Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

5 models of used cars with the highest maintenance cost


5 модели на половни автомобили со скапи поправки


Купувањето на половни автомобили е многу логична и исплатлива инвестиција за секој возач, бидејќи вие добивате автомобил за далеку поевтина цена од онаа која што би требало да ја платите доколку истиот го купите нов од авто салон.

При купување на половен автомобил ве советуваме да размислите и колкава е нивната цена за одржување, какви ќе бидат месечните и годишните трошоци за да правилно го одржувате вашето возило, но, и да ги санирате потенцијалните штети?

Во ова статија, ќе прочитате 5 модели на половни автомобили и брендови кои се издвојуваат од останатите по реално поскапите поправки, а тоа не значи дека не добивате за возврат уникатен комфор, како и пријатно и безбедно возење.


Alfa Romeo

Alfa Romeo е едно од најзвучните имиња во авто-спортот, а воедно и во автомобилската индустрија, која што во своето постоење произведила дури 100 модели, од кои голем дел се достапни и во денешно време.

Во секој случај, несомнено е дека Alfa Romeo произведува одлични автомобили кои можат да му понудат на сопственикот вистински комодитет, прекрасно дизајнирана кабина која што е резултат на типичниот, италијански стил, и се разбира, извонредно возачко искуство по асфалтот.

Впрочем, поради овие предности, постои итн "суб култура" во која припаѓаат илјадници обожаватели на овие возила кои што се познати како "Alfisti".

Но, покрај позитивните страни, моделите на Alfa Romeo како што се alfa romeo 159, alfa romeo 147, alfa romeo giulietta, alfa romeo brera, alfa romeo mito, ги "бие" и лош глас поради големата потрошувачка на гориво и цените за поправки.

Се разбира, во ова голем удел би имало и начинот на кој што управувате со возилата, па така, во пракса ова не мора да биде и некое правило, бидејќи и во случај на штета, цената најмногу зависи од тоа колку е автомобилот оштетен.


BMW

Имајќи го предвид фактот што BMW автомобилите спаѓаат во категоријата на "луксузни автомобили", цените за одржување и поправки се во голема мера високи, а тоа е и сосема очекувано.

Зошто? Бидејќи без разлика дали одбирате нови автомобили или пак половни автомобили од овој бренд, вашето возачко искуство ќе биде уникатно, исполнето со огромна контрола на патиштата, луксузни седишта, прекрасно уреден ентериер но и екстериер!

Имено, постојат многубројни анализи на пазарот кои што покажуваат на тоа дека BMW 3-Series се одвојуваат од останатите серии малку повеќе во поглед на цената за одржувањето и за поправките, па така, во просек, би ви биле потребни околу 1000 евра - 1700 евра за одржување во текот на една година.

Тука спаѓа и цената за најразлични авто делови, технички преглед и сервис, па се до резервни делови за кои што би требало да почекате или да подготвите малку поголем буџет.

Се разбира, цените би можеле да варираат и подоле и погоре во зависност од моделот, но, она што во голема мера е заедничко за секоj нов или користен автомобил чиј производител е BMW се трошоците.

Mercedes-Benz

Автомобилите на Mercedes-Benz спаѓаат во луксузната класа на автомобили, а тоа уште од самиот старт значи дека како сопственик на Mercedes половни возила, вашата предност би била исклучиво само во инстантната цена која што ја плаќате за купување на автомобилот.

Трошоците пак, од друга страна, се нешто друго, односно вашиот буџет би требало да биде по подготвен бидејќи не секој возач може да си приушти возило од оваа класа.

Па така, на пример, доколку одберете модели од A и C - класата, трошоците би биле пониски, но сепак, за нијанса поскапи од некои од моделите од останатите брендови на пазарот.

Како автомобили со најскапи поправки се издвојуваaт припадниците на  Mercedes-Benz AMG серијата кои во зависност од моделот, би ве чинеле до 21,868 евра за 5 години возење (поправки, промена на делови, потрошувачка и сл).


Audi

Audi е уште еден претставник од германските производители на автомобили чиј што модели се познати на јавноста по одличниот перформанс, фантастичен изглед и по можноста да наидете многубројни половни автомобили кои би биле прикладни за вашиот буџет.

Но, како и што очекувате, не секој автомобил на Audi е евтин за поправка или пак за одржување, па така, можете да очекувате дека Q - линијата на SUV возила е навистина скапа за поправки.

На пример, ако се одлучите за Audi Q3, во рок од 10 години би платиле 11,957 евра на поправки и одржување, што е околу 32.3% од износот кој би требало да го платите во случај на купување на ново возило.

Кога зборуваме за Audi Q3 не се залажувајте со тоа дека цената би била речиси половина во споредба со онаа која би требало да ја плaтите за користен Audi Q7.

Зошто? Бидејќи оригинални германски делови се поскапи, а тоа е и сосема нормално имајќи го предвид нивниот квалитет.


Kia Soul

Kia Soul е фантастичен, компактен SUV crossover кој што за прв пат и бил презентиран на јавноста во 2008 година, а оттогаш, Kia не го запрела производството се до денеска. Па, на што се должи тоа?

Овој crossover се здобил со голема популарност поради квалитетните безбедносните системи, но, и поради брзината иако на прв поглед не би ни сонувале дека овој SUV е толку брз.

Но, кога станува збор за деловите, и за поправките, Kia Soul можеби нема да бара од вас чести поправки и замена на делови, но, кога времето ќе пристигне, бидете спремни да го "одврзете ќесето" малку повеќе.

Според некои анализи, Kia Soul би ве чинела 6896 евра за 10 години, што ја прави само за 0.38% поевтина од некои од моделите кои што спаѓаат во оваа категорија на crossover возила.

Во секој случај, предностите кои може да ви ги понуди ова возило треба да ве натераат навистина да почнете да размислувате за купување, па дури иако би биле приморани да плаќате поголеми цени за поправки.


Hyundai Accent

Можеби и сте изненадени што Hyundai Accent се најде во оваа листа, имајќи го предвид фактот што Hyundai важи за еден од најдобрите брендови на пазарот кој што се истакнува со голем број на модели кои ќе ви ветат сигурност, квалитетно возење и економична потрошувачка, како во поглед на горивото така и во поглед на поправките.

Но, сега ќе добиете и објаснување зошто Hyundai Accent всушност и се пронајде во нашата листа, а тоа не ја вклучува само цената на деловите.

Работата е следна - Hyundai Accent можете да ја пронајдете во половна состојба и тоа по навистина прифатливи цени, но, она со кое би се соочиле би било губење на цената до 50% за 5 години, што во светски рамки е навистина многу.

Во Македонија, тоа не е некој голем проблем бидејќи постои огромен број на возачи кои што возат постари автомобили и не се во можност да одберат нови и помодерни.

Исто така, според проценките на експертите, возачите на Hyundai Accent ќе изгубат околу 1/3 од цената на целиот автомобил (доколку го купите нов) во рок од 10 години, бидејќи во овој период, би платиле околу 5786 евра само на поправки и делови.

Се разбира, ова може да варира во пракса, доколку редовно го сервисирате возилото, се грижите и го посветувате неопходното внимание.


За крај, би сакале да ве информираме дека гореспоменатите модели се само мал дел од големиот број на половни автомобили на пазарот кои ќе ве чинат скапо за одржување но и за поправки.

Затоа, имајте на ум дека за да вашите автомобили бидат економични потребно е редовно да ги одржувате бидејќи колку што повеќе одлагате, толку поскапо ќе ве чини севкупната поправка на крај!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации