Ако ова е прв пат да се најдете во процес наречен продажба на стан, веројатно и не знаете колку долго тоа може да трае и колку е тоа сложен процес. Дури и ако имате искуство и веќе се занимававте со продажба на недвижнини, совети за помош со кои продажбатa на стан ќе се одвива побрзо, поефикасно и оптимално се секогаш добредојдени.
Истражувајќи недвижен имот и создавајќи посебно место каде што може да се огласува продажбата на стан на Pazar3.mk, дознавме што може да го забрза процесот на продажба на станови.
Подолу Ви покажуваме како да продавате стан на брз и ефикасен начин.
Продажбата на стан не е мал чекор, па затоа е исклучително важно да подготвите детален и темелен план. Најпрвин размислете внимателно дали сте сигурни дека сакате да го продадете станот.
Дали Ви е најважно брзо да го продадете станот, дали сакате да го направите тоа со што е можно повисока цена и дали сакате или имате време и ресурси да инвестирате во реновирање и опремување на Вашиот стан за да го продадете по повисока цена?
Сите овие се прашања на кои треба да одговорите за да подготвите детален план за продажба на стан. Временските рамки се исто така важна точка, така што во рамките на планот поставете си краен рок да го продадете Вашиот стан.
Откако ќе одлучите да го продадете станот, треба да обрнете внимание на правниот аспект на имотот и да ја подготвите потребната документација. На ова можете да заштедете време со ангажирање на правник или адвокат, кој може да Ви помогне и околу други процеси поврзани со продажба на стан, но можете и сами да го направите тоа.
Како прво, треба да се напомене дека Вие, како продавач на стан, мора да ја докажете својата сопственост на недвижен имот. Доказ за сопственост на стан е правно валидна документација. Документите мора да бидат оригинал и заверени на нотар.
Еве каква документација Ви е потребна за продажба на стан:
Документ за сопственост (Извод од списокот на недвижнини) - ако станот е регистриран
Комплетна документација, од првиот сопственик до тековниот сопственик, оригинални и заверени
Потврда за легализација - доколку станот не е регистриран
Договор за подарок / Решение за наследство / Договор за доживотно издржување
Договор за купопродажба
Кога станува збор за стан, продажбата е побрза кога станот е регистриран. Причината е многу едноставна - самиот збор „нерегистриран“ ги одвраќа клиентите, а покрај тоа - банките не даваат заеми за набавка на нерегистрирани станови, затоа Ве советуваме да го регистрирате станот ако сакате да го продадете што е можно побрзо и поефикасно.
Постојат неколку начини на кои можете да започнете со продажба на стан, двата најчести се: Вие или ќе го направите тоа сами или ќе изберете доверлива Агенција или агент за продажба на стан. Продажба на стан преку Агенција обично е побрзо отколку во сопствена режија, но во модерното време, каде рекламите преку Интернет се клучни за брзо наоѓање на клиенти, ова не треба да биде правило.
Pazar3.mk платформата Ви нуди простор за рекламирање каде многу брзо, лесно и ефикасно можете да поставите оглас за продажба на стан. Купувачите кои се заинтересирани за станови редовно ја посетуваат платформата во потрага по стан што сакаат да го купат, затоа ова е дефинитивно одличен начин да го продадете Вашиот стан брзо и ефикасно!
На платформата, секојдневно се објауваат огласи за проджба на станови во Скопје, како и станови во Битола, Охрид и други мали или поголеми градови во Македонија.
Квалитетни огласи за станови напишани на најдобар можен начин и квалитетно фотографирани, ќе влијаат да го продадете станот побрзо. Ве молиме наведете во огласот информации за: квадратура, адреса, цена, греење, број на простории, под, висина на таванот, мебел, година на градба, година на последно реновирање, паркинг, како и дополнителен простор на располагање.
Ако станот е скоро реновиран, веројатно нема ништо што можете да направите дополнително за да ја зголемите неговата цена. Ако тоа не е случај дури и едноставно молерисуваање потенцијално може да ја зголеми вредноста на имотот.
Се разбира, ако имате време и ресурси да го направите ова реновирањето е исто така нешто за што треба да размислите. Направите одлични фотографии од чист и уреден стан - ова ќе ги привлече купувачите кон огласите и многу ја зголемува брзината за продажба на станови.
Цената на имотот, се разбира, треба да се наведе во огласот. При дефинирање на цената на станови, треба да се направи истражување. Истражувајте станови на слични локации во постојните огласи, како и станови со слична големина и удобности.
Се разбира, секој стан е приказна за себе, и исто така постоењето на паркинг, или големината на балконот може да влијаат на цената на Вашиот имот. Сепак, на овај начин ја дознавате приближната вредност на Вашиот стан.
Ако ангажирате Агенција за недвижнини или агент, тие ќе направат најдобро да дознаете која е највисоката цена по која можете да го продадете Вашиот стан. Исто така, можете да ангажирате проценител на недвижнини за да ја одредите оптималната цена за продажба на станот, а потоа Ви издаде документ, кој може да послужи како добар додаток за рекламирање што ја оправдува наведената цена.
Кога станува збор за становите, продажбата е побрза кога цените се реални и кога нема големи отстапувања од пазарот. Подоцна, од Вас се очекува да преговарате за цена, планирајте веројатно да ја спуштите таа цена во преговорите. Веднаш наведете ја вредноста под која нема да го продадете станот - ова ќе Ви заштеди време во текот на следниот процес на преговори.
Заинтересираните купувачи ќе сакаат, иако ги имате обезбедено сите потребни информации во огкасот да го посети станот во живо. Ако не сте ангажирале агент, сметајте дека треба да бидете достапни за да ја отворите вратата на Вашиот стан пред потенцијалните купувачи, да го разгледаат станот. Бидете флексибилни, пријатни и спремни да преговарате.
Бидете подготвени да пронајдете купувач и да му го предадете клучот на станот. Процесот на продажба на стан не е завршен откако ќе го пронајдете купувачот. Неопходно е да се подготвите за склучување на Преддоговор за продажба (доколку е потребно), а потоа и Договор за продажба на недвижнини.
Адвокатот може да го забрза целиот процес на набавка и средување на потребната документација за Вас, на правно валиден начин. Договор за продажба на недвижноста мора да биде во форма на нотарски запис, за што е надлежен Нотар на чија службена територија се наоѓа предметниот договор.
Погледнете добро во Договорот, важно е да го разберете секој ред. Нека го стори тоа и купувачот. По потпишувањето на Договорот - Вашиот стан е продаден на најбрз и најефикасен начин!
Пораки
Информации за корисникот