Акумулаторите се едни од најважните делови на секое возило, без разлика дали станува збор за автомобили, камиони, или моторцикли, мопеди и сл, а грижата за нивната правилна работа треба да биде една од топ приоритетите кај сите возачи.
Поради тоа, Пазар3 се одлучи да ви понуди 7 одлични совети за одржување на акумулаторот на вашиот автомобил, се со цел да спречите потенцијални проблеми кои може да се јават, а со тоа, и да ги намалите сите фрустрации кои би се јавиле во случај на неправилно работење.
Имајќи го предвид фактот што вашата кола не е отпорна на прашина и нечистотија, истото важи и за акумулаторот кој што е позициониран под хаубата, место, кое што е подложно на појава на нечистотии и прашина.
Некогаш, кога возачите имаат потешкотии при стартување на возилото или пак чувствуваат дека нешто е погрешно со возилото, како главен причинител го сметаат слабиот акумулатор. Но, никогаш не им паѓа на памет дека тоа може да биде и нечистотијата.
За ваша информација, зголеменото ниво на прашина и нечистотија може да доведе кон тоа на терминалите да им биде попречена работата, а кон ова, може да има влијание и појавата на корозија.
Затоа, се што ќе ви биде потребно се едноставни алати - штрафцигер, жичана четка, маст за подмачкување.
Напомена: секогаш при чистење на акумулаторот се препорачува моторот да биде комплетно исклучен, а потоа, следниот чекор е да ги одвоите клемите од кои негативната треба да биде прва.
Откако ќе го сторите тоа, земете гланцпапир и исчитете ги клемите, а подоцна и присцврстете ги.
По чистењето, доколку забележите корозија, искористете ја жичаната четка и исчистете ги местата во кои има корозија.
Оваа проверка е од големо значење особено за време на летната сезона, бидејќи во овој период, поради горештините, испарувањето е доста поголемо отколку за време на пролетта, есента или зимата.
Во секој случај, имајте на ум дека течноста која што стои внатре во акумулаторот е мешавина на дестилирана вода и сулфурна киселина, па доколку треба да се надополни, ве советуваме да бидете внимателни.
Исто така, одлична аналогија за тоа како е да возите автомобил чиј што акумулатор нема доволно количество на течности во сите ќелии, е исто како да возите автомобил без моторно масло.
Затоа, внимавајте, и доколку не сте сигурни во нешто, посетете го најблискиот електричар кој што може да изврши проверка наместо вас.
Некогаш е подобро да го одврзете ќесето барем малку, за да подоцна, не бидете приморани да купите нови акумулатори.
Кога зборуваме за акумулатори, на Пазар3 ќе можете да пронајдете евтини акумулатори од најпознатите брендови како што се топла акумулатори, искра акумулатори, duracell акумулатори, акумулатори монбат, варта акумулатори и тн!
Една од најголемите грешки кои што возачите ги прават, и она кое што има најголемо негативно влијание врз долготрајноста и издржливоста на акумулаторите е што возачите честои забораваат да ги исклучат светлата откако ќе го напуштат возилото.
Ова му се има случено на секој еден од нас, но, во зависност колку долго е оставено возилото со вклучени светла, бидете сигурни дека за неколку часа акумулаторот сосема ќе се испразни.
А, најголемата грешка е да го испразните акумулаторот до крајот.
Исто така, немојте да практикувате пред да започне возилото со работа, да ги имате вклучено светлата, или пак да вклучите се што троши електрична енергија, бидејќи ова ќе остави негативни последици кај речиси сите акумулатори, без разлика колкава е нивната цена, бренд и тн.
Честопати возачите за време на зимскиот период влегуваат во возилото и возат навистина кратки релации мислејќи дека така акумулаторот ќе се "наполни" и ќе одговори на барањата на суровите температури.
Но, во суштина, тоа не е воопшто така бидејќи акумулаторот се полни кога возите долги релации, па така, бидете сигурни дека се останато е само еден мит.
Ако пак, не можете да имате подолги возења поради најразлични причини, тогаш барем сместете го автомобилот на топло, или паркирајте го во гаража наместо да стои надвор.
Во секој случај, само долгото возење е клуч за да акумулаторот не се соочи со драстичен пад во перформансот.
Најголемиот "убиец" на акумулаторот е кога возачите многу ретко ги возат своите автомобили, бидејќи ова му пркоси на начинот на кој што се полни акумулаторот.
Имено, препорачливо е да управувате со возилото минимум 20 минути во текот на неделата, но, како што и е очекувано, колку подолго возите толку подобро ќе го одржувате акумулаторот.
Всушност, најголемите грешки се прават за време на зимата каде што голем број на возачи поретко ги управуваат своите возила најмногу поради лошите услови на патиштата или несигурноста.
Златното правило вели дека акумулаторот треба да биде наполнет на 12.6 волти, бидејќи оваа волтажа е идеална за правилно функционирање на самиот акумулатор.
Се што е пониско до оваа волтажа значи дека перформансот на акумулаторот ќе почне рапидно да опаѓа, а со тоа и неговата издржливост, што значи дека нема да помине долго пред да бидете приморани да купиве нови акумулатори.
Затоа, одлично решение би било да ја проверувате состојбата на акумулаторот еднаш до два пати на секој 6 месеци, особено доколку забележите дека температурите одеднаш драстично опаднале.
Речиси и да не постои акумулатор кој што не вклучува одредена заштита, чија што корисност особено се истакнува за време на зимата кога температурите се ладни и сурови.
Во случај, опаковката да е оштетена, потрудете се да најдете достојна замена, бидејќи доколку го оставите акумулаторот не заштитен, тоа може да доведе до негов почеток на крајот ( на неговата функционалност).
Покрај ова, ризикувате и околу самиот акумулатор да се соберат големи количества на прашина и нечистотии, кои што подоцна би довеле и до комплетно корозирање на конекторите.
За крај, Пазар3 ве советува да ги практикувате овие совети во текот на целата година, и да се придржувате кон нив што е можно повеќе, бидејќи тоа е единствениот начин за да го одржувате квалитетот и долговечноста на вашите акумулатори на долг рок!
Исто така, ве охрабруваме да ја погледнете нашата понуда на акумулатори во случај да ви е потребна, бидејќи на нашиот сајт ќе можете да пронајдете најдобри акумулатори и тоа по најдостапни цени!
Пораки
Информации за корисникот