената.
Постојат многу начини на кој може да се формулира еден оглас, но оглас без слика и со краток опис со сигурност не е патот до успешно огласување. Истиот продукт или услуга, во зависност од начин на кој е претставен пред публиката може да се продаде побрзо или побавно. Огласувачите кои продаваат на Пазар3.мк истакнуваат дека фотографиите се најзначаен елемент кај еден оглас, кој најмногу влијае врз успехот на огласот. Исто така купувачите сметаат дека добрите фотографии bet365 се пресудни при одлуката дали да се заинтересираат за еден или друг сличен оглас.
Следен фактор, на листата на нашите корисници е цената. Одредувањето на реална цена, која е блиску до вистинската вредност на огласениот производ и не отскокнува значително од цените на сличните такви огласи, е следно на листата на најзначајни фактори кои го дефинираат успехот на еден оглас.
Како изгледаат "добри фотографии" и како треба да изгледа еден добар оглас, споделуваме со вас во продолжение. Погледнете ги следниве совети кои со нас ги споделуваат нашите долгогодишни успешни огласувачи и корисници на Пазар3.мк.
- автентични фотографии кои се сликани лично од огласувачот, а не фотографии кои се преземeни од интернет
- што повеќе фотографии на кои се гледа производот од сите страни, на кои може да се забележат сите детали, bet at home сите предности но и недостатоци на огласуваниот продукт
- квалитетни фотографии направени на добро светло, кои не се матни и можат да се зумираат без да им се изгуби квалитетот
- краток и јасен наслов на кој веднаш се гледа за каков производ се работи
- наслов кој содржи зборови кои купувачот би ги употребил при пребарување на огласениот продукт онлајн
- наслов кој го содржи точниот назив на моделот и брендот на производот, и не содржи непотребни зборови како ИТНО, ИТНО, или НОВО, НОВО
- уредно форматиран и граматички точен опис укажува на сериозен и доверлив огласувач
- детален опис кој јасно укажува на карактеристиките на производот, недостатоците, предностите, техничките спецификации и сите информации кои можат да влијаат врз одлуката на купување
- описот да биде соодветен за производот, да не се користи текст копиран од друг сајт или шаблонски текст кој се користи за повеќе огласи
Искуството покажува дека добро формулираниот и комплетен оглас создава доверба кај заинтересираните купувачи. Добар оглас всушност значи доверба дека огласениот производ е онаков каков што е прикажан низ фотографиите и описот. Наслов кој кратко и јасно укажува за каков производ се работи, детален опис кој содржи се она што би го интересирало потенцијалниот купувач, и слики на кои јасно се гледа во каква состојба е огласуваниот производ, укажува на тоа дека огласувачот се потрудил, а тоа позитивно влијае врз заинтересираниот купувач.
За крај, потрудете се да изберете одлична почетна слика и наслов на оглас кој дефинитивно се разликува од останатите и го привлекува вниманието. На тој начин со сигурност вашиот оглас ќе биде прегледан од најголем број на корисници на Пазар3.мк
Пораки
Информации за корисникот